1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Кујни

Дискусија во 'Дом' започната од blondini, 22 март 2011.

  1. drugarka

    drugarka Популарен член

    Се зачлени на:
    9 октомври 2011
    Пораки:
    1.427
    Допаѓања:
    4.989
    На ептен денска светлина и од агол, инаку не. Посебно коа ќе седнам на тросед ги гледам :D
     
    На Marina*F му/ѝ се допаѓа ова.
  2. Snowflake97

    Snowflake97 Популарен член

    Се зачлени на:
    8 ноември 2018
    Пораки:
    2.268
    Допаѓања:
    9.089
    Пол:
    Женски
    FB_IMG_1588421938997.jpg Не е моја кујната, ама бидејќи сега ќе правиме кујна си гледав идеји на фб, оваа премногу ми се свиѓа, и баш би сакала вака да ми изгледа кујната, но како што кажа една членка погоре црното многу нечисто се прави, истото ми го кажа и братучедка ми, па полека почнувам да се премислува, а воопшто немам некоја друга идеја како да изгледа.
     
  3. Feodora

    Feodora Популарен член

    Се зачлени на:
    27 мај 2013
    Пораки:
    924
    Допаѓања:
    4.345
    @Snowflake97 па истиот модел, но може и долниот дел бел да ти биде. Мене лично еднобојна кујна ми е поубава.
     
  4. drugarka

    drugarka Популарен член

    Се зачлени на:
    9 октомври 2011
    Пораки:
    1.427
    Допаѓања:
    4.989
    Абе се се праи лом, ако си нон стоп во кујна, ама колку се гледа е работата и вкус.
    Јас на пример не сакам ништо на плотната горе, скроз ми е празна кујната за поптактично. Се што користам кревам, мискер статичен, блендер, теглички со зачини, немам такво за цедење садови ме нервира. И одржувањето, нешто е полесно, нешто е потешко, а дека се' мора да се исчисти, мора, но според време, мерак и сл, затоа и различни кујни постојат.
    Мене ми е убава кујна па на убаво место кафемат, па блендер, скоцкано, па прикачено на плочки лажици шољички, кутлачи, ама не ми е практично ич за мене лично. Гледајте си според себе.
     
    На ohlalalala му/ѝ се допаѓа ова.
  5. puffla

    puffla Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 јули 2014
    Пораки:
    152
    Допаѓања:
    52
    Ваква сива можеш да ставеш. Повеќе идеи имаш на фб BA design
     

    Прикачени фајлови:

    На ohlalalala и Snowflake97 им се допаѓа ова.
  6. TheGoldenPeach

    TheGoldenPeach Популарен член

    Се зачлени на:
    29 јули 2015
    Пораки:
    467
    Допаѓања:
    3.778
    Пол:
    Женски
    Јас да прашам за гранитниве мијалници, конкретно овој сакаме да го порачаме, како сте задоволни... Прочитав една членка дека се кае за кремовиот, ние црн сакаме, како е за одржување? Кујната ја порачавме едноставна, бела мат медијапан, отприлика вака ко на сликава, дали црн мијалник и црна чешма би изгледало убаво на комбинацијава? IMG_20200514_235233.jpg IMG_20200514_235741.jpg
     
    На 1209, puffla и ohlalalala им се допаѓа ова.
  7. ohlalalala

    ohlalalala Популарен член

    Се зачлени на:
    26 октомври 2018
    Пораки:
    519
    Допаѓања:
    3.292
    @drugarka
    А кујната нели ко шо кажа ти е без рачки,на тач е или?Не те прашав.

    И какви се тие штекери што не се приметуваат дека ги има?:?:
    Глеам погоре на претходните страници ги имаат спомнато, а искрено појма неам како изгледаат.:)
    Леле преубава е.
    Wow предобро изгледа.
    Ептен штосно и модерно.
    Па секако дека одговара и чешмата и мијалникот.
    А за таков тип мијалници неам искуство,нека кажат поупатените.:)
     
    На puffla му/ѝ се допаѓа ова.
  8. puffla

    puffla Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 јули 2014
    Пораки:
    152
    Допаѓања:
    52
    супер е на изглед, но имај во предвид дека и многу дамки ќе се познаваат од бигорот на водата. Мое мислење е дека подобро е малку поголем мијалник да земеш. Јас ја имам оваа големина и собира само 3 чаши и една чинија, мора се веднаш да миеш.
     
    На TheGoldenPeach му/ѝ се допаѓа ова.
  9. ohlalalala

    ohlalalala Популарен член

    Се зачлени на:
    26 октомври 2018
    Пораки:
    519
    Допаѓања:
    3.292
    Само толку малку собира?:o
    Многу непрактично тогаш било чудово, а на изглед е топ.
    Ама ај ваљда и машина за садови ќе си има па не и треба многу за миење садови.
    Ние пошо неаме и можам да замислам вака да не ти собира ништо ептен ќе се нервираме.
     
