Elektropromet се вика страната ама нас од каде што ни ја правеа кујната преку нив имавме попуст околу 12/13 000ден со се чешма иста таква
Здраво, правиме мала реновација дома и имаме постара кујна како на сликата, но би сакала да освежам со боја на вратничките. Дали некој правел нешто слично и знае да ми каже каква е процедурата и која боја се користи. Во продавница за бои ми кажаа само со лесол боја дрво можело друго не, но јас сакам со некоја поразлична боја.
Ова дрво е или иверица? Ако сакаш по светла боја прво истружи со сусијат колку да падни основата па после стави бела основна боја,така речи му во продавница дека ти треба за осветлување оти има две,едната што се користи ако сакаш само бела боја а другата бела основна за осветлување да речам како ,,прајмер,, што се става како подлога под обичната боја за да осветли па после ја ставаш другата боја. Јас пред три години од црн чевларник правев светло сив,два пати премачкав со основаѕа па после уште два со сивата, беше од иверица,ми рекоа дека ќе се лупи ама еве не е ни мрднато.
Прво проверете дали е дрвена или има фурнир. Ако планирате да ја фарбате бела, шмирглајте додека стигнете до дрвото, потоа прајмер, па оставаш да се суши, па уште најмалку два слоја боја. Секој слој треба да се исуши пред да се нанесе нареден. После секој слој поминете со фина шмиргла. На крај можи и со безбоен лак
@Carpediemm @tanjaaa Фала ви на двете за одговорите. Не мислам дека е масивно дрво туку иверица. Не планирам да ја фарбам бела туку некоја маслинеста нијанса можеби. Дали знаете кои бои сте ги користеле, кои се покваилтетни и слично?
Не фарбав кујна, туку комода и трпезариска маса. Со бела боја на водена база. Од комодата сум задоволна, ама бојата од масата почна да се лупи. Ги фарбавме со aqualux и nevena. За кујна прашај поквалитетни бои, за медиапан или паркет. Поскапи се ама бар ќе траат
Јас имам плакар со водена боја и се лупи ама воопшто не се ожолтени,а бојата што е на вратите е обична на нитро база и уште првата година ожолтеа,за кујната побарај си некои поквалитетни да не мачиш маки после.
Дали знаете каде има хартија самолеплива за кујна? Сум гледала по странски групи како ги обновуваат кујните па ме интересира кај нас дали има. На Али има, маж ми порача пред година, две ама не стигна. Би сакала ако има од тука на лице место да си одберам.
Дечки ќе правам кујна, сега многу се мислам помеѓу сјаен медијапан и мат. Бојата ќе биде бела со дрво и планирам бели плочки измеѓу. Кажете препораки која ќе е полесна за одржување мат или сјај?
Mat,jas imam bela sjajna,i ja ribam sekoj den bidejki se znaat otisoci na se sto ke se dopre,da ti se smaci... Zatoa ne praj greska kako mene,stavi si Mat
Гранитен помалку се валка и можеш да го малтретираш, ене го 20 години душата му ја имаме извадено. Иноксен не сум фан, ама генерално не сум фан на инокс за мијалници. Бакарен би ставил во иднина.
Иноксен дефинитивно. Гранитен особено бел си бара редовно чистење и нега. На пример кафе, чај, црвено овошје и тн. одма оставаат флеки и иако се плакни веднаш сепак за една недела изгледа како никогаш да не е чистен.
Гранитен, крем имам маста му ја извадив нема сменето боја а 3 години е. Иноксен одма се прави со бигор, и се се познава на него. Гранитен е полесен за одржување, ама црн кај нас, на нашава вода не.
ние ставивме инокс полесен за чистење здравје... братучедка ми има гранитен црн и од водата и фаќа бигор баш кога ја правевме кујна не советуваше да не зимаме таков