1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Кујни

Дискусија во 'Дом' започната од blondini, 22 март 2011.

  1. mamaorhidea

    mamaorhidea Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 мај 2017
    Пораки:
    374
    Допаѓања:
    416
    Пол:
    Женски
    Можете да прашате и во салоните за мебел таму и ќе ви ја исцртаат и ќе ви ја сработат и монтираат. Јас мојата во Јумис ја нарачав и сум презадоволна. Си имаат фабрика и изработката на елементите е многу подобра во однос на тоа со приватен мајстор кога договараш. Цената ќе ви ја пресметаат во зависност од тоа каков материјал ќе одберете и која големина е кујната.
     
    На pamelche му/ѝ се допаѓа ова.
  2. MilaSs12

    MilaSs12 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 април 2020
    Пораки:
    8.650
    Допаѓања:
    18.251
    Пол:
    Женски
    Може да ми пишеш колку ви наплатија за која големина? И во порака може. Ние друг мебел од тему зедовме ама за кујна се преценија.
     
    На Снегулк@23 и mamaorhidea им се допаѓа ова.
  3. pamelche

    pamelche Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јуни 2011
    Пораки:
    5.421
    Допаѓања:
    17.011
    Јас не се разбирам во материјали, вака нешто на лик имам замислено, бело со крем. Па каков материјал да биде плотната а каков вратничките? Секако квалитетно, да не мењам кујна на 5 години. И исто, што би можело лесно да се замени ако ете во случај нешто се случи :)
    @1209? ако си уште на форумов :D
     

    Прикачени фајлови:

    На Alishan30, IRBBB и Suze18992 им се допаѓа ова.
  4. Suze18992

    Suze18992 Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 март 2020
    Пораки:
    1.121
    Допаѓања:
    1.594
    Пол:
    Женски
    Pobaraj gi mebel lama na fb,jas sum zadovolna kako ja napravija mojata sto e bitno dadoa dobra cena za kujna ,komoda i klub masa 1600 evra i uste pobitno ne docnea so montazata
     
    На pamelche му/ѝ се допаѓа ова.
  5. Suze18992

    Suze18992 Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 март 2020
    Пораки:
    1.121
    Допаѓања:
    1.594
    Пол:
    Женски
    Мојата кујна е слична на оваа што ја сакаш само плотната е потемна :)
     
    На pamelche му/ѝ се допаѓа ова.
  6. pamelche

    pamelche Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јуни 2011
    Пораки:
    5.421
    Допаѓања:
    17.011
    Дали е голема кујната?
    Ако може да ми пратиш слика во лп :)
     
  7. 1209

    1209 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2010
    Пораки:
    6.307
    Допаѓања:
    41.456
    Пол:
    Женски
    Памелче ова може само со фарбан медијапан да се изведи, мојата е таква, малце е поскапо ама лесно е за одржување ќе треба да пазиш само да не ја чукаш многу оти може да прима вода и да се расипе ама не би требало ќе си ја пазиш.
     
    На mal.ecka, pamelche и Alishan30 им се допаѓа ова.
  8. Alishan30

    Alishan30 Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 јуни 2018
    Пораки:
    7.044
    Допаѓања:
    118.733
    Пол:
    Женски
    Мојава е ваква слична со потемна плотна налик на дрво.
    Белиот дел е фарбан мат медијапан.
    Презадоволна сум како излезе
     
    На pamelche му/ѝ се допаѓа ова.
  9. mamaorhidea

    mamaorhidea Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 мај 2017
    Пораки:
    374
    Допаѓања:
    416
    Пол:
    Женски
    Мојата е ваква слична само што наместо ѕидни плочки имам ѕидна облога од истиот материјал како работната плоча. Кај мене лицето (вратичките) е медијапан фарбан бела боја мат, ама не онаа ептен бела што ја викааат алпска бела туку ќе си бараш од потоплите нијанси на бела (тие повеќе одат во комбинација со дрвото) имаш повеќе избор во каталозите каде што ќе нарачуваш и работната плоча ми е од новомак таму имаше повеќе избор на имитација на дрво.
     
