Спојлер: Фирма Изо стакло од Прилеп Да не излези дека ги рекламирам, има и поефтини во градов, ама овие се проверени. Мене ме советуваа да не ставам штекери и ги послушав. А ако сакав можеше. Ама ова со механизмот во плотната баш супер излезе и многу иновативно и несекојдневно делува. Мислам дека и дупењето на стакло за штекери се плаќа (ама не сум сигурна) 5 евра од дупка.
@mimiiiii штекери можеш и на горните елементи да ставиш. Јас имам ставено штекери на долниот дел од горните елементи. Супер изгледаат. За ѕидните облоги можеби @AngelOfArh ќе може да ти помогне. Она е архитект па ќе може да те советува.
Нешто вака, само што тука ставиле класични штекери. Кај мене се вградни, тенки и скоро и да не се приметуваат.
Мене мајсторот за кујна за штекери вградени во плотната ми побара +25 евра. Мојата кујна е целосно бела, моментално ја монтираат. Е сега размислувам со какво средство да ја чистам. Помислив од она за стакло што е ама ми е страв да не ми остави плави дамки или само со влажна крпа со вода да ја чистам? И плотната е бела... Совет од вие што имате бела кујна за чистење? Патем и јас ќе ставам стакло на ѕидот од кујната и ми препорачаа калено стакло.
Со 3 приклучоци јас го платив 30 евра, значи толку е цената Од каков материјал е? Ако е шприцан медијапан побарај совет од мајсторите, ова за лицето, а внатрешноста можеш со што сакаш.
Јас ја чистам со средство за стакло. Бела е, сјај медијапан.Светнува. По 3 штекери нели ви се малку? Јас имам 5 и пак некогаш ми фали. Тостер/блендер ети ти само два.
Да и кај мене е со 3 приклучоци и е сјаен медијапан. Можеби да се малку 3 приклучоци, но јас воопшто не сакав да ми се гледа ниеден штекер па затоа се одлучив на оваа варијанта.
Јас пак не оставам мали кујнски апарати на кујна, користам, мијам и прибирам. Затоа може 3 штекери ми се доволни. Сјајниот медијапан може со стсклин, нема да остава траги.
Каква боја на елементи за во кујна ми препорачувате за со вакви ѕидни и подни плочки и дали матираните се лесни за одржавање.
Јас би ти препорачала посветли бои, за да отвори просторот. А и плочките ти се темни. Многу интересен простор, само внимавајте при изведбата да е добро искористен Матот треба да е полесен за одржување, во смисла да не се познаваат прсти и слично, ама на крајот сепак е тоа кујна, можеби најфреквентен простор во домот, каде се готви, има пареа, мрснотии итн. па затоа можеби и најодржан, иако најизвалкан дел од домот
Odamna ne sum pisala, gi gledav kujnite i ubavi vi se. Mojata kujna e nova dva meseca. Medijapam mat boja slonova koska, plotna crn granit ( galaksi)i plockite na zidot i posot se vestacki granit i ima eden red mozaik. Kujnata lesno se odrzuva. @referentka eve da vides kombinacijata bela kujna so crn granit kako izgleda.