1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Кучиња - сè што треба да се знае за нив

Дискусија во 'Дом' започната од Butterfly-Girl, 23 март 2013.

  1. Cosmi

    Cosmi Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 февруари 2012
    Пораки:
    9.042
    Допаѓања:
    87.184
    Пол:
    Женски
    За во стан се идеални малтезер,бишон,тој пудла,не пуштаат влакна воопшто,несе митарат бидејки немаат подвлакно,и не мирисаат,хипоалергени се.
    Јас имам малтезер женка и тој пудла машко ,па би ти препорачала едно од овие две раси.Мали кучиња се,за во стан идеални.
    Околу 250 еур чини малтезер.
     
    На Feminka22 му/ѝ се допаѓа ова.
  2. Feminka22

    Feminka22 Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 декември 2014
    Пораки:
    15.996
    Допаѓања:
    48.806
    Пол:
    Женски
    Фала ти.
     
  3. Rosecan

    Rosecan Нов член

    Се зачлени на:
    14 декември 2018
    Пораки:
    5
    Допаѓања:
    1
    Пол:
    Женски
    Живеам сама, и до сега работниот однос ми беше од дома, на компјутер.
    Не по моја желба (како поклон) ми донесоа кученце Хаска. И нормално дека се навикнав на неа, веќе 7 месеци сме нон стоп заедно.

    Но, за жал наскоро ќе мора да се вратам повторно да работам од канцеларија, и не знам што да правам со кучето.

    Ќе бидам излезена по 9 часа дневно и иако имам доста голема тераса, жал ми е да ја оставам толку време сама.Секогаш кога излегувам од дома без неа, ја оставам на тераса зашто дома премногу штета ми прави. Има куќичка, играчки, храна и вода на терасата ама проблемот ми е за временскиот интервал, дали е претерано куче да се остава толку долго?

    Ги разгледав и опциите за градинка за кучиња, но градинката ми е многу далеку и нема шанси секое утро пред работа да ја носам таму. А и фамилијата и сите мои пријатели се на работа истиот тој период од денот.

    Разговарав со многу луѓе, и повеќето ми рекоа дека да, не е хумано да се остави само толку време, но сите кои живеат со миленик во стан се приморани на истото.

    Што мислите вие?
     
  4. Mama993

    Mama993 Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 февруари 2019
    Пораки:
    281
    Допаѓања:
    558
    Пол:
    Женски
    За некоја недела се селиме од стан во куќа со сопругот и 6 месечно бебе. Сопругот сака да купиме некое убаво расно куче.
    Несакав куче,сакам риби,папагали и персиски мачки, но за куче си сменив мислење кога отидовме на гости кај едни пријатели кои имаат пудлица и 2 годишно дете.
    Се фрапирав кога видов како кучето се врткаше околу детето и внимаваше да не падне,кога детето се обиде да излезе на балконот кучето лаеше.
    Размислив од безбедносни причини ќе ни треба куче,замислата ни е да е мало, да расте заедно со бебево да се создаде блискост меѓу нив.
    Сакав хаска но едни пријатели спомнаа дека хаската е питома и “завива” не лае,односно нема да ме предупреди кога некој ќе се доближи до дворот.
    Сакам бесно куче кое ќе лае на непознати,да несмее непознат да припари во околината на дворот но и питомо со нас а особено со детево,да внимава на неа кога ќе трчка низ дворот.
    Сеуште имаме време за купување,идеално време е кога бебе ќе наполни годинка.
    Буџетот ни е 300-400 евра.
    И несакам питбул.
    Дајте предлози.
     
    На SunnyGirl2 му/ѝ се допаѓа ова.
  5. lovatolover

    lovatolover Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 ноември 2013
    Пораки:
    116
    Допаѓања:
    571
    Сакам само да ве предупредам дека доколку земате мало куче ќе ви биде како да имате уште едно дете. Еден куп фамилии купуваат кучиња и кога ке сфатат колкава одговорност е, кучињата завршуваат на улица. Бидејки сте со мало дете, да знаете дека мало куче ќе ви квичи додека се навикне на вас, ќе му треба многу внимание и главно - ќе прави неред. Додека се мали првите неколку месеци посебно и им растат заби гризаат буквално се.
    Така да со мало бебе не ви е баш идеално да зимате и мало куче и би било подобро да почекате.
    Ако сепак сте одлучени за расно куче, можете и да вдомите постаро куче од пансион. Ги има милион кои се покорни пред луѓе и дечиња, расни исфрлени, а ги добивате вакцинирани и стерилизирани. Ако се одлучите за вдомување, може слободно да ми пишете и да ви пратам слики од секакви раси(малтезери, вучјак, лабрадори, хаски и мноогу други)
     
