Ко првите плочки има во Шате. Мислам дека би требало да има и слични на другиве. На сајтот имаат каталог, симни го и разгледај, иако најубаво е да отидеш директно во салонот. Пиши Шате Керамика на Гугл, ќе видиш каде точно се наоѓа, во Индустриска зона Визбегово е отприлика.
Дали може помош? Треба денес да идам да одберам материјали за кујна, каков материјал би ми препорачале за полесно одржување? И каков вид на садопер? Исто да биде лесно одржлив
има, ние сега купувавме плочки, моментално се овие шема, сегде ги има низ салониве во визбегово кај што бевме и тоа има избор колку сакаш
Се подготвувам за реновирање на кујната и би сакала да побарам препораки од вас. Мајстор за кујна – Дали можете да ми предложите некој искусен и доверлив мајстор за изработка на кујни? Сакам квалитетна изработка и добро искуство во работа со вградена техника. Бела техника – Барам препораки за: Вградена фурна со опција Air Fryer Плотна (индукциска или класична – отворена сум за предлози) Машина за садови (вградена, 45 или 60 см) Сите совети за брендови, модели и искуства со користење се добредојдени! Што ви се покажало најдобро? Ви благодарам однапред!
Малку се поскапи од другите ама вреди. Сепак многу зависи од материјалот и изработката на истиот. Ние ја правевме во 2018, сега не знам како се движат точно цените. Исто кога сме кај Струмица во последно време гледам добри работи и од фирмата Јасен Мебел. Имаат многу слики на фб. од кујни и друг мебел.
Погоре прашував за Еко дизајн Струмица, со цени се изгор ги прашав и ми понудија цена од 1000 евра метро со горни и долни елементи од медијапан. Добив препорака за Boki dizajn и со нив контактирав тие ми понудија цена од 450 до 650 евра од метро исто медијапан. Гледам доста добри се dek enterieri Krstevski барај ги фб. Е сега за фурна не знам ги гледав на Беко air Fryer се мислам за таква . Плотна имам на vox во оваа кујна сега што ја имам и не ја менувам . А за Машина за садови се мислам сеуште отворена сум за предлози.
Бевме разгледувавме, моментално на вградената техника од Beko има промоции, така да се одлучивме за Beko.
Еко Дизајн од Струмица. Мојата е фарбан мат медијапан, на меко затварање. Дремеме 24/7 во неа, ни механизам, ни штрафче нема мрднато. Т.е цел плочест мебел во станот ни е од нив. Немам никаква замерка, еве 4 години поминаа. Навистина се професионалци и квалитет. Инаку за апаратура, јас низ дома и во двата стана имам Whirlpool, Beko и Electrolux. Немам замерки за ништо од нив. Плотна - индукциска ти препорачувам. Машина 60ка, ако сакаш да ти собере и тенџере и чинии.
Здраво Тања, како си задоволна од кујната после 4 години? Како се покажа материјалот? Размислуваме да порачаме кујна од Еко Дизајн, но слушнавме информации дека медијапанот не бил најквалитетен, дека се одлепувал после некое време. Какво е твоето искуство?
Претходното прашање ми беше до членка која може не е веќе активна на форумот и откако го пратив сега гледам ептен пресно искуство од тебе LadyR. Која коинциденција. Баш ми е мило што сте имале добро искуство со Еко Дизајн, и ние размислуваме да нарачаме кујна од нив. Само имаме двоумење околу материјалот. Не сме за фарбан медијапан бидејќи користиме многу зачини (куркума, кари, итн) па бидејќи е порозен ни е страв дека ќе се обои и тешко ќе е за чистење. Друга опција што нудат е пластифициран медијапан, а слушнавме информации дека се одлепувал после некое време. Какво е твоето искуство со фарбан медијапан? Дали е лесен за чистење и вреди за парите?
Значи прелесно се чисти, ова зборувам за фарбан мат. За фарбан сјаен не знам, немам искуство. Јас го чистам со средството за стакло што чистам. Прашина, отпечатоци од раце не се познаваат воопшто, мојот е фарбан мат бела боја. Многу е лесен за чистење, немало флека која не излегла лесно. Што од зачин, што од масло... Маж ми многу сака да готви, ама колку само рашлакува насекаде. Сосови за паста кога прави, косата ми се крева. Ама се' се брише прелесно.
И мојата е фарбан медијапан мат, исто и јас со зачини сум постојано кари, куркума и досега 3 години немам никаков проблем. За чистење прелесно ми е. Само мојата ми ја правеше мајстор од мојот град.
Фала ви женски, ме охрабривте. Ептен се плашев, пошто на старата кујна дамките од куркума ми стојат со месеци додека да исчезнат.