Ние сега средуваме стан, кујната е во буквата П. Мала е ама има простор за се, нашата е мат. Но тоа одлучи си сама што ти се допаѓа повеќе.
Боите е најдобро во живо да ги видиш. Не знам дали си отишла до салониве за плочест материјал, на лице место земи и комбинирај иверки и бои. Ако можеш и примерок од плочката да си земеш уште поубаво. Не значи дека заради плочките не можеш похрабра комбинација да ставиш. Ама исто така боиве се стварно убави, софистицирани и класични ми се и не секогаш боите се пресудни, важно е дизајнот да е погоден. Чим си мајсторишала со месеци сигурно веќе сите опции се земени во предвид и си го одбрала најоптималното. За П кујна идеално е 1,5м да има простор помеѓу елементите, ако имаш тогаш е таман. Во однос на мат или сјај е ствар на вкус, лично преферирам мат за во кујна.
Jас сакам повеќе со висок сјај но просторот кај што е мислам дека 4м долго и незнам како би изгледало за да биде ко во П, се работи за во стан.
Па да има простор ама незнам како би се софападнало сето тоа досега немам никаде видено кујна во П па и затоа се мислам како да биде , досега што сум ги гледала сите биле во (ге) или само на едниот ѕид.
4 метра е ама плочките се ставени така само за на еден ѕид да е кујната па бидејќи сакам јас повеќе работи во кујната сакам да е во П исто така сакам да е до плафон и јас, сепак ти благодарам.
Ако е 4х3 ми личи ок, ама ако е 4х2 тогаш страните ќе бидат многу кратки нема да изгледа убаво. Може едниот ѕид да е со елемнти од горе до доле каде ќе биде и фрижидерот, а остатокот со работна површина и висечки.
Здраво Се работи за клуб масичка ама посоодветно ми е тука да прашам Дали знаете во Скопје кој/каде струга и префарбува со медијапан и како се движат цените од прилика?
Јас имам садопер темно сив антрацит со ептен дискретни светки, на Бланко е, преубав е, лесен за одржување. Го чистам со сјај за садови и оцет.
Дали некој има земено ваков садопер, или да препорача нешто слично? Дали е овој мат? Не сум во можност да одам до Скопје и да одберам во живо, планирам онлајн да нарачам. Сакам едноставен, црн, без светки, во оквир на оваа цена, знам дека има преубави 25 000+
Каде наоѓате задни алуминиумски(или не знам какви) лајсни за плотната на кујната? Го превртев цел град кај мене нема темно кафеава, само бела и црна.
Не сум од Скопје, им го гледав сајтот, знам дека имаат буквално се, ама не можев баш да се снајдам на сајтот, немаше бои.
Како одат цените од метар должина за кујни од мат медијапан? И, ми треба квалитетен столар, препораки?
Зависи од кујната конкретно сума немаат. Мебел по мерка Станковски не би ти го препорачала само поради што не завршува во рокот.
Можеш да ми кажеш како си задоволна од плотната на работната маса? Рече дека ти е кафена имитација да дрво, дали лесно се чисти, и околу ходникот дали ако се топи со вода се издува, да не скапе ми е. Дали е мазна или грапава како пресечена да е?
Да, буквално како дрво е. Предобра имитација. Две години ја користам и ок е. Нема примено вода околу садоперот (си пишала ходник?) затоа што е лепена со силикон тука. Не ја штедам воопшто, вода секој ден има на неа и ок е. Не е мазна, има рељеф, рапава на допир. Водоотпорна е.