1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Кујни

Дискусија во 'Дом' започната од blondini, 22 март 2011.

  1. mssuniquee

    mssuniquee Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 февруари 2015
    Пораки:
    3.774
    Допаѓања:
    53.088
    Пол:
    Женски
    Мојата е комбинирана медијапан и иверка. Прво ми беше страв да земам црна па се премислив темно сива со светло крем. И баш лесно ја одржувам. Ни прсти се познаваат ништо,а најмногу за тоа ми беше.Еднаш неделно ќе ја поминам со срество за стакло и крпа и сјае :) 1BB30E61-CB92-475A-98CC-BBECE962248A.jpeg
     
    На Snowflake97, Трепетлика, olly14 и 16 други им се допаѓа ова.
  2. referentka

    referentka Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    13 ноември 2012
    Пораки:
    14.719
    Допаѓања:
    322.680
    Мојата би била токму волкава и ваква, ама друга боја

    Тајна ли е колку те чинеше
     
    На mal.ecka и mssuniquee им се допаѓа ова.
  3. 1209

    1209 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2010
    Пораки:
    6.321
    Допаѓања:
    41.609
    Пол:
    Женски
    Ана иверка е пресувани струготини, медијапан е парченца дрво измешано со смола и лепила и пресувано, значи погусто е, поцврсто и поотпорно на надворешни влијанија, зависи секако и од начинот на обработка, пример јас дома имам фарбан медијапан и нормално дека бел пожолти малце од светлина, готвење и слично, лакираниот е отпорен на вода па може да се користи и во купатила, таму ми е таков и еве две години нема мрднато, дури некогаш знам со вода да го исплакнам елементот, ама ретко. Во дневна имам фурниран, тој е најскап и изгледа како природно дрво, комодата ми е од таков и е одлична, немам ништо од пластифициран ама тој се користи за маси, нешто со сјај исто дека најиздражлив е.
    Иверицата може да биде исто така фурнирана за подобар изглед или дезен на дрво, може да биде со фолија и на тој начин е отпорна на удари и има постојана боја, ама пак е трошлив материјал, со тек на време изгледа искористено, за разлика од медијапанот.
    Сепак не дека не се прават целосни кујни или мебел од иверица, ама секој добар мајстор за лица ќе препорача медијапан.

    Е сега за масичка не би требало да е проблем, оплеменета иверица ќе ти заврши работ оти ќе е поефтина и нема да се туфкаш дали дете ќе ја расипе.



    Еве неколку слики од мојот дом да ја увидиш разликата.
    Купатило и кујна од фарбан медијапан, комода од фурниран и изгледа многу блиску како природно масивно дрво како масите. Комода во ходник иверица, заедно со лицата оти не ми требаше ништо посебно за таму, исто и плакарот ми е од истата.
     

    Прикачени фајлови:

    На MilaSs12, irena.1, duffi и 8 други им се допаѓа ова.
  4. mssuniquee

    mssuniquee Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 февруари 2015
    Пораки:
    3.774
    Допаѓања:
    53.088
    Пол:
    Женски
    1100€ 4 metra :) mi dadoa popust deka i izmegju elementite mi stavila isto iverka i medijapan,namesto plocki :) Prezadovolna sum a ne me fati mnogu skapo. I deka e bez racki e poskapa i meko zatvaranje ima.
     
    На aceee99, duffi, mal.ecka и 2 други им се допаѓа ова.
  5. An-na

    An-na Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 септември 2011
    Пораки:
    6.548
    Допаѓања:
    34.819
    Пол:
    Женски
    Фала ти.
    Знам за разликата меѓу медијапан и иверка. Исто дека медијапан се препорачува за средини каде што има влага и вода (кујна, купатило итн.) А и далеку е поубаво од иверка. Муабетов ми беше дека иверката можеш и малку поагресивно да ја чистиш ако се исфлека од фломастери и слично, а медијапанот не.
    Масата секако од иверка ќе биде. Се мислам дали да земам од оние што се сега актуелни метал со плоча од иверка одозгора. Најпрактично ми се гледа. Ако се оштети иверката, ќе ја сменам. А и за комодата за ТВ се мислам што да правам. Разликата во цената е скоро дупла ако е медијапан, некако додека е мало детево попрактично ми е да е иверка, па понатаму ќе правам медијапан.
    Уште ова да те прашам, за купатило дали има лакиран медијапан, ама мат? Нејќам сјај, а скоро се што се продава е сјај.
     
    На crazylady и referentka им се допаѓа ова.
  6. 1209

    1209 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2010
    Пораки:
    6.321
    Допаѓања:
    41.609
    Пол:
    Женски
    @An-na Па да имаш право, за со деца попрактично е оти можеш да чистиш и да не те плаши дали ќе се оштети, ете јас уште сега се плашам што ќе правиме со мебелов со деца ама ќе се снајдам кога ќе дојде време, па и си викам мебел е да се користи па што биде биде. Убави се тие модели за маса, малку конструкцијата метална е поскапа ама може има и поефтини варијанти, не се распрашав, нашите конструкции сега за масиве не коштаа доста, ама распрашај се ќе најдеш сигурно.
    Инаку кај мене во купатило е мат лакирано, не знам колку се приметува на сликата, ама да може да биде таков, е сега јас малку се покајав искрено оти секоја капка вода, секоја флека се познава и морам постојано да бришам со влажни, би избрала нешто пластифицирано за нареден мат или мермер за најгорниот дел.
    А за лакирање е малку покомплицирано и затоа ретко се продава, мене татко ми ми правеше се па го малтретирав малце со лакирањето.
     
