Кај мене е црна..додека немав дете полесно беше, повеќе внимававме, ќе пребришев со средство за стакло ќе се исчистеше, е отпосле со дете оди па исчисти..пипка со мрсни раце, лиже по неа, отвори затвори и нон стоп е прљава..башка тоа, се ми се познава по неа, обични капки вода оставаат флеќи, па од пареа, од готвење, а не смееш да ставаш секакви средства, не смееш да стругнеш со сунѓер значи не можеш да ја доведеш во ред..можеби дека е црна па толку се познава, не знам, но да земам др.би бирала нешто друго..
Мене ми е светло крем, скоро бела, медијапан висок сјај. Презадоволна сум. Ептен лесна за чистење и одржавање.
Ти благодарам Уште нешто да прашам. Рерната дали е подобро да е посебно од шпоретот? Повеќето сега така ја прават. Мислам дека во кујнава што ми е замислена нема простор за посебно. И садоперот дали е подобро да биде мермерен и дали да има додаток од страна за цедење на садовите како на постиранава слика. Кој материјал е подобар? Мене повеќе ми се допаѓа на првата слика.
Молам за информација,какво искуство имате со фурниран медијапан за трпезариска маса? Дали лесно се одржава, дали ако се истури нешто се познава бела флека/се гребе итн?
Јас имам гранитен како на сликава без простор за цедење, чисто од естетски аспект. Скоро ништо не мијам на рака, а доколку мијам сушам на крпа и веднаш кревам. Се одлучив за оваа варијанта зошто не сакам да му робувам на иноксот за да биде сјаен. Доколку сте од Скопје не пропорачувам црн гранит заради бигорот, јас имам бел и прелесно се одржува. Можеш да му истураш од време на време алкохолен оцет и сода за да се исчисти доколку примил боја од нешто што се миело.
Jas imam graniten crn ist ko na slikata. Super si e veke 5 godina. I od skopje sum. Redovno go odrzavam so alk.ocet i soda. Na raka skoro i da ne mijam.
А чешмата каква ти е? Ниска или онаа ,,лабуд,, што ја викаат? Излага од ѕид или од мијалникот? Каква е подобра ? Какво искуство имате со овие чешми ? Дали навистина служи цревото ? Има ли маани? (можеби многу прска, тече, водата се распрснува...)
@referentka Јас имам позитивно искуство со ваков модел на чешма. Водата има добар пад и не распрснува настрана доколку е добро регулиран притисокот. Особено е практична за миење поголеми чинии, тави. Ти препорачувам модел што се монтира на мијалникот кој е далеку подобар од оној што е поставен на ѕидот. Спојлер: . http://mega.com.mk/wp-content/uploads/bfi_thumb/Untitled1-31b7asro22c9xfg10egikg.png
Mojata e onaa bastunot obicna sto iskaca od mijalnikot. Dobro si ja vrsi rabotata. Plus se kupuva edno krugce za da ne perska vodata.
Молам за информација,какво искуство имате со фурниран медијапан за трпезариска маса? Дали лесно се одржава, дали ако се истури нешто се познава бела флека/се гребе итн?
Ти благодарам. И мене повеќе ми се допаѓа без делот за цедење, но со плус тој додаток ми делува попрактично. Сакам гранитно сив, црно не.
Здраво девојки, ми треба идеја за мала кујна од 2.5 метри. Плочките се мермер, кафеави со бело и кујната планирам да биде бела или бела со крем. Проблемот е што сакам да ставам фриждер, плотни и машина за садови и тоа мора да биде во тие 2.5 метри Пребарував кујни ама обично се поголеми или во Г . Имате ли идеја каде би можела да разгледам на интернет ама конкретно тоа што ми треба?
мојата кујна е 2,5метра ја правевме скоро има све освен машина за мијање ама мислам дека можеше да се вгради ако сакаш можам да ти пратам слики во порака поздрав.
Ќе ве мoлaм некoј дa знaе мaјстoр или фирмa штo изрaбoтувa кујни нa кoи мoжеш дa им испрaтиш димензии пa дa ти јa изрaбoтaт вo 3д и ценa дa пoнудaт. Нoрмaлнo зa дa знaеш дaли ти oдгoвaрa дa ги aнгaжирaш. Зa Скoпје пoкoнкретнo
Фриждер ти е должина 60см Фурна ти е 60 см Машина за садеви е 60см Тоа ти се 1.80м Имаш остаток 70 см за една преградка кај по ке биде судопетот и тој е просторот Од една страна на судоперот мора да е машината за садови
Мислам дека најпрактично ќе ти биде кујна по нарачка, мерена на лице место, за да можеш да добиш на просторот нешто плус. Кај нас во кујна машина за садови е вградена, над неа поставена рерна, а над рерна има плакар за садови. Од друга страна имаме плотна со рингли и аспиратор, а под плотна комоди со фиоки. Фрижидерот ни е исто вграден и над него има додатен простор/ плакарче. Така да, најубаво да се консултираш со некој да ти ја измери, нацрта и направи кујната по мерка.
Сакав да си порачам кујна од крем сјаен медијапан и кога се распрашував од една дизајнерска фирма ми испратија дома дизајнер.Таа измери ми даде препораки и совет да биде иверица со мат крем боја,бидејки тоа се вклопувало со останатиот ентериер.во собата имам гарнитура со крем и венге и комода од мат венге иверица.Е сега во дилема сум дали да го прифатам нејзиново мислење или да си терам по мое иако неколку пати ми нагласи дека мат подобро ке одговара?и заборавив да напоменам дека имам плочки во сјајна сина боја
За лица во кујна многу ретко некој става иверица зошто не е квалитета како медијапан, не знам зошто ти го препорачала тоа, мат финиши се сега на мода и мене повеќе ми се допаѓаат и попрактични се, ама не знам крем колку ќе одговара со сина. Јас сум дизајнер прати слики од плочките ќе видам ако сакаш.