Тежок ми е за одржување, бигор има на делови што не се дочистува. Прљаво бел ми е, па за да го светнам да обеле со варикина го чистам. И тогаш сакав испод плоча да ставам, мајсторот не ми се нафати ама сега ќе барам таков, а тие се претежно инокс. И во глобала од хигиенски причини иноксот ми делува по прифатлив.
Здраво девојки се мислам помеѓу сјаен и мат медијапан за бела кујна.Иако сакам да е мат,страв ми е да не е ептен тешка за чистење. Исто така неможам да се одлучам дали бел или црн мијалник и чешма(од иста причина). Ако може помош со ваши искуства
Мат ми е многу поубаво, а за чистење не знам. За мијаликот и јас се мислам, повеќето коментари се негативни, но на youtube видов како го чистат, и на крај со масло се премачкува, па се брише и ми делува дека не е така старшно за оддржување.
Кога кујната е заедно со дневна соба (околу 27м2), со каква јачина треба дабиде аспираторот? Најчесто се 365 м3/ч, а има и со 650м3/ч.
Здраво, планирам да правам кујна, и како што планирав фурната ми доаѓа на место каде што нема трофазен штекер. Е сега уште немам купено фурна (ниту плотна), и ме интересира дали одделените фурни и плотни се со обичен монофазен штекер? или се како обичните шпорети со трофазен?
Не се сеќавам најдобро ама мислам фурната дека беше со монофазен штекер, а плотната ја ставивме со трофазен.
Здраво девојки, дали некој скоро правел кујна од медијапан, со поновиве цени, и колку отприлика ве коштало? Гледам медијапан на Кроношпан има дури и од 4000, поевтино и од иверка. А медијапан мат 21 000 на Егер. Јас планирам со иверка Егер, и абс трака. Се уште не можам да се одлучам за бојата на кујна, во Г ми е, едниот дел ми е со кабинети до плафон, а другиот дел ми е со работна маса и висечки елементи, и завршува пак со кабинет целосен. Дали сте виделе комбинција од иверка и медијапан, пример едниот дел ако ми е со бело, да биде од медијапан, а другиот сив од иверка? Немам отидено до салон (нема во мојот град) и не сум ги видела во живо како изгледаат, кога би видела пред мене материјал сигурно од прва нешто ќе ме фати око. Сега скоро треба да отидам до Скопје, но прво вака ги разгледував опциите, чисто да знам што да барам.
Девојки гледам во последно време наместо зидни плочки во кујна ставаат гранитни плочи без фуга. Дали некој може да ме упати како да најдам кај нас такво нешто и дали има некоји онлајн страни кај што може да се види
Како што имам гледано на видеа тоа е цела плоча исто како работната плотна. Најверојатно ја птават според димензии
Имам јас така ама медијапан не е плочка А плочка без фуга никој нема да ти се нафате да ти лепе Мора ако ништо бар наситната 3-5мм
Погрешно ме разбравте, не знам точно како се вика тоа како плоча цела се става наместо плочки на ѕидот. За тоа прашувам, како се вика, дали има кај нас и која му е цената. Не ми е битно со што се лепи и колку фуга ќе има
За на ѕид не знам, ама на под се ставаат со фуга 1мм. Дали може и на ѕид не знам. Прашај саглам плочкар. Плочката исто така има врска, ласерски сечена, прва класа најубаво ама се поскапи и се чекаат. Јас на под ќе барам со 0 фуга да ми ги стават, ама во просторија каде што нема вода, очекувам 1-2 мм сепак да има најмногу. @**MajkaE ** го бараш материјалот уствари видов. Плочки ако се има големи димензии во салони со плочки и санитарија. Ако е вистински гранит тогаш оние кои работат со камен прашај. Ама мислам дека тоа што го бараш се плочки со голема димензија и дизајн на гранит/мермер/камен. Еве уште еден едит и толку . Во шате бендисав плочка што е колку цел ѕид и 1м2 беше 6000 и кусур, а самата плочка е 3-4м2 и се откажав.
Многу ми е тешко од ова да оценам што е. Сега има толку добри имитации. Ова пошто и работната и ѕидот е исто претпоставувам дека е или од они ѕидни плочи или е вистински мермер. Плочка не би требало пошто не се става на работна плотна.