    На LollySky, Alanna, Mama993 и 2 други им се допаѓа ова.
  6. Mama993

    Mama993 Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 февруари 2019
    Пораки:
    281
    Допаѓања:
    558
    Пол:
    Женски

    Добро е што постојат вакви форуми да може да разменуваме искуства и мислења.
    Ни на крај памет не ми беше ова што го споменавте,гризењето,забите..
    Свесна сум за обврските,но помали се кога е поголемо.
    Секако нема веднаш да вдомиме,но за брзо ќе дојде и тој момент,во прашање се неколку месеци 4-5 :wasntme:.
    Како оди таа процедура со вдомување? Може пример да резервираме сега некое малечко а да го земеме за 4-5 месеци кога ќе ја преброди “кризата” со заби и слично?
    Во меѓувреме да плаќаме за неговите трошоци за исхрана,дресура или за резервацијата месечно незнам како оди тоа. Ако најдете слободно време,пуштете ми во порака неколку слики од малечки кучиња и инфо за нив,колку чинат и слично.
    Фала многу и за претходното инфо.
     
  7. lovatolover

    lovatolover Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 ноември 2013
    Пораки:
    116
    Допаѓања:
    571
    За вдомување може да се обратите кај организацииве за заштита на животни, лично што ги следам можам да ви ја препорачам Daisy family rescue, побарајте ги на фејсбук или инстаграм. Веруваам дека ако им пишете во порака какво куче сакате за вдомување ке ви најдат и со нив можете да се договорите за се друго. А исто верувам и дека ќе ви дадат совети за раснење на куче со детенце. Се надевам ќе си го најдете потенцијалниот миленик, и мило ми е што размислувате за вдомување наместо купување :)
     
  8. 1992g

    1992g Популарен член

    Се зачлени на:
    9 јануари 2014
    Пораки:
    999
    Допаѓања:
    9.624
    Пол:
    Женски
    А зошто не пит бул ?
    Тоа е вистинската раса за чување на деца. Јас подобар чувар за деца од пит бул немам видено.
    На второ место, шнауцер голем. Имаат овчарски инстинкт преизразен со доза на заштитнички амбиент, и цело време се мотаат околу децата.
     
  9. Alita

    Alita Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 април 2019
    Пораки:
    197
    Допаѓања:
    1.285
    Пол:
    Женски
    Здраво дечки,

    Погоре во групава прочитав дека има членови што сакаат да вдомат некое куче. Од пред некое време на инстаграм ги следам Daisy Family Rescue. Тие се група на луѓе која доброволно им помага на кучиња кои ги наоѓаат на улица ( најчесто напуштени од предходните сопственици), а до пред некое време ги спасуваа од Вардариште. Многупати сум стапила во контакт со нив , сум помогнала и донирала колку што можам, бидејќи и јас сум љубител на кучиња и чувам едно куче.
    Кученцата на кои им помагаат се во многу тешка состојба, а тие се грижат за нив со толку многу љубов!
    Откако кучињата ќе се опорават, ќе бидат во добра здравствена состојба , ги вдомуваат. Не бараат никаков паричен надоместок , само сериозни луѓе кај кои што ќе знаат дека кучето ќе има еден пристоен живот и ќе биде третирано со многу љубов!

    Така да , тие што сакаат да вдомат нека ја посетат нивната страна на facebook или instagram. Кученцата се преслатки. :inlove:
     
    На FreeMind, poi, Mama993 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  10. 1992g

    1992g Популарен член

    Се зачлени на:
    9 јануари 2014
    Пораки:
    999
    Допаѓања:
    9.624
    Пол:
    Женски
    Да, и шепасти ентузојасти и кане корсо.
    Симнувам капа на сите нив што најтешките случаи ги земаат и ги лекуваат.
    Но, позади ова има јака профитерска страна.
    Сепак, подобро така, одошто да ги одминуваат.
     
  11. Alita

    Alita Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 април 2019
    Пораки:
    197
    Допаѓања:
    1.285
    Пол:
    Женски
    Добро бе, што народ ќе има во ова државава, што кој и да направи некоја добрина одма наоѓате начин да го плукате.
    ЈАС не знам кој стои зад сето тоа, ниту пак ме интересира.
    Се додека прават добра работа ,помагаат на тие безпомошни суштества , во ред е! Па макар некој профитирал од сето тоа,на негова совест нека си е!
    Јас го пишав постов чисто пошто сум голем љубител на кучиња и за да ги информирам луѓето- место да купуваат може да вдомат некое кученце.
    И ќе напоменам , не профитирам од напишаниов пост! :)
     
    На FreeMind му/ѝ се допаѓа ова.
  12. Grungie

    Grungie Популарен член

    Се зачлени на:
    6 септември 2013
    Пораки:
    1.103
    Допаѓања:
    2.167
    Од лично искуство со Кане Корзо - навистина се премногу професионални и многу се грижат за бездомните кучиња, соодветно ги лекуваат и се трудат за секое едно од нив!
     
