1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Кујни

Дискусија во 'Дом' започната од blondini, 22 март 2011.

  1. Mucika

    Mucika Популарен член

    Се зачлени на:
    18 февруари 2012
    Пораки:
    2.835
    Допаѓања:
    4.518
    Со виледа ако пребришеш не искачаат флеките? Треба да изрибаш пример со полирапид за да излезе?
    Имам дрво боја момемтално топ ми е, ама на дизјанот што го сакам сега само бело оди...:whew:
     
  2. mama*rose

    mama*rose Популарен член

    Се зачлени на:
    3 декември 2018
    Пораки:
    243
    Допаѓања:
    1.001
    Пол:
    Женски
    Ги бришам со cif и добро рибање и излегува
     
    На Mucika му/ѝ се допаѓа ова.
  3. Sim1234

    Sim1234 Активен член

    Се зачлени на:
    7 октомври 2022
    Пораки:
    46
    Допаѓања:
    10
    Дали кај нас сте сретнале ваков мијалник? Oвој е од Ikea.
    Моментално и разгледувам наши страни што увезуваат од Икеа, дали имате искуство со некоја?
     

    Прикачени фајлови:

  4. Mucika

    Mucika Популарен член

    Се зачлени на:
    18 февруари 2012
    Пораки:
    2.835
    Допаѓања:
    4.518
    Барав пред 7-8 години и се откажав затоа што овој тип садопери се често порцелански/керамички и кога читав имаше доста лоши коментари дека во минимален удар со стакло веднаш се крши стаклото.
    Овој на сликава може и гранитен е ама не сум видела кај нас. Осигурај се и дека ќе знаат да го монтираат нашите столари пред да го нарачаш.
     
    На Sim1234 му/ѝ се допаѓа ова.
  5. Sim1234

    Sim1234 Активен член

    Се зачлени на:
    7 октомври 2022
    Пораки:
    46
    Допаѓања:
    10
    Фала ти, гледав на youtube, многу е лесна монтажата. Ама точно, прочитав дека се многу кршливи. Па и отпосле ако сакаш да го замениш, мора пак во ист стил, инаку ти останува таа дупка на фронтите. Плус па и каде ми е садоперот, близу аголот, измерив, нема да може да се отвара другата вратичка заради овј дел што излегува надвор. И така се откажав.. И добро е што ми се ближи датата за мерки (инаку цело време се премислувам со кујната :sweat::D).
     
  6. Mucika

    Mucika Популарен член

    Се зачлени на:
    18 февруари 2012
    Пораки:
    2.835
    Допаѓања:
    4.518
    Иста сум, на крај ми се одмили и сакам само да завршам.

    Не знам дали тебе те советував за гранитен или иноксен садопер, гласав за иноксен божем дека полесно ќе го одржувам, ама математиката со тој што го сакам ми испадна налудничаво висока и сега си се враќам пак на гранит изгледа. :D И тоа уште похрабро, чист бел сакам овојпат, па гостите секако нема внатре да ѕиркаат ако има флеки...
     
  7. Sim1234

    Sim1234 Активен член

    Се зачлени на:
    7 октомври 2022
    Пораки:
    46
    Допаѓања:
    10
    Хаха, исти сме! Браво за храброста, јас за црн гранитен :whew::rofl:
    На крај само да сме среќни како ќе излезе се.
     
    На Mucika му/ѝ се допаѓа ова.
  8. Sim1234

    Sim1234 Активен член

    Се зачлени на:
    7 октомври 2022
    Пораки:
    46
    Допаѓања:
    10
    Дали некој има искуство со ваков тип на садопер?
    Ако може да препорачате црн, некои ми изгледаат како темно сиви
     

    Прикачени фајлови:

  9. Mucika

    Mucika Популарен член

    Се зачлени на:
    18 февруари 2012
    Пораки:
    2.835
    Допаѓања:
    4.518
    Уште не одбра садопер? :D Да ти скршам пак филм? :) Овие нискомонтажни-undermount се монтираат само на 100% водоотпорни плотни, мермер, гранит, компакт плочи.

