Медијапан, но веројатно има разлика од иверица до иверица. На пример имам на едно место кујна од иверица од 2012, како нова е, не е мрдната, а кај моите веќе 4та година, исто нема гајле. Мојата е од медијапан. Мислам дека и изработката зависи.
Имаш тука и момент на влага и кондензација од прозорот како што гледам, не е само ради бришење. Пробај во продавница од типот на солопром да видиш што опции имаат да ти препорачаат.
Мајстор може да се вади на што сака. Замисли колку лошо е пареа од шпорет или ко ќе отвориш машина за миење садови. Чесен мајстор ќе ти каже опции, ко што ми кажаа мене дека не е паметно машина за садови да ставам конкретно веднаш под шкафче, туку дека е подобро под работна плоча. Затоа те советував да одиш кај независни продавачи што ќе ти кажат опции. Медијапан е сигурно решение, ама и тој има различни варијанти што не знам како да ти ги објаснам. А на мајсторот твој лошо му е лепен кантот, веројатно рачно, за поефтино. Јас со години користев кујна од иверица, никаков проблем немаше.
Тоа е апсолутно кривица на мајсторот и никој друг, како што кажа требаше да ни ги каже сите опции, не беше муабетот за најефтина варијанта, уште пред короната ја плативме 1000е само кујната и со каков мерак прва кујна ја биравме, не изигра со нашето неискуство, згора на тоа пријател на свекор ми, јас стварно сум запрепастена од тоа какви се луѓе од дно постојат, како не им е срам и арам парите. ум и за другите, отворете очи, убаво распрашајте се, не избрзувајте, јест да сите сакаме веднаш се да биде во што е можно поскор рок ама кај нас за жал не е така, во денешно време буквално за се треба да имаш познавања и да си стручњак за да не наседнеш еве на вакви ‘мајстори’
Ние ја земавме нашата од СФ мебел а они ги земаат матерјалите од солопром. Моја топла препорака за солопром си имаат стручни лица таму. Нашата е бела мат кантирана иверка ниту има распукано ниту ништо и малиот со дубакот се имаше мавано од нејзе ни трага ништо нема се е супер. Едино ни се имаше надуено кога ни имаше истечено бољерчето ама тоа е количина на вода која стоела 1 цел ден. Ова тебе ти има навлезено од кај завршетокот на кантот кратко кажано не е убаво кантирано.
Јас имам ваква комбинација само ламинатот е боја како работната маса на кујната. Мислам така појќе ќе одговара, потопла нијанса на подот.
Во кујната на долниот ред имам вакви “рачки” уште од почеток ме нервираат многу, згрешија мајсторите тогаш а ние не бевме тука кога ја монтираа кујната. Идеа со што можам да ги префарбам бели? Како метал е матријалот на рачката
Девојки ве молам за совет. Сакаме кујна што ќе одговара на темен под арно ама никако неможеме да се одлучиме за боја на плочки. Кажете некои идеи
Може и наместо плочи да ставите стакло иста боја како кујната така нема да имате многу различни дизајни и бои
Овие се продаваат на метро и се многу евтини. Јас би купила бели и би викнала мајстор да ги смени. Или прашај тој шо ви ја правеше кујната со шо би можела да ги офарбаш, ние имаме вакви и знам дека од страните каде што се сечени тој металниот дел е обоен.
Zeni Od kade da kupam kutiite seker,sol,brasno,zacin.... no da se plasticni? Sakav mnogu tegli(moderno de) no ne mi se kupuva na sekoj zemjotres i se otkazav?