    На FreeMind и Alita им се допаѓа ова.
  13. 1992g

    1992g Популарен член

    Се зачлени на:
    9 јануари 2014
    Пораки:
    999
    Допаѓања:
    9.624
    Пол:
    Женски
    Знаеш ли дека многу кучиња во секс борделите низ Европа се извезени токму од Македонија и токму преку здруженија? :wasntme:
    Во Белград имаше последно случка, низ групиве на фејсбук една си го позна кучето што го спасила и го дала да го вдомат у странство демек.
    Многу од кучињата завршуваат на огласници каде се продаваат со високи цени, а сега најново е извезувањето во Кина, каде што ги јадат.
    Е така , не е се бело.
     
    Последна измена: 11 април 2019
  14. Papillon.Papi

    Papillon.Papi Популарен член

    Се зачлени на:
    5 октомври 2013
    Пораки:
    3.245
    Допаѓања:
    9.697
    Пол:
    Женски
    Шепасти Ентузијасти ги тргнав од пријатели на фб откако видов какви коментари пишуваа со цел "спасат" улично куче кое беше најдено и вдомено од други луѓе кои сега се грижат прекрасно за неа.
     
    На 1992g му/ѝ се допаѓа ова.
  15. Aw-aw

    Aw-aw Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 декември 2018
    Пораки:
    383
    Допаѓања:
    555
    Пол:
    Женски
    Feminki pomos, imam kutre mesance, nesto kako pudlica, go cuvame kaj moite doma. Kutreto e staro tocno 9 godini, zenka e, i dosega nitu ednas ne e parena. Ovaa nedela i se "onie denovi za parenje".
    E Sega problemot nastana vcera, sekogas koga e vo period na parenje od predostrozbost ja cuvame doma, ne ja setavme nadvor. Ja pusti vo dvor da se proteca malku, kako i sekogas i po 15 minuti slusam kvice i civka nadvor. Koga iskoci ima sto da vidam. Nekoj ja otvoril vratata od dvorot taa izlwgla na ulica i ja cekase "zetot" i zavrsija rabota. Na stari godini prv pat.
    E Sega, eden veterinar mi kaza deka ako ostane trudna na samiot poragaj ke umre, bidejki e stara, a prv pat i e. Dali e vistina ova. Izvinite na dolgiot post no preplasena sum
     
  16. Papillon.Papi

    Papillon.Papi Популарен член

    Се зачлени на:
    5 октомври 2013
    Пораки:
    3.245
    Допаѓања:
    9.697
    Пол:
    Женски
    Стелиризирајте ја и абортирајте ги, многу помал е ризикот од раѓање на истите.
     
  17. teressa

    teressa Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 март 2016
    Пораки:
    427
    Допаѓања:
    514
    Пол:
    Женски
    Здраво на сите, не знаев каде да го поставам прашањево па затоа тука. Имам куче кане корсо, женка е ама некако слабичка ми е сакам да ја здебелам. Па ако може совети што да и давам да јаде или дали има некои додатоци во исхраната што ги конзумираат кучињата да и купам. Фала многу :)
     
  18. IRBBB

    IRBBB Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 октомври 2019
    Пораки:
    8.281
    Допаѓања:
    33.452
    Пол:
    Женски
    Би сакале со сопругот да си купиме бишон фризе, па доколку има некој што одгледува вакво куче и има време и трпение да ми објасни сѐ околу одгледувањето нека ми пише во лп, бидејќи ни јас ни тој досега не сме чувале и немаме никакви познавања.
     
    Последна измена: 30 јули 2020
  19. LadyF95

    LadyF95 Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 јули 2020
    Пораки:
    179
    Допаѓања:
    109
    Мала раса погодна за во стан, не се митари и не мириса (не сум 100%, ама сите сопственици го кажуваат ова). Маана им е што често лаат и за ситници.
     
    На IRBBB му/ѝ се допаѓа ова.
  20. IRBBB

    IRBBB Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 октомври 2019
    Пораки:
    8.281
    Допаѓања:
    33.452
    Пол:
    Женски
    Ми треба помош околу одгледување и дресирање, не карактеристики на кучето.
    Сепак фала ти.