Искрен совет црното е ужас за чистење како што пишале членките погоре.. незнам за елементите, јас лично многу се зае*ав со црната работна маса по 5 пати минимум секој ден ја чистам. А дефинитивно отмено и богато изгледа стави си бели сјајни плочки 60 на 120, како што кажа црни елементи си купила да разбиеш или nude плочки искомбинирај
Имам јас,ама имам шпорет без капак и до ѕидот е и многу се познава мрсно,флека,па дури и трагите од бришење, имам и миксер за Нес кафе и тоа прска наоколу, така да не препорачувам.
@Irreplaceablee црните плочки се катастрофа за чистење. Јас имам во кујната на подот црни плочки и секоја трошка и секоја флека се познава, морам секојдневно да ги минувам со провосмукалка и џогер. Исто и во купстилото имам ама ѕидни, секоја прашинка, секоја капка вода се познава,. Многу тешко за чистење, тогаш се избрзав за плочките и многу се каам.
витрината на која што е прикачен аспираторот е подуена од пареа, бидејќи ми ја грди кујната дали би можела да ја одмонтирам и да ми направат некое огноотпорно стакло или тресам глупости? стварно грдо е испукано а кујната ми е нова
Не би требало да ти се подуе макар и само од Иверка да е, треба данавлезе ептен вода за да се подуе. Аспираторот да не не ти влече доволно па да ти створи влага од пареата? И јас имам медијапан од надвор со иверка од внатре и има доста пареа и е поти ама се нема подуено до сега, освен вода кога ни истече од бољерот од кујна ама имаше премногу па се поду тогаш.
Нашата е иверка и тоа ептен нискобуџетна,ја земавме кујната 200 е.Еве 6 год не е мрдната.Побарај го мајсторот,кажи што ти се случува.
Неколку пати му се јавив и го замолив, му реков ако треба и ќе му доплатам само да дојде, останува на ветување, а последно не се ни јавува. 800е ја платив
Богами да треба да му појдеш зошто не си ја платила ефтино и тоа не смее да се случи не е твоја вина за не квалитетен матерјал. И кај моите има иверка ниско буџетна па се нема подувано и вода се има цедено низ нејзе и истата си е. Реагирај си со време ако не запали му ја куќата
Моите се вакви. Точно се се познава посевно делот кај шпоретот постојано е со мрсни дамки и лочки од пареа, ама па многу лесно се чисти. Јас секој ден пребришувам со сунгерче и сјај за садови, потоа со мека крпа само со вода за да го упие сјајот и на крај со убава сува крпа да ја упие скроз водата. Светат, а 5 мин работа е Туку и јас сакам да прашам за ваква кујна дали има некој, претподтавувам прсти и се се познава, ама колку лесно се чисти? Ќе свети од средство за стакло?
Само со влажна крпа и после со сува убаво да се пребрише да не остане замачкано. Али најлесно за одржување е сјаен медијапан.
Па колку што гледам матирано е. Сјајниот си свети како лакирано доаѓа . Асален потешко да најдеш едино само што се најдобри иако се малце поскапи MAD Studio луѓето се врв во работата.
Кантирано е затоа е мазно. Предноста на матираново е дека е на исцело, додека сјајниот се сече и се лепи.