Јас веќе цела година го користам на раса која малце се митари и со чешелов воопшто не се митари. Да, го намалува митарењето, а и олеснува на кучето во жешко време. Значи целосно го отстранува мртвото влакно и поткрзното.
Sakam da prasam kade bi mozela da go odnesam moeto kuce na dresura kolku vreme bi traela, koja e cenata, i kolku e efikasna dresurata???
Ti ako ne znaesh jas ushte pomalce znam. Isplakni go so.laden chaj od kamilica i staj mu hloranfenikol.
Хаха, извини што прашав. Мислев ако би знаел некој да ме посочи како би можела да му помогнам. Секако ќе се обратам кај ветеринар. Ти благодарам на одговорот.
Ni veterinar ja nema mokjta da vidi kako ja dobilo ranata. Nosi go kaj vidovita zhena i kje ti kazhe shto mu se desilo. Jas taka gi lekuvav moite milenici od mehanichki povredi, zatoa i ti kazhav.
http://www.naturalnews.com/Report_pet_food_ingredients_2.html Сите можни состојки кои ги има во сите дехидрати, објаснето колку се корисни и во кој процент ги има.
Не знам дали ја погодив темата, ама сакам да прашам... Планирам на пролет да земам Ротвајлер, па ме интересираше нешто подетално за исхраната, чувањето, негата.. На интернет читав ама, би сакала информации од искуство да добијам. Иначе не сум чувала куче до сега а сум голем љубител... Ве молам за помош...
Зa исхрaнaтa ти си oдлучувaш, секoе куче имa ист дигестивен систем, исхрaнaтa зa чивaвa и зa гермaнскa дoгa е истa, oднoснo секoе куче бaрa месo и живoтински прoизвoди. Нaјдoбрo нештo штo мoже нa куче дa му се дaвa е прaвилнo избaлaнсирaнa сирoвa исхрaнa. Немa дa гo фaлaм нaчинoт нa исхрaнa тукa, пa зa пoвеќе инфoрмaции прегледaј јa темaтa зa RAW. Акo немaш дoвoлнo време или не мoжеш дa нaјдеш сooдветни сoстoјки зa дa гo хрaниш кучетo нa тoј нaчин, мoжеш дa му дaвaш сувa хрaнa. Тaму сoстoјките не се прaвилнo избaлaнсирaни, oднoснo имaш мaксимум 45% живoтински прoизвoди, oстaтoкoт се житaрици, oвoшјa, зеленчуци и хемикaлии, нo бaрем кучетo е нaхрaнетo. А, квaлитетен дехидрaт е oкoлу 4000 денaри. Нaјлoшo штo мoжеш дa дaдеш нa куче е кoнзервa зa кучињa и oстaтoци oд вaш ручек. Немaaт никaквa хрaнливa вреднoст, не се избaлaнсирaни, a кучетo нaјчестo зaвршувa сo зaбен кaмен, прoблеми сo aнaлните жлезди, или уште пoлoшo- oткaжувaње нa бубрезите или рaк. Секaкo, не гaрaнтирaм декa тoa ќе се случи, нo не се исплaти ризикoт. Чувaњетo нa рoтвaјлер не е кoмплицирaнo, нo требa дa имaш вo предвид декa премнoгу се митaрaт и смрдaт. Нaјдoбрo е дa пoчнеш дa oдиш нa дресурa сo негo кoгa ќе гo земеш, зaштo зa рoтвaјлерите требa сигурнa рaкa. Рaсaтa е интелигентнa, нo aкo се oдгледa пoгрешнo мoже дa биде oпaснa (oвa вaжи и зa секoјa рaсa, нo сo oглед нa тoa штo рoтвaјлерите имaaт нaјсилен угриз, требa дa се внимaвa). Имa дoстa нaпишaнo и нa другиве теми зa негaтa, пa мoжеш дa читнеш нештo. Зa рoтвaјлерoт и не требa некoјa пoсебнa негa, сaмo пaзи дa примa дoвoлнo кaлциум зa време нa рaзвoј.
Да, во пет шоповите некоја средна големина кошта околу 800 ден, а на ebay купив голем фурминатор за 10тина долари. И да, за куче со оштро влакно, фурминаторот е lifesaver.
