Во Скопје живееш ? Кај мене од скопскава вода ептен бели флеки се познаваат и лошо изгледа. Може заради бигор подобро е гранитен во крем или сива боја отколку темен или пак иноксен.
Колку се цените за кујна по мерка со просечни материјали ? Ми дадоа понуда, па сакам да пресметам дали е нормална ценава или скапо е ..
Дименизија на кујната? Елементи, полици, фиоки, плотна? ....Кои се тие просечни материјали? За мене едно е просечно за тебе е друго... Можеш да побараш понуда со готов проект од други мајстори па да споредиш....
Со иверка , 2.70 м, два реда висечки и се вградено 800 евра. Само плотната прва класа. Ама ова пред поскапувањата. Сега речунај 1000-1200.
Точно, меѓутоа со сода и врела вода многу лесно се чисти, јас имам сличен како на referentka 10.000 го платив голем е широк и навистина се по практични од останатите, кај мојот умивалник пишува Telma и сум многу задоволна.
Мене мојата ме фати 2 000 евра и плус ситно нешто. Медијапан ми е материјалот не е огромна да речеш ама не е ни мала, некоја средна големина со елементи на Г. Ова се најнови цени, почнаа веќе да ми ја местат. Се е поскапено за жал.
Не е позната фирма, не сум од Ск, човек кој има мала фирма, си работи од дома. Види од местото од кај што си во секој град има мајстори од кои се задоволни, така поефтино ќе ти излезе и плус како што сакаш ти ќе ти ја направат.
Двете кујни се различен стил, првата е рустикална, втората е помодернистичка кај неа подобро би било според мене и долните елементи да се целосно еднобојни. Зависи од целосното уредување на просторот која би се вклопила.
Друштво, дајте препорака од каде да купам квалитетен гранитен мијалник и чешма? Само да не е некоја астрономска цена...Битен е квалитетот секако
Me interesira kujnski masi i stolici od kade po pristupacni ceni.... koga se sreduva stan realno bara i mnogu troshoci.... pa da ne e nesto vo plafon ceni Predlog saloni
Јас кога гледав мебел ви, југоекспорт, прима мебел, беа со така пониски цени. И квалитетот според тоа. Сега со поскапувања не знам како им се движат цените.
Се е супер ама цените ми се надвор од буџетот. 500е за мијалник ми е многу. Чешма и мијалник да биде таа цена би било прифатливо, или мијалник до кај 300е