Мопс ^ Само треба да знаеш дека мопсовите се митарат и смрдат. Имаат проблеми со дишењето но воглавно се лесна раса за чување.
Јас имам мешанче од пинч и пекинезер,старо 2 месеци. И досега 2 пати му давав апченце за глисти,а пред 3 дена го вакцинирав,му ставија Puppy-P вакцина,за 20тина дена,ќе одам на ревакцина. Му купив специјално шампонче,кога си го земав ми рекоа да не го бањам дур не го вакцинирам. А ветеринарот ми рече после 5 дена од вакцината да го бањам. И сега сум во дилема. И забите не сум му ги миела никогаш,сега читам дека требало. Па да му ги мијам ли? И,да избегавам масна храна,нормално,ама чат пат,пример еднаш неделно,или 2 пати му давам лебче со манџа или,еве вчера му давав пире. Инаку го хранам со грицки и јогурт (преголеми му се,и не ги јаде суви,помали неможев да најдам) и понекогаш му давам лебче со јогурт,или мешано,и лебче и грицки со јогурт. Слушам,некои ги хранеле и со конзерви,па да почнам и јас или добра му е исхраната? Плус,пораснавме сега. И,смеам ли да го пуштам да оде кога шеткаме? Ми рекоа дур не го вакцинирам да не го пуштам никако.
Давај му педигри коски за џвакање. Што да се мачиш со четкање заби. Мешај му ја конзерва и дехидрирана храна. Прво тренирај го дома да те следи, после во парк носи го на поводник и пушти го да шета околу. На 3 месеци можеш да го изнесуваш надвор. Слушај го ветеринарот, мислам дека и газдите мислеле да го бањаш по 5 дена, а и јас така препорачувам. Плус, по шетање немораш да го бањаш ако не се извалкало многу, само помини го со влажно марамче и готова работа.
Феминки, дали некоја од вас знае како да се набави кученце? Јас сакам да земам папилон и пратив порака на Купи миленик, но уште не ми одговорија. Да не знаете некој што увезува кучиња од квалитетна одгледувачница и сакам да го знам името на одгледувачницата исто и локацијата. Сонувам да ја имам расава. Ве молам кажете ми... Фала од напред.
Па ај да ти кажам вака. И јас ги барав од купимиленик за да набавка на раса,на профилот на купимиленик,никој не ми одговори,нити на сајтот каде што е делот за нарачка на миленик.Но имаш број,јави и се и сигурно ќе ти кажам убаво. Или пак,контактирај го Стефан,на профилот на фејзбук,ако сакаш еве јас ќе се потрудам да добијам информација за расата.
Fala mnogu! Bi sakala dami dadesh link od fb na Stefan. Jas ke go kontaktiram i drugo fala ti pak. Nemozam da pisuvam na kitiliva zosto sum od telefon...
Значи имало потреба од конзерви.Фала ти. Инаку мислев дали има врска,треба ли прво да се заврши со одреден број на вакцини или нема врска,за да ја пуштам сама да се шетка? За следење,нема проблем,си се следиме,приврзани сме си ептен.
Девојки пред некој ден си земав кученце. Е сега малку е поголемко, 5 месеци има, јас го вдомив, не го купив. Таму во многу лоши услови е чувано и има болви, а ми рекоа дека е прочистено. Како и да е, го чуваме внатре и гледам го чеша се нервира. Како да се спасиме од болвите, некои ампули нешто, било што? За пари не е проблем, не ме интересира колку чини, само да е ефикасно. Оно има многу долго влакно да напоменам, ако тоа значи
Имаш шампон против болви и крлежи,имаш разни средства за напрскување за болви и крлежи,побарај во ветеринарна ќе ти дадат и ќе ти кажат како се употребуваат. А за понатаум,ставај му ампула на секој 3 месеци,исто имаш и ампули во ветеринарните аптеки и според килажата ќе му кажеш на ветеринарот колку килограми е кучето и според тоа ќе ти дадат соодветна на тежината на кучето.
Добро, но претпоставувам има повеќе видови вакви работи. Некои поефикасни некои па помалку. Што е најефикасно и најбрзо, имаш ли некое искуство со ова, да препорачаш нешто? Многу ми е битно ова.
Па за ампули знам дека најквалитетни досега ми се покажаја Протектор,сега земав едни други,ама не сум ги пробала сеуште. А за овие средствава незнам,зошто не сум ни пробала,никгаш немало болви,па не сум имала потреба. Појди на ветеринар и прашај ветеринарите,кое ќе ти препорачаат,искрено немам искуство со тие средства. Тетка ми имаше некој прашок,ќе ја прашам па ќе ти пишам како се вика.
Протекторот е доста ефикасен. Се нанесува на 'рбетот на кученцето. Ќе си почнеш одозгора, па надолу до кај опашката. Протекторот има дејство за 6 месеци. Сепак појди во ветеринарна аптека и прашај ги што е најефикасно.
Денес почнав да плачам од случкава.. Со Моли има уште едно домашно куче и се вика Хачико, (Хачи) и се враќам од школо со сестра ми, се разбира тие ме следат, бест френдс форевер се и секгаш се заедно, и во лошо и во добро. Но, кога стигнавме пред тинекс зебра, се сретнаа со уште едно машко куче, (Белчо) и јас навреме го кренав за да не се здават. А, јас сум им алфа на кучињата што ги познавам и се што ми е во раце несмеат да го земат. Го одесов од другата страна и се вратив по Белчо. Го искарав малку, но и му се извинив што му дошло друго куче во територијата. Помислив дека е крај, но залудно! Белчо истрчал од другата страна на улицата и почнал да го дави Хачи! Ги разделија да се повредат и Белчо се тргна на страна. Хачи беше со крв на едното окце, и на увото и левата нога беше каснат. Неможев да ги воздржам солзите, од малечок го познавам и одсекогаш сум си го сакала. Го кренав во раце, и колку и да ми беше тежок, издржував. (Сега имам воспаление на мускулите од рацете и едвај го куцам текстов) Го однесов во куќата каде што живее и го намачкаа со кремче на ранетите места. Помило машко куче не сум видела, сите што сум ги познавала биле агресивни кон другите или недруштвени. Но, хачи, тој е посебен... Ме чека после часови, ме брани од другите (иако нема потреба од тоа) и тн. Денес пред да се степа му се изнаржа на другар ми, мислеше дека не е добар. Како да не се плаче ако го знаеш од мало, тоа е исто како да е твое, нели? Просто си го обожавам!
Форумџики, имам еден проблем со моето куче. Многу почна да и паѓа крзното, си мислев дека е период ама многу долго трае. Почнав со витамини веќе пола месец ама нема многу резултати. Ве молам за помош доколку сте имале искуство.