1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Кујни

Дискусија во 'Дом' започната од blondini, 22 март 2011.

  1. drugarka

    drugarka Популарен член

    Се зачлени на:
    9 октомври 2011
    Пораки:
    1.427
    Допаѓања:
    4.989
    Јас во електроелемент купив гранитно, бело со крем како испрскано лавабо, за убаво преубаво е ама никогаш повеќе. Дури се мислам да го сменам.
    Од шоља кафе ми се фарба,а од друго па да не праиме муабет, па со варикина или доместос белиот го чистам.
    Црно има колешка една, се жали од бигор многу.
     
    На 1209 му/ѝ се допаѓа ова.
  2. tigerlady

    tigerlady Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јануари 2011
    Пораки:
    1.651
    Допаѓања:
    5.420
    Јас бев исто решена за бело гранитно, после се мислевме за композитно ама продавачот во Сколекс ме разубеди. Прекрасни се за гледање ама флеки не ми се многу пријатни за гледање. Плус читав дека реагирале и на топла вода/топли садови ако директно ставиш во нив и на крај на квалитетен инокс се решивме. За црното баш и продавачот ми рече, за во Скопје е работа плус со бигорот.

    Него, да прашам. Кога ви прават кујна, од каде земате механизми? Конкретно ме интересира за оние за извлекување тесните за шишиња? Треба наредна недела да се видиме со човекот што ќе ни ја прави кујната па вака собирам информации за материјали од каде би можеле да набавиме.
     
  3. Biljarkata

    Biljarkata Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 јануари 2019
    Пораки:
    18.688
    Допаѓања:
    177.337
    Прати слика, какви конкретно мислиш. Не се тоа просто механизам за фиока и тесна фиока?:?:
     
  4. mal.ecka

    mal.ecka Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 декември 2010
    Пораки:
    9.376
    Допаѓања:
    126.447
    Лична е и мојава,ко ќе ја светнам(читај кога ќе пораснат девојкиве,ако сеуште има нешто останато од неа,ќе ти ја сликам):D
     
    На mssuniquee му/ѝ се допаѓа ова.
  5. tigerlady

    tigerlady Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јануари 2011
    Пораки:
    1.651
    Допаѓања:
    5.420
    [​IMG]
    Од овој тип. Мислам простички се, ама некако ме бунат цените само за механизамот. На Солопром на страната баш ги гледав (од таму е и сликата) и некако скапи ми се видоа. А баш имаме неколку елементи во план што се на извлекување, потесни и пошироки. Воопшто немам идеја каде се во Скопје би можеле да се најдат.
     
  6. Biljarkata

    Biljarkata Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 јануари 2019
    Пораки:
    18.688
    Допаѓања:
    177.337
    Па веројатно Солопром се единствени во СК, ова што знам од пред години. Нека дополни некој ако знае. Механизмот мислам е тој, за фиоки, плус уште нешто. И скапи се механизмите, секое екстра се плаќа.
    Јас реално таков механизам за шишиња не би ставала, ич не ми е практично да се веднам да земам оцет/зејтин. Долни фиоки се супер за складирање храна и садови. И нормално, 100 пати се поскапи отколку вратнички.
     
    На 1209 и tigerlady им се допаѓа ова.
  7. Alishan30

    Alishan30 Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 јуни 2018
    Пораки:
    7.044
    Допаѓања:
    118.734
    Пол:
    Женски
    На пластичарска улица ги има во продавници каде се продава оков за мебел (од шајки, рачки, до корпи, судопери и сл.)
    Околу 800-1200 ден беа цените таму.
     
    На tigerlady му/ѝ се допаѓа ова.
  8. Biljarkata

    Biljarkata Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 јануари 2019
    Пораки:
    18.688
    Допаѓања:
    177.337
    А разлика во квалитет? Или иста марка се со тие во продавница?
    Јас знам, нашите механизми демек германски се поскапи од некои други, ама и гаранција имаат 15 год.
     
    На tigerlady му/ѝ се допаѓа ова.
  9. Alishan30

    Alishan30 Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 јуни 2018
    Пораки:
    7.044
    Допаѓања:
    118.734
    Пол:
    Женски
    Има разлика во квалитет да, овие имаат по година две гаранција.
    Валда кинески се.
    Ама оти поефтино побара, затоа и ги кажав како опција.
     
    На Biljarkata и tigerlady им се допаѓа ова.
  10. tigerlady

    tigerlady Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јануари 2011
    Пораки:
    1.651
    Допаѓања:
    5.420
    Фала ви девојки :l::l:

    На крај ќе отидеме мислам и таму и таму па ќе споредуваме. Не би сакала најнизок квалитет, сепак кујна е, цело време се отвара се затвара. Ама не знаев дали освен Солопром има нешто друго кај нас, пак доста луѓе прават кујни, чудно ми е да нема повеќе продавници.

