Има едни додатоци, не знам како се викаат.. Кога ќе го монтираш водата тече помеко, повоздушесто некако, плус ја има и таа опција како капки од туш да тече.. Пробај може ќе те бендиса. И мајка ми има ваква висока чешма, ама па ми се мн практични за миење тенџериња, за полнење шишиња итн итн
Ние го намаливме притисокот на водата во кујна и сега немаме проблем. Инаку прскаше насекаде. Мене овие додатоци ич не ми се убави, ептен грди се. @Dust ако ти текне, прати слика какви се тие додатоци?
Здраво, си имам проблем со кујнава високосјаен медијапан.. со што и да избришам се познаваат флеки. Какво средство да земам
Јас имам високосјаен бел медијапан и ја бришам за 5мин си влажните од Дм . Сјае. Ги има со калинка и со лимон и цитрон.
На глос влажните за стаклени површини се права ствар. Бела сјајна медијапан кујна, прво сјај и сунѓер и по нив пребришувам со влажните. Како нова.
Се мислам за кујна од иверица мат со дрво. Дали вреди да се заштеди на медијапан? Дали е лесна за одржување. Мене не ми е само за да ја имам за украс. Ваква нацртав, едноставна. Дрвото не е баш како што треба и вака треба да изгледа во живо. Втората е комбинација од иверица и медијапан.
Слична е и нашата кујна, мат медијапан, само антрацид и светла сонома. Спојлер: Кујна Еден добронамерен совет, горните полици направи ги до плафон, искористи максимално простор-и поубаво изгледа и секој цм плус в кујна значи и уште нешто-наместо иверка/медијапан плоча, наместете плочки, полесни се за одржување. Многу малку ми е користена кујната, а веќе имам масни дамки. Не се познаваат, ама јас ги знам.
Многу слична комбинација на кујна ќе правиме и ние како првата слика, дрвото и кремот мислам дека се идентични со тие што ги одбравме. Само разлика е во тоа што имам плочки место плотна на зидот. И плотната ми е дрвена исто како елементите горе. Ние одбравме се од иверка, моментално преголем финансиски терет ми е за медијапан, доколку имам финансии понатака можеби би ги сменила само вратичките но верувам и очекувам да не служи барем 4 5 години. Е сега ја нарачавме искуство можам да ти кажам тек за месец два.
Веќе имаме плочки, ама сакам да ги сменам не одговараат и ќе биде светло како втората слика не дрво дезен.
Има некој искуство со следниве садопери и чешми? https://www.elektropromet.com.mk/in...ник-чешма-еко/eko_490_mijalnik_cesma-2-detail Или предлог за добар сооднос цена и квалитет за садопер, се мислам дали гранитен дали инокс, но пред се ми е важно да не е некоја ненормална сума.
Што е за тебе ненормална цена? За садопер и чешма гранит платив 200€, нешто како на твојот линк цената, само садоперот е помал и со рамен дел за цедење. Реалноста е ако земеш црн спреми се за траги од бигор кога ќе се засушат капките вода, ако е светол ќе се обојува од една чаша кафе и мора да внимаваш да го чистиш редовно. Јас ризикував комфор за естетика, а реално и ретко мијам. Иноксен не можам да смислам, ниту ми одговараше на кујната.
До 200 евра е прифатливо, ненормална цена мислев Тоа е океј цена до 200 евра за садопер и чешма, од каде го зема? Сега што ги гледам јас само садопер се движи цената од 200 евра нагоре плус чешма. А тие како вградени иноксни што се монтираат под плотната и многу повисоки цени имаа. Се што ми се допаѓа е со повисока цена стандард. Јас сеуште сум неодлучна за дали инокс да биде или црн, но до 1 мај мора да одлучиме и да купиме.
@CareTee нас ~200€ не фати ваков садопер https://www.elektropromet.com.mk/in...i/kompozitni_mijalnici/orion/orion_570-detail и чешма заедно од мебло трејд. Ама барај директно во продавницата, евентуално на фб ако има, веб страната е крш.
Ти благодарам, како си задоволна за одржување тешко лесно? Естетски повеќе ми одговара црн и со кујната и изглед нормално, само малку помал од вашиов, помала ми е и кујната немам толку простор.