    Во мегатехна гледав црн мислам, има бои во каталог само да видиш дали има лагер.

    https://megatehna.com/product/pyragranite-tetragon-50χ40-1b-um/
    http://www.pro-dizajn.mk/mk/product/19224/blanco-rotan-500-u-black-19224
     
    На Sim1234 му/ѝ се допаѓа ова.
  10. Sim1234

    Sim1234 Активен член

    Се зачлени на:
    7 октомври 2022
    Пораки:
    46
    Допаѓања:
    10
    Уште садоперот ми остана :tmi::D
    Ништо, и тие за под плотна ги елиминирам.. знам за што да се фатам :D
    Фала ти за препораките!

    Тука имаше една феминка искоментриано за кој бренд се одлучиле за црн садопер, ја превртев темата, не можам да го најдам коментарот.
     
  11. baby-star

    baby-star Популарен член

    Се зачлени на:
    8 февруари 2012
    Пораки:
    2.470
    Допаѓања:
    10.902
  12. macimacika91

    macimacika91 Активен член

    Се зачлени на:
    17 јануари 2023
    Пораки:
    35
    Допаѓања:
    11
    Пол:
    Женски
    Здраво, дали некој во скоро време правел кујна?
    Мене толку ми е проблем да се одлучам, дополнително ме бунат овие по инстаграм и пинтерест, прекрасни изведби и комбинации, но кога ќе почнам да барам соодветен материјал од нашиве продавници (онлајн), ништо не се софпаѓа.
    Наши дизајнери на ентериер исто имаат предобри рендери, но во живо, ниту пак по рекламиве за издавање/ продажба не сум видела ниеден таков стан во реализација.
    Ја нацртав кујната со димензии, но за дизајнот никако не можам да се одлучам. Плус од самиот стан не ставиле плочки на ѕид, само на подот, а се малце чудни, како некој бело/ кремов мермер со по некоја портокалово/сива нијанса :sweat:.
    Дали одите на безбедна варијанта бела кујна, или сепак склопувате некоја комбинација дрво, темна, светла нијанса на сиво/ крем...
     
  13. Mucika

    Mucika Популарен член

    Се зачлени на:
    18 февруари 2012
    Пораки:
    2.835
    Допаѓања:
    4.518
    Најди си столар и покажи што е тоа што ти се допаѓа од пинтерест. Заедно ќе одберете материјали и ќе те советува.

    Првата кујна ја направив бела со дрво, таква сакав. Втората ќе ја правам тиркизно, бела и дрво, пак зошто таква сакам. Се инспирирав од пинтерест, си ги дизајнирав сама (не сум дизајнер), скоро никогаш не одам на "безбедна" варијанта, досадни ми се исти кујни.
     
    На macimacika91 му/ѝ се допаѓа ова.
  14. MilaSs12

    MilaSs12 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 април 2020
    Пораки:
    8.650
    Допаѓања:
    18.252
    Пол:
    Женски
    Мојата кујна е бел медиапан, и горните и долните елементи, а плотната е кафена, имитација на дрво. Садопер црн гранитен со црна чешма, плотна цела црна (не од оние што имаат оквир сив), фурна црна со алуминиум и фрижидер сив алуминиум. Плочки бели сјајни.
    Ке ти сликам ако сакаш.
    Плочки на ѕид обавезно да си залепиш, од доле до горни елементи.
    Кај нас во новомак (огромен избор) и солопром имаш многу многу голем избор. Нема боја што ја нема.
    Се што гледаш на пинтерест е изводливо од аспект на бои. А изведба може да е трики затоа што кај нас здради ги цртаат неписмени архитекти и станарите лупаат глава како да изведат нешто функционално.
     
    На macimacika91 му/ѝ се допаѓа ова.
  15. macimacika91

    macimacika91 Активен член

    Се зачлени на:
    17 јануари 2023
    Пораки:
    35
    Допаѓања:
    11
    Пол:
    Женски
    Ви благодарам!
    Проблемот е што мајсторот што го избрав (по препорака на роднина) има застарени модели на кујни, веќе и го платив, и гледав од други столари што и како да се изведе. Кујната ја нацртав, плочки како што напоменав има некои чудни ставено (како некој кремов мермер)..
    Сега некако се мислам за оваа опција, цела кујна во една боја (се мислам меѓу Кашмир сива и Came Beige на Egger, и зидната облога во иста боја, и работната маса оваа https://shop.novomak.com/product/31...-black-pietra-grifgia-super-mat-4100x600x16mm.
    Сите елементи ми се вградени. Со црна лајсна (сигурно погрешен термин користам) под плотна за отварање, и кај фиоката исто. Долу во бојата како фронтите.
    Ова ми е да кажам " најбезбедна " опција.
     

