Искуство со топ маркет за умивалници? Конкретно за инокс црн умивалник ме интересира дали некој е задоволен?
Најголема грешка што сум ја направила, за мене, гранит. Белузлаво-крем. Сега ќе го сменам во инокс овој месец, доста со години се нервирав. Ми се бои и од кафе,а не па од други јадења. Еднаш неделно со избелувач го чистев. Киснење, рибање итн.. Почна после првата година многу да впива боја. Не го можам веќе, решив крајно време е да го сменам, неколку години го имам само.
Ама мојот е ептен светол. Скоро бел. Овој е доста потемен. Размисли убаво. Некој и други искуства нека ти даде. Додека бевме со маж ми сами, и не готвев толку беше ок. Сега со 2 деца и од морков да ми капне, и од кафе, ама од се, ми се бои. Само избелувач/варикина да го светнам, а не можам секој ден со тоа. Циф и други работи, ништо не помага.
Сум пробала и таблета од машина за садови да растворам да искисне. Не е бело-бело . Доместос со bleach белиот, или варикина како што ќе ми го светне, ништо. Ама готово, си најдов исти димензии топ иноксен, со радост ќе го вадам. нема посреќен човек од мене
Дали може аспиратор вграден да се стави без шкафче да има? Моментално над шпоретот немам ништо а сакам да земам вграден аспиратор за натака кога ќе правам нова кујна да можам да го искористам.
Појма немам, само знам дека постојат. Вграден во шкафче ми е попрактично, ми се чини помалку за чистење има, ама ти бараш некое решение за привремено. Привремено висечки елемент само за аспиратор не знам кој би ти напраил и како би личело и колку би било привремено.
Предложете салони кои изработуваат кујна по мерка. И дали е воопшто поисплатлива таа опција, отколку со столар?