Да, постојат цело мермерни плочи. Негде во свет сум гледала на телевизија. Пиши мермер Прилеп на пребарувач, ќе ти излезе некоја фирма, јави се, прашај. Одлична идеја е, ама скапа. А и далеку ми е Прилеп.
Ве молам да ми дајте некој совет плус на што да внимавам при избор на кујна.. сакам да најдам мајстор да ми направи кујна, скромна, од мијалник и неколку дополнителни делови што се клаваат на зид и една плотна (таа ваљда е иверица?!).
Може е мермер или плочка од најголемите 1,20×60... Вакви позадини сум гледала од стакло, мермер и дрво. Ама во Мк не знам
Комплексна наука ти е кујна. Работната плотна е стандард материјал, ламиниран, посебен состав, отпорен на влага топлина и сл. останатите материјали за работна плотна се сите поскапа опција. Кабинетите се обично иверка, исто така друг материјал како медијапан е поскапата варијанта. Не знам што друго те интересира за да запазиш. Ако ставаш или ако ти нуди механизми и тие се колку пари толку музика, во стилот на меко затварање тој е најчесто употребуван и за врати и за фиоки. Корисна работа се оние вагонетки кај што се чуваат шишиња, масло, оцет и сл. Ако љубиш да чистиш не ставај цокле, крени ја кујната на ногарки. Ако сакаш да искористиш максимум простор, висечките направи ги до плафон. Мојата кујна е исто така некои 5-6цм повисока од стандардната висина на работната плоча, за повисоки луѓе тоа е исто топ решение.
Претпоставувам прашуваш за калено стакло или ѕидна облога од медијапан. Јас имам ѕидна облога, таа ја има каде што ќе го нарачаш и материјалот за кујната исти има како работната површина само се потенки за на ѕид. Прашај си на местото каде што ќе го бираш материјалот ќе ти објаснат.
Изгуглај или пиши на фб стакло за кујна или калено стакло за кујна и ќе ти излезат фирми кои го изработуваат. Јас имам такво. Предобро изгледа и многу полесно е за чистење од плочки. А може и човекот / фирмата која ќе ти ја изработува кујната да ти го набави.
Ние ставивме вакво на кујната наместо плочки Ѕидна облога од медијапан е,јас сум многу задоволна многу убаво изгледа и лесна е за одржување
за гранитен не можам да ти кажам ама црна керамика за одржување е топ. Се мислевме за бела ама ни рекоа дека мн. флеки ќе се познаваат и подобро црна. мислам дека керамиката е малку поскапа од гранитот ама според мое мислење се исплати.
не е само прашањето мат или сјај туку зависи од квалитетот. Има мат кои имаат слој кој штити да не навлегуваат флеките. Тоа нормално ја крева цената, ама се познава на изглед веднаш. Ептен лесно се чисти - малото стално е на островот и се нешто јаде, па паѓа измеѓу столчето и фронтот, а додуша и фаќа по фронтовите и пр. со чоколадни раце, ама само поминувам со сунѓер натопен само со вода и веднаш се чисти. Препорака за садопер е црна керамика. Исто и чешмата ни е црна и мене лично многу ми се допаѓа комбинацијата. Додека да се одлучиме посетивме мн. студија и не советуваа неколку специјалисти кои со тоа се занимаваат; додека траеше изборот беше напорно, ама кујната е доста битна. Најубаво и ти да се прошеташ низ салоните и да си видиш и на лице место.
Ние имаме вака, стакло е ова. Од стаклара го порачавме, имаше во која боја сакаш или со некоја слика. Е сега имаш и калено стакло ако во близина имаш рингли, тоа беше поскапо. Не се сеќавам точно на цената ама мислам околу 3000 ни дојде за цел ѕид. Дополнителен трошок е ако треба да се сече некаде за штек. На обичното стакло не многу, ама на каленото беше околу 1000 од сечење.
Не ми текнува точната цена,скоро исто како и плочки беше Мајсторот што ни ја правеше кујната ни ја порача и таа,на крај во вкупната цена беше израчуната
Се откажав скапо ми е . Следно прашање. Дали има некој бела работна плотна? Лесна за одржување, се познаваат флеки, пожолтува со време? Пукната сум да ми е бело, а ми е страв.
Мермерот ќе ти искочи како егер работна маса ама друг е муабетот како ќе ги чистиш - не трпи абразиви, впива боја. За гранит немам искуство. Ако многу готвиш оди на сигурно со дрво боја, најсветлото, трпи топлина, дамки, средства.
Јас имам бела работа плотна скоро 6 години не ми е пожолтена меѓутоа се познаваат флеки треба редовно чистење.Моја препорака бела да не ставаш одбери боја на дрво другото нека биде бело.