1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Кујни

Дискусија во 'Дом' започната од blondini, 22 март 2011.

  1. MilaSs12

    MilaSs12 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 април 2020
    Пораки:
    8.650
    Допаѓања:
    18.251
    Пол:
    Женски
    Ме стави на мисла па ја анализирав кујната.
     
  2. bella12

    bella12 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 ноември 2015
    Пораки:
    1.352
    Допаѓања:
    7.624
    Пол:
    Женски
    Ова информација ми е од близок што ја работи ова работа. Ама па си велам ако не чинеше овој материјал на плотната мајсторот ќе ни кажеше, а и што гледам по слики во последно време ептен се тренд. Затоа и те прашав дека ја имаш 2год.
     
    На MilaSs12 му/ѝ се допаѓа ова.
  3. MilaSs12

    MilaSs12 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 април 2020
    Пораки:
    8.650
    Допаѓања:
    18.251
    Пол:
    Женски
    Да, тренди е и мене најмногу ми се вклопуваше. Така и си ја замислив кујната.
    Реално и кај било која друга плотна може да се случи да прими вода и да се подуе. Модерни се гранитни садопери, а тие се ставаат на сечена плотна, се прави дупка според големина и облик на садоперот. Ама со силикон добро ставен нема да има проблем.
     
    На bella12 му/ѝ се допаѓа ова.
  4. Mucika

    Mucika Популарен член

    Се зачлени на:
    18 февруари 2012
    Пораки:
    2.832
    Допаѓања:
    4.508
    Јас не разбрав каква плотна сакате да ставите? Стандардните не се 100% водоотпорни ама за да се подуе треба ептен фушерајски да ги обработат отворите и да не ги заштитат. Еве ни мојата не е мрдната скоро 10 години.
     
  5. bella12

    bella12 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 ноември 2015
    Пораки:
    1.352
    Допаѓања:
    7.624
    Пол:
    Женски
    Ќе ставам ваква плотна, но ме убедуваат само мермерна да ставам дека оваа кафеавата ќе се подуе од водата од судоперот при миењето. Screenshot_20230224_220049.jpg
     
    На MilaSs12 му/ѝ се допаѓа ова.
  6. Mucika

    Mucika Популарен член

    Се зачлени на:
    18 февруари 2012
    Пораки:
    2.832
    Допаѓања:
    4.508
    Нее, нема врска. Мајстор што си ја знае работата неможе да утне. Кај нас се 90% кујните со ваков тип на плотни. А каков садопер сакаш да ставиш, ако е класичен со монтажа од горе нема гајле.
    Мермер и гранит се исто убаво решение, ама е природен камен, прво е цело време ладен, а второ прима флеки. Ако си често во кујна и практичен тип, ондак мермер не ми личи како добро решение. А поготво па ако не ти се ни допаѓа.
     
    На bella12 му/ѝ се допаѓа ова.
  7. MilaSs12

    MilaSs12 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 април 2020
    Пораки:
    8.650
    Допаѓања:
    18.251
    Пол:
    Женски
    Мојава е малтене иста. Потемна нијанса само. И воопшто не ја штедам. Вода кога мијам садови колку сакаш. Не ја оставам да стои ама ја правам лом.
     
    На bella12 му/ѝ се допаѓа ова.
  8. Feniksgirl

    Feniksgirl Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 јануари 2022
    Пораки:
    3.862
    Допаѓања:
    6.708
    Пол:
    Женски
    Имам иста, и гранитен садопер. Не е мрднато воошпто.
     
  9. *Ива

    *Ива Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 јануари 2018
    Пораки:
    182
    Допаѓања:
    380
    Пол:
    Женски
    Препорачајте добар столар од кој сте задоволни од изработка, изглед и почитување на рокови
     
  10. ElenaRbd

    ElenaRbd Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 ноември 2009
    Пораки:
    325
    Допаѓања:
    159
    Здраво на сите.

    Дали би можеле да ми препорачате аспиратор, т.с. марка на аспсиратор од која сте задоволни?

    Освен да влечи добро, доста важно ми е да не биде прееемногу бучен.

    Фала ви, поздрав <3
     
  11. Mucika

    Mucika Популарен член

    Се зачлени на:
    18 февруари 2012
    Пораки:
    2.832
    Допаѓања:
    4.508
    Види ги во сколекс, фабер е премиумот во аспиратори, електролукс се нивно производство се исто добри.
     
    На ElenaRbd му/ѝ се допаѓа ова.
  12. V.N.

    V.N. Популарен член

    Се зачлени на:
    9 август 2020
    Пораки:
    3.101
    Допаѓања:
    13.474
    Пол:
    Женски
    Јас имам на ЛИНО од кај нив и баш и не сум задоволна. Фурната исто ми е од кај нив и од тоа не сум воодушевена
     
  13. Noemi

    Noemi Популарен член

    Се зачлени на:
    7 април 2010
    Пораки:
    2.070
    Допаѓања:
    8.012

    Битна е кубикажата, барај минимум 650/700м3 да влече на најсилното ниво, ако е за стан посебно и ако готвиш редовно.

