Sakam da prasam dali nekoj cuva macka vo stan? Jas bi sakala macka no kakov zivot ke bide za samoto mace neznam samo zatvoreno da bide I da ne izlegva nadvor, nekako mi e.grev poradi toa da zemam, vie sto mislite? Inace eptem sum na 5ti kat na 1vi ke izlegva nadvor ama na 5ti neznam.
Шест години во зграда чувам мачорче, и супер прилагоден е. Се навикнуваат мачките, бидејќи се територијални суштества. Редовна убава храна, еден фурминатор за чешлање и отстранување вишок влакна од неговото крзно, ампули против паразити на секои три месеци и песок ќе ти бидат топ неопходните ствари за набавка пред да го земеш мачето на чување. Легенчето со песок за нужда може да стои на балкон за да не мириса и со лопатче ќе му го чистиш изметот после секоја втора - трета нужда. Единствена грижа може да ти биде да не падне од петти спрат долу, тоа е опасно. И во период на парење да го кастрирате со време за да не ви избега од врата. Ако имаш некое прашање плус слободно пиши, тука сум.
Мачка,помили ми се од кучињата.И синко е на мене плукнат сака повеќе мачиња Кога види маче обавезно проба да го гушне и да го баци...кучиња сака да гали,ама е воздржан и не им приоѓа слободно.
Не сум чувала мачка, ама според типот од емисијата "My cat from hell", како дресер за мачки е, домашните мачки не треба да се пуштаат надвор воопшто, немаат потреба од тоа се додека дома имаат свој простор. Гледај некоја епизода ќе видиш. Јас лично сум кучкарка. Две кучиња чувавме во двор кога бев дете, сега имам едно во стан. Не дека не сакам мачки, баш ми се мили ако сакаат да се галат, ама никогаш не ми паднало на памет да чувам мачка. Едноставно кучето е баш најдобриот пријател на човекот.
Јас цел живот чувам мачки у стан. Единствена конекција со надворешноста е балконот. Мачка и не треба да е надвор, лесен плен се за птици грабливки, кучиња, несовесни возачи итн. Тие можат да си бидат среќни и внатре ако и овозможиш се. Исто така имаш и раси кои што воопшто и самите не сакаат да се надвор, како на пример персиските. Толку се пипливи и мрзливи и си седат дома, но имаш и бенгалска што е хиперактивна, сака да лови и ќе треба да и овозможиш ментална стимулација.
6 год во стан, хиперактивно маче додека беше мало, но одлично се прилагоди, а потоа се смири. Цело време е дома и само повремено излегува на тераса. Јаде сува храна којашто секогаш и’ стои на едно исто место, исто како и кутијата со песок. Од прв ден си научи каде е песокот, а за јадење, самата си јаде, кога сака и колку сака, бидејќи постојано има храна. Сака свежа вода. Мислам дека нема полесно од маче за чување. Да си земеш и да си уживате заедно.