Види во мебло трејд, имаат продавници во Битола и Прилеп, ама имаат и профил на фб, услужливи се многу.
Кај мене е фарбан мат медијапан а кај мајка ми сјаен медијапан ама со фолија. И двата се убави само рачунај тоа што е со сјај многу се познаваат прсти, јас најмногу поради тоа мат избрав и не се покајав. Кујната ми е ептен на видно место и една точка ако има ќе се познава. Јас секогаш бирам она што полесно се одржува, не би сакала постојано со крпата во рака да бидам. Ама сепак кој како ќе си одлучи, во секој случај и двата се убави на изглед само сјајот бара повеќе одржување, за некој како мене што му смета прсти по кујна и капки вода.
Мојата е исто мат фарбан медијапан, задоволна сум многу, со едно поминување со микрофибер и средство за стакло е чиста. Не се познаваат прсти, ама тоа зависи и од типот на отварање што ќе го избереш за фиоките и висачите.
Здраво дали некоја од вас има бела кујна? Јас сакам да порачам бела кујна но многу ме предомислуваат. Сакам да слушнам и ваше искуство со бела кујна.
Јас имам бела кујна исто и јатрва ми. Не знам од сакаш да ја правиш, дали иверка или медијапан мојата е иверка и многу се Прља си бара редовно бришење. Додека пак на јатрва ми е сјаен медијапан и можам да кажам дека од бела стана жолта медијапанот ја смени бојата не знам зашто и многу се познаваат прсти моја препорака доколку сакаш бела кујна медијапан меѓутоа мат ако има сјај никако
Јас имам бела мат медијапан и е многу лесен за одржување. Иверка и сјаен медијапан ни јас не би сакала. Кај мене само вратичките се медијапан внатре е иверка.
Пожолте за отприлика 5 години сонце ја фаќа да меѓутоа е секогаш со спуштени ролетни никој не е пушач и се грее на парно а од што пожолте поима немам. Далеку е поквалитетна од мојата сепак е медијапан и пак ќе кажам ако сакаш бела само медијапан мат
Мојата кујна е бела мат (фарбан)медијапан, ја имам година ипол редовно ја бришам само со средство за стакло и до сега можеби три пати со сјај за садови и иста си е како кога ја монтираа.