Во Србија, овие нашите го дистрибуираат со висока маржа а од таму можеш да си нарачаш по точна димензија по поевтина цена.
Убави кујни постирате сите погоре, туку дај споделете искуство какви се вашите кујни, колку коштаа, од кој материјал се изработени, кој ви ги изработуваше и колку сте задоволни. Разменете некое лично искуство.
Сакам мала кујна ама убаво подредена да се знае кое каде стои. Сакам и убавo подредени полици со зачини, тестенини
Синетемпоре кујна е еден од оние инспиративни дизајни кои компонираат совршен простор за готвење кој е совршено декориран со рачно редени елементи.
Леле и јас е арно ама сега се мислам, цело време требало со крпа во рака да сум, да пребришувам отпечатоци од прсти. И сега сум на сто ума. Еден ден си викам е ако де, и онака кујната е многу мала, башка јас само горните елементи ги планирав од бел сјаен медијапан, па му доаѓа многу мала површина за пребришување. Следниот ден си викам кујнава е на удар, споена е со дневната, плус светлина паѓа дирекно на неа што се заебавам. И така времето не притиска, одлука треба да се донесе, и стварно незнаеме што да правиме.
Јас и маж ми сами ја осмисливме кујната, ја исцртавме со точни димензии, одбравме и нарачавме иверка каква што сакаме, за корпусот сива, а за вратичките ваква: Маж ми го склопи корпусот, еве денес ни стигнаа и вратичките, горните ги поставивме, се надевам утре ќе ги поставиме и вратичките за долу. Горните висечки елементи се без рачки како една целина. Излезе баш така како што си ја имавме замислено, дури и поубава. За нашата кујна баравме понуда од неколку фирми што изработуваат кујни и ќе не чинеше нешто повеќе од 1000 евра. Вака ни излезе на пола од таа цена, со тоа што си избравме какви сакаме материјали, квалитетен оков, и појачана е со шрафови и повеќе отколку што треба. А и двајцата уживаме во 'направи сам' , задоволството кога на крајот ќе го видиш своето дело . Да напоменам дека станав и експерт за материјали за кујни, плотни, иверки, оков, изработка. Па ако ви треба помош кажете.
Девојки, треба да правиме кујна, скроз нова, мал е просторот и мора по нарачка. Столарот зема мерки за кујната (се разбира наш дизајн) и плус за 2 плакари со лизгачки врати..значи се на се со материјал, работна рака, монтажа, кујната и плакарите ќе не чинат 1400 евра. Што викате вие се исплати или...? Јас немам искуство за ова, па добро би ми досол совет.
Е каков совет бараш сега, за цена или што ?!? Цена зависи од големина односно должина на кујна, вид на материјал, какви механизми ставаш, боја па дали е висок сјај или мат боја, апликации...
Јас моментално правам кујна и плакари и се друго по дома . Јас на почетокот собрав неколку понуди. Исто и мојата кујна е мала. Но ништо не си ни претцизирала. Значи пиши димензии на кујната и плакарите. Да не имаш некои специфични барања. И најважно материјалот од кој ја правиш кујната. Јас пак имам впечаток дека мајсториве малку од ракав си ги тресатат цените. Јас на сите мајстори има ги кажував буквално истите барања и понудите се движеа од 700 евра па до 1600. Кој колку си го цени трудот