Јас се мислам за ваква слична кујна, е сега што материјал е тоа црвеното позади знае некој? Не ми изгледа на плочка, веројатно е медијапан. Практично е? Затоа што може да прска од чешма и шпорет. А ако случајно се плочки, сте виделе ваква црвенкасто-бордо нијанса ама вакви долги, не обични мали плочки?
Toa e kaleno staklo,dimenzii i print boja sama si biras, mozete vo Elsa- Es da prasate oni izrabotuvaat
Калено стакло. Јас имам плочки големи, изгледаат исто ко стакло да има, ама не црвени. Многу се практични за чистење.
Јас се мислам за ваква кујна , само нз колку би била практична за одржување поради црната боја.Некој искуство ако има да сподели
Преубава е само темните површини се многу позахтевни од светлите па дури белата. На темно се гледа секоја прашинка флека и слично.... Дрвените шари се предобри. Мене долниот дел ми е дрво и е многу лесно за одржување, плус трпи флекање и прскање....
Може да го чепнеш со нешто медијапанот па да ти се направи влага и да ти се оштети, мене ми се оштети така елементот у купатилото, подобро другата варијанта.
Нема да ставаш стакла туку материјал, некои неутрални бои, како крем, сива, бела, дрво, и вградени рачки или некои убави, поедноставни и одма ќе дониеш помодерен изглед.
Мојата е слична. Прво и јас сакав скроз црна а после мајсторот ме премисли и земав темно сива. Океј е, ја чистам со сретство за стакло, а дрвените елементи се спас, ништо не се познава на нив
Утре ќе ја сликам цела, немам слика скроз Иначе толку е, 4 метра е и уште на сликата фали само садоперот. На крајот ми е како рафтови/ шпајз и баш супер сите намирници ми се таму. Вратите се со меко затворање. Пола година ја имам баш сум задоволна Машината за садови треба да ја сменам, но здравје имам побитни работи сега а и нова е.
И јас имам слична. Црниот дел кај мене е од мат медијапан,а бојата е антрацид. И не знам дали е до бојата или до материјалот, ама на тоа апсолутно ништо не се познава.
Дали некој имал искуство со prodesign despotoski, ѓо-ви ентериери, zuli mebel. До дега само кај нив најдов модел што ми се свиѓа па би сакала да знам каква им е изведбата, цената..