    Јас имам на Фабер, максимумот му е 740м3, влече се, буквално никогаш не замирисува накај дневна. Би ти го препорачала, еве го https://m.skoleks.mk/l_mk/?s=5&i=9&c=22&pid=3087
     
    На ElenaRbd му/ѝ се допаѓа ова.
  14. Mucika

    Mucika Популарен член

    Се зачлени на:
    18 февруари 2012
    Пораки:
    2.832
    Допаѓања:
    4.508
    За лино не знам, ама фабер е најдоброто од аспиратори, класа пониска е еуролуксот. Иста кубикажа, иста бучава, веројатно само дизајнот и материјалот е подобар на фабер во однос на еуролукс. Јас имам еуролукс топ ми е и за новава кујна исти земам.

    Едит
    @ElenaRbd, овој што го пишала @Noemi е скроз вградлив и мислам дека и овој го гледав ама се решив сепак на извлекување да земам, читав рецензии дека повеќе бега од предни рингли воздухот кај ваквите. Инаку бучавата, колку е подалеку од оџакот побучен е, бар кај мене.

    Грешка, фабер ни е новиот ама телескопски:D.
     
    Последна измена: 9 март 2023
    На ElenaRbd и V.N. им се допаѓа ова.
  15. elimkd

    elimkd Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 октомври 2012
    Пораки:
    7.933
    Допаѓања:
    48.103
    Пол:
    Женски
    Имам пишувано тука, ми испука за многу кратко време се околу чешмата што се цедело вода кој знае што иверица ни има монторано, сакам да го сменам само надворешниот дел од кујната вратичките, бидејќи внатрешниот дел е во здрава состојба, каков материјал е најдобар и кој стварно е траен и отпорен на капки вода и на пареа? Колку отприлика би коштало доколку некој реновирал кујна на ваков начин?
     
  16. tanjaaa

    tanjaaa Популарен член

    Се зачлени на:
    22 ноември 2009
    Пораки:
    481
    Допаѓања:
    2.211
    Пол:
    Женски
    Ставаат оплеменет медиапан, кој според мене е за нијанса подобар од иверица. За да е стварно квалитетна треба суров преработен медијапан. Е така ќе нема ни од каде да влегува вода, ама е многу поскапа варијанта. Јас си ставив иверица фронт, па по некоја година ако ми здосади можам да го заменам и да добијам нова кујна. А и скоро дупло поевтина варијанта од медиапанот ми беше
     
    На elimkd му/ѝ се допаѓа ова.
  17. elimkd

    elimkd Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 октомври 2012
    Пораки:
    7.933
    Допаѓања:
    48.103
    Пол:
    Женски
    како ја одржуваш иверицата, дали е како во првобитна состојба или има разлика од иверица до иверица?
     
  18. tanjaaa

    tanjaaa Популарен член

    Се зачлени на:
    22 ноември 2009
    Пораки:
    481
    Допаѓања:
    2.211
    Пол:
    Женски
    16810833575028695888080700467695.jpg
    Мат е и само со влажна крпа пребришувам. Пазам со водата, ама затоа ставивме само на вратничките поквалитетен кант. Еве како е кај садоперот. Разлика нема, тој е квалитетот на сите. Не знам зошто ти испукала и каде. Ако е само кај кантот можиш да го замениш, ако не е оштетена или подуена
     
  19. elimkd

    elimkd Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 октомври 2012
    Пораки:
    7.933
    Допаѓања:
    48.103
    Пол:
    Женски
    BBE02B12-7D53-426F-A747-C4CD6AE33346.jpeg
    бележаното е се испукано и надуено во рок од два месеци како е монторана, а тоа горе од фат со влажни раце, не бев со намера да ставам кујна и да се тресам на секоја една капка да пребришам на брзина со сува крпа или да дојдат постариве и на секое да им велам да бришат веднаш.
    со влажна крпа мислам кај и да е и дека цела ќе расцвета :)
     
    Последна измена: 10 април 2023
    На mal.ecka му/ѝ се допаѓа ова.
  20. tanjaaa

    tanjaaa Популарен член

    Се зачлени на:
    22 ноември 2009
    Пораки:
    481
    Допаѓања:
    2.211
    Пол:
    Женски
    Мојата е 6 месеци. Сами ја праевме со маж ми. Не ја бришам и јас веднаш. Ова примило вода кај кантот. Можиш да измериш димензи на оштетените вратнички и да порачаш иста ваква иверица со поквалитетен кант. После лесно се монтира
     
    На elimkd му/ѝ се допаѓа ова.