Имам мат медијапан со дебела плотна горе (незнам шо материјал е). Вака ми е ок, работам директно на плотната, не реагира на топлина. Медијапанот според мене има далеку поубав изглед од иверицата. Иверицата ми изгледа премногу обично.
@danichap Солопром нема нивни иверици. Колку што знам имаат на Кроношпан http://mk.kronospan-express.com/en Од Солопром имав нарачано материјал за детска (тинејџерка) соба...и тоа бела иверица. Од квалитетот сум задоволна. Но како истиот би се однесувал во кујна , не знам ...сепак во кујна е поизложен на разноразни влијанија. А ти во МКД планираш да правиш нешто? Ако ти треба мајстор, можам да ти препорачам.
Да мак. Спална соба целосно, за во детска плакар, за во ходник и кујнава. Мајсторов сеуште не ја дал понудата, но засега сме задоволни, дискутабилен дел ми се материјалите само. Бела иверица би одбрала и за останатите соби, но кујнава баш поради влажност/топлина ми е дискутабилен. Посебно делот со работната површина и амтеријал на истата.
Некој вид на дрво е, дебела 3 сантими. Однадвор е валгда со некоја фолија обработена. Незнае мажево точно што.
Мислaм декa плoтни oд медијaпaн, немa. Се стaвa иверицa 4,5-5 см. Вреди дa се прaшa кoлку се грaнитните плoчи. Сегa се сетив Кујнaтa вo сутурен ми е сo лaминaтни врaтички/пoстфoрминг сo aбс лaјсни. Мнoгу е убaвa. Мaнa е штo имa сaмo oдредени димензии 30/40/45/60..штo знaчи aкo зaпнеш нa некoј сaнтим си прaвиш oтвoрени пoлици.
Da i jas mislam deka e iverica plotnata samo oblozena so nesto. Kaj mene se pokaza mnogu los materijal.Od cela kujna samo vo toa ne sum zadovolna.Na toplo ne reagira no zatoa se grebe mnogu ...Duri i casi ako stavam vnimavam
@danichap ah danke odma te sledime. Jas imam medijapan kujna. Ubava e na izgled, ama za cistenje macna e. Nemozes nekoe jako sredstvo da upotrebis, a od mrsnoto sto se gotvi i pareata se poznavaat sitni tocki. Plotnata neznam sto materijal e, nesto belo prskano so crno, standard sto gi koristat i e mn idrzliv. Nue gi kupivme materijalite od edna prodavnica nakaj novoselski pat sto se naoga(ne mi teknuva kako se vika) ama mislam istite materijali gi ima i vo soloprom. Medijapanot e poskap od ivericata. Za iverica nemam iskustvo.
Кај мене материјалот за кујната е од Солопром. Елементите се од иверица, а плотната е подебела од три слоја дрвени честички и обложена е со обработена фолија како што напомена @Eli23. Ја користам една година и од досегашното искуство можам да кажам дека е многу лесна за одржување. Во поглед на топлинската отпорност не сум ја тестирала (иако е наведено во карактеристиките) затоа што жешки садови оставам на подлога, а не на плотна. Ова е дизајнот
Каква комбинација е медијапан и иверица заедно Има плотни од медијапан обичен, ама треба многу да се пази Данке. Има и едни од обично друго сум видела, има и едни како грабав матријал појма немам каков е. Подобро мат медијапан отколку иверица.Од топлината ке се излупи по краевите.Исто и ако не ја избришеш кога ке се намокри со вода.
Најдобро за кујна и за купатило е фарбан медијапан, и тоа не мора да биде висок сјај, може да биде и мат или полумат. Ем изгледа преубаво ем не може од влагата да се одлепува кант траката....
Kujnata vo MK mi e medijapan no mat,plotnata bese iverka no ne bev zadovolni I ja smeniv(bile presovani strugotini so nekakvi cesticki sto ne primale vlaga,I odozgora bese kako prekriena so folija,izdrzliva na toplo I ne se grebi)A ovde kujnata isto medijapan no sjajen,I ne sum ic zadovolna(ja birav preku skajp)Plotnata ovde iverka.
Мојата е сјаен медијапан а за плотна баш незнам знам дека ги имаше потанки подебели,а исто сјајна е и нема гајле од вода и жешко.Лесна е за одржување,незнам зошто повеќето се жалат,баш лесно се чисти.Користам пронто алое вера,брзо чисти и убаво мириса.
Луѓе јас многу и не се разбирам од кујнски елементи ама малку ме збунивте, на што мислите кога викате плотна? Ја ова знам дека е плотна Во постовите читам кај некоја била иверица, кај некоја медијапан?
е така де, потенцирајте за новопечениве „домаќинки“ ко мене, да не се избрукам некаде во живо да ми се крстат Инаку бев вчера на саемот за мебел и бендисав 2 кујни, ама нормално ќе мора некоја комбинација да се прави од нив, кај мене просторот е поразличен и плус има 2 прозорчиња над шпоретот. Оваа е едната
Девојки еве неколку дена листам низ форумов и никако да се пронајдам во ниедна тема, па доколку сум офтопик нетолерантно нека го избришат прашањево.. Вака ми предстои купување на внатешни врати-решивме фурнирани масивни..сакав да ве прашам на паркет парена бука, орев кој што повеќе личи на махагони надворешна столарија и бели ѕидови каква боја врата би ставиле?? Благодарам