    Прикачени фајлови:

    На MilaSs12 му/ѝ се допаѓа ова.
  16. MilaSs12

    MilaSs12 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 април 2020
    Пораки:
    8.650
    Допаѓања:
    18.252
    Пол:
    Женски
    Слична е мојава, со тоа што кафеава дрво е само плотната, друго се е бело. И без рачки е исто.
    Убава е многу.
     
  17. Mucika

    Mucika Популарен член

    Се зачлени на:
    18 февруари 2012
    Пораки:
    2.835
    Допаѓања:
    4.518
    И мојот мајстор има застарени кујни, ама да знаеш моите какви се :D малтене со него ги правев пошто ептен немаше кој да ми ги крои :). Биди прецизна, точно знај што ти треба и точно кажувај му што сакаш и не ти треба модерен столар, ти треба столар што знае да крои.

    Ми се свиѓаат боиве што си ги одбрала таа на еггер и плотната од новомак, ми личи како да е погодена светлата нијанса со шарата на плотната. Бојата на плочките ми личи неутрална, единствено ми мати ум шарата нивна каква е затоа што и плотната и плочките се дизајн на мермер во 2 бои, ама ако ти се допаѓа кујнава занемари ги. Ова со црната лајсна изводливо е ако сакаш без рачки, таа е баш ставена за да има простор да ставиш рака и да го отвориш елемнтот, тач механизми не би ставала. Мислам ти кажав, нискомонтажен садопер само на 100% водоотпорна плотна, оваа мислам не е, може убав црн гранитен, ќе се помачиш за чистење, ама тоа е цената за убавина.

    Е сега боите си ги одбрала, стилот на кујната исто, ама не си одбрала дизајн. Седни и нацртај си каде ќе стои фрижидерот, шпорет, фурна, машина, садопер, каде ти се инсталациите за вода и оџакот за аспиратор и полека полека ќе ти се дооформи идејата во глава. Пребарај kitchen triangle за да добиеш претстава за најдобар распоред и движење во кујната.
     
  18. macimacika91

    macimacika91 Активен член

    Се зачлени на:
    17 јануари 2023
    Пораки:
    35
    Допаѓања:
    11
    Пол:
    Женски
    Па најмногу плочките ми правеа проблем, и не дозволуваат експериментирање, па затоа и е едноставна цела кујна (во споредба со тоа што сакав од почеток).
    Да, најверојатно работната плоча не е од тие за со нискомонтажен садопер, од истиот дизајн има и таква ама поскапа.
    Инаку ја нацртав цела до милиметар и што каде да стои, мислам месециве станав мајстор за кујни со сите правила за димензии и техники :D.
    Најголем проблем ми беше изборот на бои (2/3 месеци се предомислувам), ќе ми се допадне нешто, ќе пробам да го ископирам, па ќе се премислам. А и на пинтерест и на инстаграм се е убаво, ама сликите се со филтер и буквално ги претопуваат сите тонови на сликата па се изгледа совршено. Кога ќе отвориш кај некој мајстор на ФБ, реализација на кујни, некои комбинации и не се така складни.
     
  19. macor24

    macor24 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јуни 2017
    Пораки:
    928
    Допаѓања:
    2.404
    Пол:
    Женски
    заинтересирана сум и јас за кујна нова па ај малку помош дали би били баш добро да биде ставено како п буквата бидејќи е мал просторот па сакам повеќе работи и наједноставно ми е да биде така но јас мислам дека ќе биде многу затворено така најлесен начин е како во (ге) да биде совет малку да ми помогнете и за дали е подбро со висок сјај или мат
     
  20. macimacika91

    macimacika91 Активен член

    Се зачлени на:
    17 јануари 2023
    Пораки:
    35
    Допаѓања:
    11
    Пол:
    Женски
    Зависи колкав ви е просторот, мојата е на Г, до плафон, и имам доволно простор и за складирање, и за елементи. Сега матот е попопуларен, но се е миновно, направете си ја вас како ви е поубаво.
     
    На macor24 му/ѝ се допаѓа ова.