    На TheGoldenPeach му/ѝ се допаѓа ова.
  10. TheGoldenPeach

    TheGoldenPeach Популарен член

    Се зачлени на:
    29 јули 2015
    Пораки:
    467
    Допаѓања:
    3.778
    Пол:
    Женски
    Фала ви на предлозите, да секако машина ќе има па не би ми било проблем дека е помал. И просторот е помал па затоа и се одлучивме за тој модел конкретно. Го порачавме денес црниот, па ќе апдејтнам понатаму како сум задоволна од материјалот и бојата во однос на одржување. :)
     
    На ohlalalala му/ѝ се допаѓа ова.
  11. 1209

    1209 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2010
    Пораки:
    6.321
    Допаѓања:
    41.609
    Пол:
    Женски
    Сива кујна мат, без рачки дизајнирав за кумашинот, они така сакаа, преубаво изгледа ама ми се жалеа дека се познава отпечатоци на неа.Имајте предвид дека сите мат темни кујни го имаат проблемов.
     
    На crazylady му/ѝ се допаѓа ова.
  12. BelieberYeahh

    BelieberYeahh Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јули 2013
    Пораки:
    1.447
    Допаѓања:
    2.208
    Пол:
    Женски
    Мат кујните во глобала се потешки за одржување, особено ако немаат рачки и ако се потемни, иако и на белите се познава. Мене лично ми се преубави, но не знам дали би се одлучила на таков чекор.
     
    На 1209 му/ѝ се допаѓа ова.
  13. Luna91

    Luna91 Популарен член

    Се зачлени на:
    15 јули 2013
    Пораки:
    3.152
    Допаѓања:
    17.615
    Дали од медијапанот со висок сјај има различни видови?
    Од мајсториве што собрав понуди, едните викаат фарбан медијапан со висок сјај, други готов медијапан со висок сјај. И сега сум збунка, не знам што е разликата. Ќе ги прашам пак, ама може вие знаете :D
     
  14. crimson

    crimson Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 декември 2011
    Пораки:
    3.995
    Допаѓања:
    51.777
    Пол:
    Женски
    Едниот сами го фарбаат, и тој е поскапа опција, а може да е и готов оплеменет со сјајна фолија. Вториов не може да се обработува со разни профилации, или вдлабнувања за рачки итн, со првиот имаш повеќе можности околу дизајнот на деталите.
    Готовиот исто така често од внатрешната страна е бел, со фарбаниот можеш да го направиш елементот како сакаш.
    Фарбањето висок сјај е поскапо од мат, затоа што самиот процес е покомплициран, треба повнимателна работа и полирање за да испадне убаво :)
     
  15. mssuniquee

    mssuniquee Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 февруари 2015
    Пораки:
    3.774
    Допаѓања:
    53.088
    Пол:
    Женски
    Мислење за кујнава? Вечер имам време да одлучам за модел:?: Мајсторот рече дека не е тешка за одржување а што мислите вие? што имате црни кујни? Медијапан со висок сјај
    DDA34E25-3CE3-402E-A13D-F3CBECD3758C.jpeg
     
    На 1209 му/ѝ се допаѓа ова.
  16. Emotional123

    Emotional123 Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 јули 2011
    Пораки:
    8.579
    Допаѓања:
    40.007
    Пол:
    Женски
    Сега скоро и јас правев кујна, па се распрашував. 99% ми рекоа дека е потешка за одржување. Кај мајка ми има светло крем медијапан со висок сјај и многу остануваат отпечатоци од прсти и линии од вода од пареа,треба нон стоп да ја поминуваме. Веројатно и со црната е така
     
    На 1209 и mssuniquee им се допаѓа ова.
  17. An-na

    An-na Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 септември 2011
    Пораки:
    6.548
    Допаѓања:
    34.819
    Пол:
    Женски
    Јас мислам дека ќе ти биде многу потешка за одржување од мат медијапан. Ама немам искуство, ова од други што сум слушала. А убава е :)
    Мислам дека @irena.1 ја имам читано дека има црн медијапан кујна, ако прочита ќе сподели искуства.
     
    На mssuniquee му/ѝ се допаѓа ова.
  18. Biljarkata

    Biljarkata Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 јануари 2019
    Пораки:
    18.691
    Допаѓања:
    177.348
    На сјаен медијапан се познаваат прсти, не ќе можеш да ја дочистиш. Рачунај ко стакло да чистиш. Во реалност никогаш нема да блеска како првиот ден. Мат е друга приказна:inlove:
     
    На 1209 и mssuniquee им се допаѓа ова.
  19. lovemme

    lovemme Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 октомври 2013
    Пораки:
    2.965
    Допаѓања:
    81.804
    Пол:
    Женски
    Јас имам бел сјаен медијапан скоро се дома па и кујната.
    Точно е дека не блеска како првиот пат , се познаваат прсти , капки . Но јас кога би бирала пак ни избрала сјаен медијапан.
    Вратите ни се бел мат медијапан и многу по тешко ми е кога ги чистам.
     
    На mssuniquee му/ѝ се допаѓа ова.
  20. mssuniquee

    mssuniquee Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 февруари 2015
    Пораки:
    3.774
    Допаѓања:
    53.088
    Пол:
    Женски
    Веќе ја порачав :| Маж ми дал капар.. Мајсторот ми кажа дека не е тешко за одржување и оваа крпа била мн добра не оставала траги.. Ние не ја користиме многу па мислам ќе успеам да ја одржавам:rofl: 589BB648-3F46-418D-ACA5-2DA56910B8C6.jpeg
     
    Последна измена: 16 јуни 2020
    На crazylady му/ѝ се допаѓа ова.