Ти благодарам. Поубава да си направиш! Инаку не ставивме вакво, нормални полици се. Од лево не се гледа, има врата и од другата страна. Тоа таму го планираме за "црна дупка", односно за нешто што еднаш во годината ни треба Мислев дека нема потреба од механизам зошто имам многу простор за складирање и плус остава.. Инаку ако сте ограничена со простор, механизмот кој е на сликата што го стави ќе ви се најде ептен!
@ALISA0000 , @LadyR , па сега тоа ќоше е и бункер и црна дупка. Што заврши таму, заборавам дека го имам... Затоа барам попрактични решенија за новата кујна. Фала .
Здраво на сите. Барам мајстор/и што изработуваат кујни со иверка што сакам сам да ја купам од Солопром. Има некој искуство со некој што изработува кујни мајстор/фирма меѓутоа што прифаќа сами да си купиме материјал?
И јас би сакала контакт ако има некој пишете ми Или било кој од искуството Ваков еден најдов од куманово но не го познавам, не знам како работи и искрено немам многу доверба
Ja izgorev plotnata na dve mesta ednoto stana kako balonce a dr se izvadi malo parce. Ima nekoe care?
Zdravo Hortenzija I jas ja izgorev plotnata, golema dupka ima kaj mene i zoltilo plus pola krug se obeleza. Dali ja sredi nekako?
Jas dupkata ja lakirav so lak za nokti, sepak podobro otkolku temno da stoi, duri i doma ne ja primetile do sega .☺️☺️☺️
Ние направивме кујна од Бујото, малце прво шубе ни беше дека мн скупо ќе ни искочи ама мм рече да видиме што има. Не беше најефтино искрено ама кујната е бар за мене најдобра од све што видовме (цело скопје и тетово малтене). начекав и некој попуст лани екстра, топ. Кој дојде за кујната ми збори
Има некој сјајни црни плочки во кујна? Тешко е ептен за одржување? Сакам ваква кујна, веќе купив црни елементи ама уште се мислам за плочките
Црни елементи и црна кујна - не. А за плочките верувам дека се се приметува. Имам подни сјајни на едно место, цело време изгледаат нечисто и се откажав од рибање.
За кујнски сјајни незнам ама за подни мат никогаш не би ставиле повеќе.Флеката се фиксира во плочката и тешко се чисти многу..Повеке сум за сјајни ги имам низ дневната и одлични ми се за одржавање за разлика од матираните и едвај чекам да ги сменам.Ако имаш желба за сјајни стави ама не црни пошо стварно се ќе ти се примеќа на нив подобро нешто на крем капучино или мермерни.
Исто не ти предлагам црна рерна доколку на спроти имаш прозорец.По 10 пати дневно ја бришам дека дирек светлината во неа паѓа.