Потребна ми е кујна,давајте идеи,боја,модел...се во врска со кујна!Ги имам апаратите,бојата е инокс(на апаратите,вградени ке бидат,освен фрижидерот! Фала ви однапред!
Јас би ви препорачала да гледате нешто да ви е практично и максимум да ви е искористен делот во кујната. Внимавајте и на боите, битен фактор се и тие, во стил да не се познава секоја прашинка или отисок од прст па да морате секогаш со крпата в раце и да пребришувате.
Ве молам за помош.Во план сме сега да одлуцуваме за распоред на соби на спратот и незнам дали е подобро отворена кујна во склоп на дневната или да си биде посебна одвоена од дневната
Delvi ти си знаеш најдобро. Кај моите беше споена кујната со дневната, мене искрено не ми се допаѓа поради тоа што кога се готви цела миризба е и во дневна. Ти дошле гости и мора да ги седнеш во дневна, а мириса на манџичка Или пак ненајавени гости, а тебе те мрзело да измиеш садови цел куп садови ќе бидат на видик. Јас и мм баш поради тоа се одлучивме за одвоена варијанта. Ама сега има добри аспиратори( ќе си купиш некој појак) ќе го извлече мирисот и немаш гајле.
Ако ви е навистина мал просторот-единствено тогаш отворена кујна би била избор. Но само во тој случај! Па, сакала несакала ќе си бидеш домаќинка Јас лично инсистирав на одвоена кујна и тоа со голем прозор-ова ми беше едно од главните барања кога купувавме стан. И главна мака. Па ме направија демоде дека сум била, некакви си архитекти ме убедуваа дека сега тренд било кујната да биде споена со дневната Ејјј, станови со кујна во најодалечениот ќош од прозорецот- најголем дел од новите станови се баш такви. Не дека сум некоја готвачка,ама доволно е луѓе бре јајца за запржиш и цела дневна да ке корне. За кромид и моите брокули пАк не станува ни збор. - Мој совет е биди максимално практична-ако веке имаш избор! И врата и прозор и аспиратор, па пак ке замириса, а не пак кујната во дневна да биде!
Ние сами си ја направивме нашата нова кујна. Поточно заедно ја дизајниравме а потоа сопругот ја пресмета, нарача материјали и сам ја монтираше. Сеуште ја комплетираме, сега правиме симетричен дел од карши каде ќе има и масичка за секојдневно користење кога јадеме. Кога ќе комплетираме ќе ви сликам повторно
Да, јас згрешив што ја оставив отворена кујната, ама ајде мало е станчето па се излажав демек пошироко ќе изгледа. Не можам ни кафе да направам а да не мириса во дневна. Каков сакаш аспиратор стави, пак ќе мириса, и тоа не правиме сарми и прженици, еднаш пржев модри патлижани и два дена луфтирав. Никако отвотрена кујна. Најубаво е кај што се елементите да е затворено, а дневната може да биде отворена кон трпезарискиот дел па таму ставајте маси, спуштени сијалици, тапети... ама сепак да има барем шибер или некоја лесна врата , да може да се заштити дневната од мириси.
http://www.designsponge.com/2011/03/sneak-peek-chris-stephen-harris-smith.html неможев само кујната да ја оделам од целиот натпис но сепак може да се види колку убаво изгледа шаренки и доста нетипично....мннн убавоо
girl1985 кујната ти е феноменална, немам зборови, поготово едно големо браво за тоа што самите сте си ја направиле
Гирл1985 од каде ја порачавте ако може да ми кажеш?имаат ли веб страна да видам за цени? btw супер е кујната