Има нијанса на крем на плочкиве и затоа помислив на крем боја,а ја замислував и белата боја,ама си предпоставував да не ми дели многу од дневна.Немам простор да одделам со шанкче или незнам нешто слично за да биде засебен простор и да имам повеке опции во избор на боја.
Дали може некој да ми каже колку би чинела изработка на кујна која лежи на еден ѕид, без агли со должина од 2.70м. Знам дека зависи од материјалот, но ме интересира ориентирно од до како се движат ако е од медијапан цела и од дрво. Немам никаква идеја ни ориентирно па ако некој правел или се распрашувал скоро ептен ќе ми е од помош.
Наташа, кујната е преубава, баш вакво нешто слично сакам да направам.. Ако може информација од каков медијапан е направена - гледам има различни варијанти - фарбан, готов, како се покажа за одржување? И колку ве чинеше, ако не е тајна?
Може ли да ми дадете идеја каков шанк да ставиме во кујна. Кујната е бела сјаен медијапан а мебелот во дневна е кафено со бело
Здраво девојки, ми треба мислење за мала кујна од 2,5 метри. Планирам да направам слично нешто како на сликава подолу со тоа што од едната страна ке биде ставена фурната какако на сликата а од другата страна ке има фриждер, што значи дека просторот помегу би бил околу 1,4 метри.Дали мислете дека за таква мала кујна би изгледало малку гломазно и натрупано? Што мислите?
Мојата кујна исто е мала. 3м и 17 см. иста замисла имам како тебе, само што фурната е на другата страна а фризот е како што тука е фурната. Е сега, овде према големината на плочата за готвење со 4 тркала е, се мислам дали да ставам со 2, зашто и онака никогаш не сум употребила 4 наеднаш. Просторот е мал, би ставила плоча со две. Многу убаво изгледа. Боите вакви ќе бидат ? Вака некако би бил распоредот (сликава ја ставив за да е појасно), со тоа што сакам висечките да се како на твојата слика. Еве уште еден пример за ,,нашиот,, распоред: ...со две рингли.
Во споредба со оваа од 2,5 - 3,17 ми изгледа голема Инаку и кај мене е исто како кај тебе, фриждерот е кај што на сликава е фурната, а фурната на другата страна. Исто и јас ке ставам две рингли, и така имам премалку простор за работна површина. Бојата планирам таква да биде или некоја нијанса поразлично. Исто друго нешто што ми мати ум е тоа што фриждерот би бил бел, нема да биде вграден па дали ке изгледа ок со оглед на тоа што и посветлиов дел на кујната е светло кремав. Ама па баш бело со крем / кафеаво помалку ми се допаѓа. Инаку не гледам слика во твојот пост
јас да ви дадам еден совет фурна и плотн ада ви бидат едно врз дрго за да не ви мириса подома оти од плотната мирисо оде на аспиратот а од фурната сто ке ви се умирисува дома