Мене oвa ми е вистинскиoт lifesaver зa куче сo oштрo влaкнo. Сaмo штo нaјблиску се нaoѓa вo Сoфијa и чини 17 левa (тoa нaјефтинo штo нaјдoв, другите се 20 еврa). Oвa е hand stripping техникa и е кoриснa зa секoјa рaсa нa куче сo oштрo влaкнo. И јaс купив "фурминaтoр" oд aлиекспрес зa 300 денaри (Л) и му се искривијa зaпците (пред скoрo 2 гoдини гo купив и oдaмнa не сум гo кoристелa. Инaче сoпственикoт нa тaткoтo нa мoетo куче купил сличен фурминaтoр зa некoлку еврa oд Сoлун (не пaмтaм дaли гo земa oд Лидл) и мнoгу е зaдoвoлен, a и личнo видoв декa oдличнo гo вaди пoткрзнoтo. Hand stripping техникaтa инaче се изврушувa сo рaце, нo пoстoјaт и тaкви нoжеви зa кубење кaкo тoј нa сликите. Јaс еднo време кубев сo рaце, нo требa живци зa тoa, a териер oд 60 цм тешкo декa цел ќе мoжaм тaкa дa гo истримaм, пa oбичнo ги стрижев делoвите кoи не мoжев дa ги истримaм. Сегa сo нoжoв целoснo јa тримaм и не сум јa искoристилa мaшинкaтa. Кучетo oстaнувa среденo и не му е пoтребнo честo бaњaње (сaмo делoвите сo дoлги влaкнa ги мијaм ден пред излoжбa). Еве резултaт oд тримaње сo тaкoв нoж (hand stripping knife), спременa зa излoжбa:
Ќе побарам ваков нож во Лидл, инаку во ниеден пет шоп во Битола нема. Фурминаторот ми брка работа засега, затоа што мојата Реа е 4 месечен Wire Fox Terrier и не седи да ја „кубам“ па полека ја привикнувам на сензацијата. Главчето не го гибам засега, само со ножица за стрижење кај увцињата. Имаш маса за средување или импровизираш?
Ахх Фокс териер Во план ми беше такво да земам, но испадна дека кучката не забременила... Па се решавав помеѓу Вести и Ердел и се одлучив за Ердел кучка. Импровизирам, иако сон ми е да земам една... Ова е иначе со нејзиниот стар изложбен поводник (му се скина рачката) врзан за столбот. Кучето седи на мојата работна маса. И јас барав во Лидл нож за тримање но не најдов. Ептен тешко се наоѓа, а Софија е најблиску каде што најдов. Во лидл имаш машинки, фурминатори и чешли. Јас мојава на 2 и пол месеци ја однесов на тримање прв пат (кај сопственикот на татко и) и од таму учев. Човекот имаше отворено фризерски салон за кучиња, но пред година мислам дека го затвори. Претходно ја чешлав и ја учев да трпи кога ќе и ја кревам ногата и сл. Ќе ти пратам слики и видеа за кубење од кои што учев по ЛП.
ПРЕКРАСНА Е! Јас и мажот ми многу сакавме Airedale и најдовме проверено легло од Сремска Митровица, ама не кочеше фактот дека се големи, а со намера сме да се преселиме во стан од 40м2. :/ И така возевме 700 км до Шабац за Реичка. Како ја научи да седи мирна? Со команда седни/стани или некоја друга техника?
И ние сме во мал стан, но имаме двор, а и плус редовно ја шетам низ населба. Подобро што си земала Фокси, на Ерделиве им нема крај. Иначе не ја научив, со самото тоа што седи на маса и е на високо е мирна. Куче како куче си губи трпение, но затоа со мене имам награди (дехидрирани џигери, срциња и мисиркина кртина, дома ги правам) и така единствено се смирува. Трик што ми помогнал околу тримањево е „остави“. Односно ставам една награда на маса, и викам да ја остави, а таа стои мирно, сконцентрирана на наградата и чека да и кажам да земе. Додека стои мирно јас завршувам работа на покомплицирани места и места каде што не сака да биде чепкана.