Мислам беа 250€ по м2 Мојата чинеше 1100€ со попуст 4m2 Ми направија и измеѓу елементи наместо плочки ставија медијапан..
Луѓе татко ми изработува кујни, многу е познат во нашиот крај, јас ги дизајнирам, ако некој го интересира можам слики да платам во лп.
Не е скапа, нормална цена е. Мене за кујна од 3 м ми побара 1800 евра.Шлог ме удри.За да се уверам дека е препремногу побарав цена од тебе. За плакар за спална 220х 190 ппбара 1350 евра.Па од злато да е по ефтин ќе беше.
Дали имаше нешто посебно во кујната и плакарот, како на пример посебни механизми внатре? Што ја оправдува оваа цена?
А правите ли доработка и преработка на кујни? Јас имам кујна правена пред 3 години, ама сакам да направам мал прераспоред и плус да додадам горни шкафчиња за да бидат до плафон. Јас во Скопје сум, работите и тука?
Луѓе, дајте кажете асална фирма мајстор за кујна од Скопје или околината. Никако неможам да најдам златна средина. За најкоректен однос и брзина би ги пофалила ВЕНГ, но 4000 евра ни побараа што ни се многу. МАД сто пати им пишам, никако одговор да добијам. Ми рекоа со скица на емаил да им пратам, и не враќаат воопшто. Од Тетово дојде една фирма, зема мерки. 3 недели чекавме за 3д план за кујна/плакар во спална/ходник за на крај да излезе дека воопшто не слушале што им рековме дека сакаме (како пример дел со стакло, островот со фиоки и да има простор за столици барски, да биде во Г и слично). Значи сосема различни скици. И пак цена ни немаат дадено. Да сме оделе да одбереме иверки/медијапан, па ќе кажеле. Цел месец само за цена да кажат. Пишав и уште на неколку други, кажаа океј цена, но неможам да најдам мислење за нив и некако на два ума сум. Ми треба фарбан мат, рустични врати. Ако некој има позитивно искуство со некој кој изработува, би било супер доколку може да сподели.
Пиши ми лп. Пипав предходно дека ние работиме со кујни, јас и татко ми, ќе ти пратам слики. Знам што сакаш, мојата е таква кујна.
Здраво, дали ќе може помош за кујна значи ми треба идеја за аголна кујна медијапан комбинација со дрво, доколу има некоја од Вас да ми прати слика. Инаку ќе имаме и голем прозорец на една страна. Фалаа однапред.
Мад студио се најокеј за кујни ама ич не се ажурни еден контакт број да добиеш 4 дена им треба па додека се договориш месец дена. Кога сме веќе кај кујни да не му паднало на памет некој да нарачува од Mebel SF жива катастрофа кујна од иверка од готовите сто пати подобра е одколку овие мизерија