    Мене пак ептен ми се практични. Во овој стан немаме, ама кај сите другари/другарки што готвам по дома, најмерачки дел ми се. Не треба да ги бркам кое каде е, подредени и само зимаш. Во идеална кујна со неограничен буџет како би ставила еден плакар само со вакви полици, 1.80 висина па реди шишиња, зачини, се по ред. Баш со кујна мислам најмногу се гледа колку имаме различни индивидуални навики сите :):)
     
    На Mami3, Biljarkata и Alishan30 им се допаѓа ова.
  11. crimson

    crimson Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 декември 2011
    Пораки:
    3.995
    Допаѓања:
    51.777
    Пол:
    Женски
    Види на сајтот на новомак :)
    Тие на VIBO се со пониски цени и добар квалитет.

    Инаку не, не е истиот механизам како фиока, овие се фаќаат само од една страна, а има опција со некои системи за фиоки да се направи и така.
    И се викаат вагонетки :)
     
    На Biljarkata и tigerlady им се допаѓа ова.
  12. nadelinka

    nadelinka Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 јули 2012
    Пораки:
    640
    Допаѓања:
    579
    Ова се вика вагонетка. Имаш во продавниците за материјали и на пластичарска. Има кинески и тие се најефтини, ама има и поскапи. Според мене механизмот ја прави кујната, ако ти се расипе џабе ти е и висок сјај и се. Подобро да се инвестира во скапи механизми...
     
    На tigerlady, crimson, Biljarkata и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  13. Mami3

    Mami3 Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 јануари 2020
    Пораки:
    1.669
    Допаѓања:
    2.812
    Пол:
    Женски
    Kujnata e najskapata investicija vo kukata /stanot i ne se menuva sekoj den, sto ke se stavi na nea treba da e ubavo kvalitetno i izdrzlivo.
     
  14. orevokrsacka

    orevokrsacka Популарен член

    Се зачлени на:
    23 јули 2013
    Пораки:
    2.468
    Допаѓања:
    8.565
    Вагонетка ваква за во кујна правевме во Интервуд Дизајн. Не знам цена само за механизмот, правевме и други елементи.
    Во Ѓорче се наоѓаат, после тој пунктот на Евн.
     
  15. Molly.dolly

    Molly.dolly Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 декември 2019
    Пораки:
    256
    Допаѓања:
    122
    Пол:
    Женски
    Ме интересира каде би можела да најдам од вградливи цедалки за садови , има во Новомак ама ми треба помала димензија
     

    Прикачени фајлови:

  16. Molly.dolly

    Molly.dolly Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 декември 2019
    Пораки:
    256
    Допаѓања:
    122
    Пол:
    Женски
    Жени некој искуство со фурнирана иверица за лице на кујна? Мајсторот ми вика нема некоја разлика меѓу медијапан и таа иверица, а цената ми е бајаги разлика, не ми треба нешто мн квалитетно, привремено решение ми е ова
     
  17. 1209

    1209 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2010
    Пораки:
    6.321
    Допаѓања:
    41.609
    Пол:
    Женски
    Ако ти е привремено оди со тоа, инаку за трајно нема да биде трајно.
    Не е исто мајсторот твој очигледно само сака да продаде. Медијапан за лица е прав избор.
     
  18. Mami3

    Mami3 Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 јануари 2020
    Пораки:
    1.669
    Допаѓања:
    2.812
    Пол:
    Женски
    Iverica e iverica, ne moze da bide kako medijapan.
    No stom e za privremeno, razmisli kolku e dlabok dzebot, se od nego zavisi:shake:
     
    На Molly.dolly му/ѝ се допаѓа ова.
  19. An-na

    An-na Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 септември 2011
    Пораки:
    6.548
    Допаѓања:
    34.819
    Пол:
    Женски
    Мене па ми викаат дека иверката е поиздржлива.
    Мене кујната горе ми е медијапан, долу иверка. Медијапанот ко да пожолте малку, се приметува разлика со иверката од корпусот. Најверојатно има врска и боењето како е правено :^) Секако ќе ја доработувам кујната, па ќе го префарбаме медијапанот.

    Инаку, сакам да правам масичка за дневна и ќе ја правам во иверка. Дете имам, чкрта, бои... медијапан не знам колку би бил вистински избор? Совет?
     
  20. Biljarkata

    Biljarkata Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 јануари 2019
    Пораки:
    18.688
    Допаѓања:
    177.337
    Разликата меѓу медијапан и иверка е во тоа што иверката има лепени рабови со кант трака, а таа не е толку отпорна на влага и топлина кои се ослобидуваат при готвење.
    Масичка во дневна можеш комотно од иверка @An-na.
     
    На An-na му/ѝ се допаѓа ова.