  7. sweet-17

    sweet-17 Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 март 2013
    Пораки:
    269
    Допаѓања:
    187
    Пол:
    Женски
    Масата е чисто дрво така? Ме интересира како ја одржуваш. Јас ја имам една година а приметувам како да се раздвојуват деловите. Ја пребришувам ептен со малку влажна крпа ништо друго.
     
  8. 1209

    1209 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2010
    Пораки:
    6.321
    Допаѓања:
    41.609
    Пол:
    Женски
    Нова ми е, уште немам искуство, ама како што учев нормално е да се раздвојуват, дрвото се шири и собира, прима влага од воздух и си работи, пробај да не ја чистиш со влажна крпа, ептен само ако мора на некои места, онака сува мека, некоја мајца или бебешка пелена, можеш да си ја премачкаш сама со масло да ја обновиш, прашај во продавница за бои и лакови ќе ти дадат соодветен медиум исто и восоци има за одржување.
     
    На katalina, mal.ecka и sweet-17 им се допаѓа ова.
  9. An-na

    An-na Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 септември 2011
    Пораки:
    6.548
    Допаѓања:
    34.819
    Пол:
    Женски
    Ги гледав масите на ФБ. 8000 две масички една под друга одат. Многу практично ми изгледаат, па ќе видам.
    За во купатило, имаше во Солопром едно време медијапан, не фарбан туку со фолија обложен. Тој као поквалитетен бил. Мислам и мат имаше.

    Вакви се масичките:
    104131705_168107098080292_1411475269162055437_n.jpg
     
    На Mimmi39, crazylady, referentka и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  10. Ева33

    Ева33 Популарен член

    Се зачлени на:
    13 јули 2019
    Пораки:
    1.686
    Допаѓања:
    4.214
    Пол:
    Женски
    Јас сум многу задоволна од кујната што ја користам скоро 10 год.
    Медијапан со висок сјај ми е, и поминувам само со средство за стакло еднаш неделно и како нова е.
     
  11. Mami3

    Mami3 Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 јануари 2020
    Пораки:
    1.669
    Допаѓања:
    2.812
    Пол:
    Женски
    Mojata e medijapan mat ednata strana bela, drugata kaj sankot crna ,
    Napred liceto na sankot e bela se brise lesno, nema nikakov problem za odrzuvanje...si ja obozavam:yawn:
     
  12. babyboy1

    babyboy1 Популарен член

    Се зачлени на:
    15 февруари 2014
    Пораки:
    1.367
    Допаѓања:
    5.192
    Пол:
    Женски
    Здраво јас влетувам во темава ама сме во фаза реновирање и сакам кујна бел сјаен медијапан и читам ти имаш па сакам инфо со што чистиш?
     
  13. shz

    shz Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 септември 2012
    Пораки:
    6.142
    Допаѓања:
    50.513
    Пол:
    Женски
    Еве ја мојата кујна, сеуште не е во употреба,рано е уште за тоа.
    Уште некои ситници треба да се средат, тоа што виси се лед сијалички, ама нема се време да се наместат.
    Дечко ми и брат му ја направија.

    IMG_20200804_100328.jpg
     
    На referentka, buba4e89, Luminary и 3 други им се допаѓа ова.
  14. irena.1

    irena.1 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 ноември 2012
    Пораки:
    4.361
    Допаѓања:
    21.348
    Пол:
    Женски
    Со ништо :D со мокро крпче кај што факаме, затоа што нема рачки.
    Сега кречевме, па и правев генералка, па со средство за стакло ја избришав.
     
  15. babyboy1

    babyboy1 Популарен член

    Се зачлени на:
    15 февруари 2014
    Пораки:
    1.367
    Допаѓања:
    5.192
    Пол:
    Женски
    Лесна е за одржување или ќе се зафркнам?..додуша и нема што да се зафркнам нема да ја користам за готвење оти свеки готви долу мене ми е само за украс:D
     
  16. Watermelon96

    Watermelon96 Популарен член

    Се зачлени на:
    4 мај 2018
    Пораки:
    490
    Допаѓања:
    1.563
    Пол:
    Женски
    Многу лесна за одржување. И мојата е бел сјаен медијапан, ја бришам со средство за стакло. :)
     
    На babyboy1 му/ѝ се допаѓа ова.
  17. babyboy1

    babyboy1 Популарен член

    Се зачлени на:
    15 февруари 2014
    Пораки:
    1.367
    Допаѓања:
    5.192
    Пол:
    Женски
    Супер..а апаратите какви ти се и плотната?
    Кај мене и тие ќе бидат бели и наместо плочки сакам калено стакло ама со ценава некако многу скапичко е па ќе размислам пак
     
  18. Watermelon96

    Watermelon96 Популарен член

    Се зачлени на:
    4 мај 2018
    Пораки:
    490
    Допаѓања:
    1.563
    Пол:
    Женски
    Плочки, плотна и апарати ми се сиви.
     
    На babyboy1 му/ѝ се допаѓа ова.
  19. babyboy1

    babyboy1 Популарен член

    Се зачлени на:
    15 февруари 2014
    Пораки:
    1.367
    Допаѓања:
    5.192
    Пол:
    Женски
    Се двоумев и јас за сиви ама остана само гарнитурата да е светло сива и столиците бели ос задната страна а сив делот за седење за да не ми се валка бело...
    иначе бело сива ми е преубава комбинација и имам илјада идеи за додавање на декорации во боја и така за евтини пари ќе имам разни комбинации дома
     
    На Watermelon96 му/ѝ се допаѓа ова.
  20. Watermelon96

    Watermelon96 Популарен член

    Се зачлени на:
    4 мај 2018
    Пораки:
    490
    Допаѓања:
    1.563
    Пол:
    Женски
    Кај мене се е сиво, бело и црно :D
    Столиците се црно-бели и белото многу се валка. Сега сакам нешто на плаво да додадам па ќе видам. :)