Здраво феминки Моментално сум во изградба на кујна и многу ми се допаѓаат моделите на фирмата Јела Јагодина. Може ли да сподели некој искуство? Инаку сакам бела, со висок сјај Фала Ви
Dizajniranje i Izrabotka na kujni, tv komodi i predsobja od mediapan so visok sjaj i iverica, so spori mehanizmi , edinstveno resenie so 3d prikaz
ми треба мислење за кујна медијапан ..... одржување и што е подобро медијапан или иверка? слушнав лоши искуства за медијапанот чистење и сл
Јас од пред еден месец имам сјаен бел медијапан. Не се познаваат прсти како што ме убедуваа и сакаа да ме предомислат и сум презадоволна. Од Јела Јагодина е мојава
Нашата кујна е изработена од бел медијапан. И јас потврдувам дека е многу лесна за одржување плус ептен поубаво изгледа од иверка. Јас сум презадоволна и ти препорачувам да си ја направите од бел медијапан. На бел медијапан многу не се познаваат прсти, претпоставувам дека на друга боја повеќе ќе се познаваат.
и јас сакам бела медијапан со висок сјај ..... и истиот муабет ако сакаш цело време со крпата да си направи таква ..... и ме збунија скроз, фала на инфо и со здравје да си ја служиш
јупииии ова ми требаш мала поддршка и искуство од некој што веќе користи ... со висок сјај ти е така?
многу лесно ќсредство за стакло и микрофибер крпа за 5 мин цела кујна ја пребришуваш само прави бела или светла нијаса никако бордо или црна таму ептен се познаваат прсти а на белото немаш гајле
Да, целата е скроз бела со висок сјај. Сите елементи се вградени, така што огромни површини се бел медијапан. Ептен убаво, луксузно изгледа, нема човек што ја видел што не изреагирал дека е преубава. И мене ми викаа дека прсти многу ќе се познаваат, ама нема врска, лесна е за одржување плус 100 пати поубаво изгледа од иверка.
Одлучена сум..... ќе ја правам бела со висок сјај токму како што сакав .......паааа со здравје да си ги служиме
Кујна сакам да си порачан од ТехноКооп. ислам така се викаа Долга е 4 метри, некаде околу 1000 евра, медиапан сјаен, правена по мерка. Прашањето ми е, дали вреди да барам мајстори (сам своја свирма) за поевтино, или да одам на оваа варијанта? Иманекој искуство со мајстори и за колку време ја прават, колку се квалитетни, колку сте задоволни од изведбата?
Со Технокооп имам искуство, ама не со кујна туку со гарнитури за седење. Многу се точни и тоа ме бендисува кај нив. Ги донесоа до дома, ги качија до горе и беа завиткани во прозирна фолија за да не се оштетат. И гаранција ни дадоа 12 месеци. Мој совет - остави на нив...и изработка и монтажа.Утре и (недај Боже) да ти се оштети нешто или некоја клап-шарка да не ти работи, можеш да се повикаш на писмена гаранција. Сепак фирмата нешто значи.