И ние имаме бела кујна. Сјаен медијапан,меѓутоа фарбан, ако има некоја разлика. Воопшто нема промена во бојата веќе трета година. Намерно ставивме фарбан, за лесно да може да се пребои доколку има потреба меѓутоа засега не се јавил проблем. Единствено што ставивме сјајни рачки, сребрени е на нив се познаваат отпечатоци и флеки ама и тие лесно се чистат.
Квалитетен медијапан сјаен или мат нема да смени боја. Имам плакар со сјај, бел си е. Кујна мат, бела си е. Преку 8 години. Лично, матот ми е поубав и полесен за одржување, на сјајот има прсти, а матот не го ни бришам толку често реално. Кујни сјаен медијапан се веќе демоде, треба дизајнер да го нацрта за да е моментално модерно. Ама тоа е веќе ствар на вкус.
Имам дилема фурната каде да ја ставам, дали да ја ставам на високо ниво или да ја ставам под ринглите. Првото решение е за да ја зачувам кичмата, а второво за да ми е под аспиратор и да не ми го умирисува цел простор, пошто е отворена кујна, голем простор, влез-ходник споено со кујна, трепезарија и дневна. Како ви се поставени рерните дали би направиле промена ако можете?
Рерната ми е на високо ниво и не би ја менувала, практично е многу. И мене ми е во отворена кујна и ако печиш нешто нормално е да мириса тука аспиратор воопшто не те спасува.
На високо ниво ми е и презадоволна сум. Има внатре вградено аспиратор и кога ќе ја исклучам и отворам почнува да работи автоматски
Да почнува да влече на внатре кога се отвори. Некој нов модел е веројатно не знам дали го има во мк. Во Швајцарија сум Зук пишува на неа
Здраво, совет за вградени елементи, која фурна и машина за садови ја препорачувате? И дали е некој задоволен и од вграден фрижидер? Естетски многу поубаво изгледа, но во пракса сигурно е проблематично
Еве јас ќе кажам од свое искуство имам плотна и фурна на фирмата VOX и сум задоволна имам и вграден фрижидер на GORENJE и од него сум задоволна
Еве како изгледа Ништо посебно не го одржуваш бришеш и тоа е тоа не сум дозволила до сега да се собере вода ова за горниот дел А за фиоките е друго се чисти како секој фрижидер
Друштво, дали некој има искуство со ламинам или компакт плоча за работна површина? Правам кујна па ја разгледувам опцијата да ставам ламинам, многу ми се свиѓа тој стил
Никако не можам да ја погодам бојава, во салон се уште не сум била, нормално не е исто со приказот на нет. некако ми е како светло сиво-крем изгасена.. help? Ова ми е нешто приближно..
Мене ова кујнава на бело ми личи. Светло, сенка и не може бело да ја покаже. Ако буквлно се гледа да е ист тонот, ондак да, личи ко тоа што си го ставила. Ама рачунај ќе добиеш сива кујна, а не како оваа.
@Sim1234 ипак може да не е бела ја гледам чешмата има бело па да сум грешка . Ама сепак имај предвид дека со оваа сива што си ја ставила може посиво да излезе. Некоја пудра боја накај сиво, ама накај крем не ми оди, таа има жолти тонови, оваа нема.
Не сум сигурна дали е истата,имам ваква боја кујна, медијапан, Бланко се вика бојата. Бар мајсторот што ни ја правеше така кажа. Валда е истата , валкано бела е.