Мат бела имам и сум задоволна, ништо не се познава. Единствено мака мачам со вратичката над аспираторот. Испрскана ми е со нешто, мали ситни точки што се приметуваат ептен од блиску ако загледам, ама ме нервираат и не можам да ги исчистам Инаку, некој претходно праша за комбинирање плочки и црни елементи, јас имам бели ѕидни плочки, кујната е бела со дизајн на дрво работна површина, елементите ми се црни и сиви комбинирани. Плотната е црна со сива рамка околу, фурната црна со сива рачка и сива рамка, фрижидерот е сив и делот кај што е диспензерот за вода е црн, кафематот бел со сиво. Воопшто не изгледа шарено. Јас би препорачала бели плочки, плус ми го отвараат просторот.
Зависи од боја. Ако е бела мат подобро. И сјајната е лоша дека е сечена му доаѓа како фолија и со тек на време ѓубриња навлагаат по краевите особено ако е бела краевите црни ќе бидат, но по отпорна е на гребење за разлика од матот. Морав вака да ти пишам за да знаеш што да бараш.
Јас имам бела кујна мат и сум имала доста флеки што од готвење што од мало дете ишкртани со играчки. Само со оваа крпа се ми вади. Не ја рекламирам да не се разбереме погрешно. Матерјалот е како гума чуден некако ама ми врши доста работа
Мајсторот кој ќе ти ја изработи кујната ке ти даде предлози за бои и форми, доволно е да знаеш што сакаш. Дизајнерите на ентериер се препрепрескапи.
Јас би ти рекла да најмиш мајстор и архитект или дизајнер кој ќе ти ја дизајнира кујната. Оти обичен мајстор ќе ти даде идеи за бои, материјали итн.. ама нема да ти даде функционалност на кујната. Можеш да најмиш архитект/дизајнер на ентериер, а они обично соработуваат со мајстори, па според нивен нацрт и надзор ќе ти се изработи ем убава, ем функционална кујна.
Само што архитект нема да ти се замара за една кујничка, ке сака да работи цел стан. Тоа ти се 5-15 евра по квадрат само за цртеж.
Па не знам баш. Има помали студија кои работата и само кујни. Во секој случај, подобро е стручно лице да ја дизајнира кујната. Можеби на почетокот нема да почувствувате, ама понатаму сигурно. Се разбира дека е битна изработката и материјалите. Затоа е и најдобро ако може да се најде комплетен пакет, дизајнер/архитект кој доаѓа со свој мајстор.
Скоро средувавме стан и сакавме и ние така. Ама стан како стан нема простор за маневрирање со мебел, нора така како што е проектиран да го наместиш. Мебел си купивме и за кујна сакавме во некое студио. Кај и да прашаш ти нудат цел стан да средат, а тоа се 5 евра за квадрат па нагоре. Во две фирми се согласија да ни средат само кујна и цела бапнаа колку што ни зема мајсторот што го најдовме сами за цел стан. Затоа си го договоривме мајсторот и со заеднички напор ја направивме кујната топ топ. Функционална е без маана. Е сега и мајсторот е разбран, не лаже, по 2-3 пати одевме да мериме и дава предлози од искуство итн.
Ако се најми искусен мајстор нема потреба од дизајнери зашто имав прилика да чујам дека и наплатиле на жената само за кујна, трпезарија и дневна 600 евра и на крај не и се допаднала нивната идеја