    На pamelche му/ѝ се допаѓа ова.
  10. anggell

    anggell Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 ноември 2011
    Пораки:
    5.426
    Допаѓања:
    10.467
    Пол:
    Женски
    Избери си мајстор, тој ќе ти нацрта според просторот ако сакаш измени секако ќе ги направи доколку одговараат и се возможни.
    Така е најлесно и финансиски поолеснително.
    Искрено никогаш не би дала пари за дизајнер, барем во денешно време пристап до интернет, знаеме од прилика што сакаме, со добар мајстор се постигнува саканиот резултат.
    Ова дизајнерите пари земаат скоро колку кујна да направат :D
     
    На elimkd, referentka и pamelche им се допаѓа ова.
  11. pamelche

    pamelche Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јуни 2011
    Пораки:
    5.421
    Допаѓања:
    17.011
    Ти благодарам на одговорот.
    Бидејќи се работи за мал простор, јас имам идеја за изглед но не и за функционалност и правилно искористување на простор :D
     
  12. anggell

    anggell Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 ноември 2011
    Пораки:
    5.426
    Допаѓања:
    10.467
    Пол:
    Женски
    Најди си добар мајстор тие на лице место веднаш ја исцртуваат според просторот, секако може со измени по твоја желба.
     
    На pamelche му/ѝ се допаѓа ова.
  13. Ula

    Ula Популарен член

    Се зачлени на:
    29 јули 2013
    Пораки:
    430
    Допаѓања:
    1.185
    Не знам дали најде некој за кујната, еве ако не си нашла јас ќе ти ја дизајнирам и ќе оставам ти колку сакаш толку плати ми ☺️
     
    На pamelche му/ѝ се допаѓа ова.
  14. pamelche

    pamelche Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јуни 2011
    Пораки:
    5.421
    Допаѓања:
    17.011
    Мајсторот ја дизајнира:D
    Малку чуден и мале просторот, без непотребни ќошиња и затоа барав некој да го направи функционален ама завршив работа веќе, мислам дека максимално го искористивме.
     
    На mal.ecka, Ula и anggell им се допаѓа ова.
  15. Sandra Di Kazmo

    Sandra Di Kazmo Активен член

    Се зачлени на:
    16 септември 2021
    Пораки:
    66
    Допаѓања:
    113
    И јас сама си ја дизајнирав мојата сега ќе се селиме во нов стан и за таму сама веќе си ја имам нацртано, море цел стан го имам со се плакари чуда pinterest да е здрав и жив хахах золвами така изнајми фирма како што им одговараше нив така и ја скроија како оклопно возило дојде а еден куп пари.
     
  16. butterfly_91

    butterfly_91 Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 јули 2020
    Пораки:
    159
    Допаѓања:
    672
    Пол:
    Женски
    Може ли да отидам со спецификација во Новомак и да ми ја средат и кантираат по мерки?
     
  17. Finna

    Finna Активен член

    Се зачлени на:
    18 септември 2021
    Пораки:
    11
    Допаѓања:
    4
    Пол:
    Женски
    Kakov medijapan koristite za kujna... farban, gotov, furniran? Koj e najdobar izbor, bez razlika na cena?
     
  18. SexyDarling

    SexyDarling Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 мај 2011
    Пораки:
    122
    Допаѓања:
    212
    Дали мислите дека е паметно да ставам гранитен мијалник во кујната, дали лесно се одржува и со какви средства?
     
    На Горан. Н му/ѝ се допаѓа ова.
  19. ALISA0000

    ALISA0000 Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 февруари 2014
    Пораки:
    14.993
    Допаѓања:
    167.840
    пластифциран
     
    На Finna му/ѝ се допаѓа ова.
  20. thekm

    thekm Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 октомври 2021
    Пораки:
    16
    Допаѓања:
    15
    Пол:
    Женски
    И иноксните и гранитните мијалници си имаат pros and cons.
    Гранитните се почувствителни во однос на гребнатини и хемикалии, ама се понечујни и ако избираш посветла боја помалку се познава бигор (ама имај на ум дека и полесно можат да се исфлекаат). За чистење општо советуваат да избегнуваш силни хемикалии.
    Иноксните се далеку побучни и ако водата е тврда кај што живееш, одма го губи сјајот и цело време го бришеш, ама па со што и да исчистиш за минутка светнува и како нов е. Зависи што ти треба и што преферираш, јас пред скоро време избирав, но кај мене ми требаше темна боја и според сѐ повеќе ми одговараше иноксен.
     
    На SexyDarling му/ѝ се допаѓа ова.