Гранитен бел имам. Секој ден го чистам и пак изгледа како да не е чистен со месеци. Преубаво изгледа, ама е тежок за одржување. П.с ако некој има совет, како и со што ги чистите?
Гранитен бел имам. Секој ден го чистам и пак изгледа како да не е чистен со месеци. Преубаво изгледа, ама е тежок за одржување. П.с ако некој има совет, како и со што ги чистите? Претпоставувам од ДМ го купувате?
@Iva.T не знам дали да ти давам ваков совет да не те зезнам ама јас бел гранитен судопер на неколку недели го чистам со белило. Избелува скроз како нов е.
@Iva.T и јас. Варикина му ставав, не знам како и дали ја разредував, пробај со помалку. Инаку и со полирапид го чистев и доместотс пошто има тој белило во состав. А ова сребреново со бигор што е, што материјал е? Да земеш брисач и посипи го со вински или акохолен оцет ама да се натопи и залепи го така натаопен брисачот на тоа. Ако е инокс полирапид на сунгер и истриј. @Макаронкаа имав крем/бел гранитен, сега иноксен, двата исто одржување си бараат. Можеби иноксниот помалце, ама па ми е со едно корито, претходниот ми беше со две и на средина најмногу бигор ми фаќаше ужасно ме нервираше, иноксниот се разочарав што ми се изгреба на дното, не знам ни што очекував искрено, ама не е страшно, црн само не би зела кај него најмногу ќе се познава бигор ако си во Скопје. Иноксот како материјал ми е поубав и посоодветен за во кујна. И на крајот од денот зависи од дизајнот од кујната, претходната ми беше во тој стил си бараше гранитен, другата ми бараше иноксен.
Искрено не знам што материјал е Веројатно инокс. Го купив средството од ДМ, го пробав еднаш и излезе малку. Ке пробам уште еднаш, два пати па мислам дека ке се исчисти целосно.
Си нарачав кујна од Јела. Заљубена сум едвај чекам да стигне мат медијапан со меко затварање... Има ли некој од Јела, да пренесе искуство за чистење, одржување. ...?
За мене подобар е од обичниот. Ако збориме за класичен проточен бојлер, а не како оние чешмите од топшоп.
Тие не.. На работа една толку прегреа што мислам ќе се стопеше.. Кабелот и приклучокот и станаа многу жешки, од струја едвај ја извадив
Има ли некој гранитен мијалник на Металац? Ги гледам на ананас се по 6000 па ме интересира како се со квалитет? И општо ме интересира од каде може да се купи убав гранитен мијалник?