Јас сум за бела. И бели ми се нарачани како малку попрскани со друга боја. Не мислам дека многу се валка. Дома имаме бели, немаме некој проблем со нив, нормално се валкаат. И јас не сум за темни плочки. Но можеш некоја кремаста варијанта да ставиш, во зависност од каква ти е кујната.
Бидејќи капарисавме стан, сега сме во хаос, смислуваме што како ќе биде, ама најбитна ни е кујната зошто немаме никаква, се друго колку за живот имаме. Е сега работата е што е ептен карактеристична, на Г е ама кај краткиот дел има вдлабнување и тоа доста. Така да се плашам тој дел да не ми остане не искористен. Е сега, се мислев во тој краткиот и вдлабнат дел да се стави најпрво голем плакар, па потоа да иде нешто на агол, и на долгиот дел да се нареди се што следи, мијалник, машина, шпорет,работна маса и на крајот фрижидер....кујната е тесна и долга па и немам нешто многу за размислување. Исто не знам и за боја и материјал, знам дека сакам да е сјајна и црно бела, ама не премногу на црно, е сеа не знам дали иверка или медијапан. Уствари јас ништо не знам, ни да објаснам не знам.
devojki kako prvo izvinete za fontot no nemam mk podrska. Sakav da ve zamolam za pomos i sovet ili pak nekoja programa kade sto moze da vidam kako ke odgovaraat boite. Imame salon so kujna, garniturata ni e crvena boja pa sega me interesira kakva da bide bojata na kujnata i kakvi plocki, i kakva boja da bidam zidovite vo salonot, znam deka ve macam so poveke prasanja ali mnogu ke mi znacat mislenjata od vas poiskusnite. Odnapred blagodaram za mislenjata
Сакав голема кујна, на сред со работна маса, аспиратор, нешто како во амерички стил, ама треба многу простор, па за тоа ќе се задоволам со нешто помало и функционално. Спојлер