Доколку некоја од вас има кујна од сјаен медијапан, како сте задоволни? Се валка ли многу, лесна ли е за одржување, се познаваат ли многу отисоци од прсти на кујната?
Јас имам со бел медијапан, не е тешка за одржување, еднаш до два пати неделно ја пребришувам чисто поради сјајот, вака прсти многу не се познаваат.
Миа јас имам од сјаен медиапан, да се познаваат прсти,само зависи што боја ке одбереш.Кај некои бои повеке се приметува на пример мојата светло сина а и црвената многу се гледа, сестрами има таквада се утепаш од бришење
Планираме да биде цела бела. Другарките ме предомислуваат, ми викаат да не земам од сјен медијапан, ќе ме нервирале отисоците од прсти. Инаку, какви ви се плочките во кујна? Се мислевме ако е кујната од сјаен медијапан дали плочките во кујна да бидат сјајни или мат? Ако се сјајни-многу да не свети цела соба?!?
Мојата кујна горе е од бел сјаен медијапан, и нема рачки туку со спустови (бар така ги викаше мајсторот ) Полесно нешто немам за одржување, иако сите ме пишманеа, од време на време поминувам со крпче каде што се фаќа и готово. Но мислам дека белиот сјаен медијапан е лесен ан одржавање, не дај боже да ставиш потемна боја мислам се се познава. А долните елементи ми се црна иверка што е доста потешка за одржавање. Плочките пак се сјајни бели со мермерна шара. И одлично се вклопуваат, горе сјајно бело, доле грубо црно, и плочки мермерна имитација сјајни.
Јас имам бело - црна кујна, од сјаен медија пан, и сум презадоволна. Нормално е дека се валка меѓутоа лесно се чисти и одржува. Вака изгледа мојата кујничка.
Јас имам кујна од медијапан, ама мојов не е сјаен, рапав е... ич не препорачувам. Одвај се чисти, само со паста од сода и оцет, еднаш неделно така ја поминувам, а со марамиците од Глос секој ден ја бришам, кој што прави, јас бришам во кујна... за ум за нареден пат... оваа мм сам ја порача и намести уште пред да се земеме, да ме прашаше мене, сигурна сум дека немаше да одберам ваква. Нејсе, бојата е супер, резеда. Се мислам фолии да залепам на вратичките, ама па да не ја упропастам?
@Annath Потполно те разбирам колку е макотрпна истата работа секојдневно да ја правиш. Не би рекла дека може да ја упропастиш, само треба внимателно да се залепат за да биде површината мазна и рамна. Ако се сомневаш, најдобро консултирај се со столар за ова решение. Но, сигурно ќе биде попрактично од постојано бришење и чистење кое одзема време и нерви.
Ова е средството што го користам, меѓутоа мислам дека повеќе зависи од крпата Исто така одлични резултати се постигнуваат со чиста TRULEX крпа и било кое од овие средства за висок сјај.
Незнам прашањето дали ми е за тука ама неможам да најдам друга тема. Дневнат ми е црно бела и нешто сивко, а пошто се споени со кујната, моментално ми е бела кујната, ама е попостара, па сакам да ја сменам ама не сакам да е црно бела. Што боја би можела да одберам што би се вклопила и со дневната, веке 3 бои има, дали 4та би била премногу?
Биби јас на твое место би направила бела или сива (светла) кујна, со зелени детали на пример, кои иако се мали многу придонесуваат за изгледот, викам зелени за да внесам малку природа и свежина, па посебно ако живееш во стан (на пример некое малечко саксииче со зеленилце, зелени теглички за кафе, шеќер, зелени крпчиња, садчиња за овошје или некои други ситници на кои можеш да се сетиш) . Ова ми дојде како идеа затоа што кажа дека се ти е црно и бело и има малку сиво, па таман да не мешаш многу бои, и исто така на пример на гарнитурата би ставила перничиња во зелена боја, и некое зеленилце ваму таму, така визуелно просторот ќе си остане една целина и нема да изгледа како игротека а зелената боја ќе му даде многу свежина на просторот. Од друга страна и бојата на деталите не мора да е зелена ако не ти е убава, може да биде било која боја. Понатаму ќе можеш и да смениш да си купиш на пример жолти детали итн, нив е лесно да ги смениш кога сакаш. Важно е да си оставиш простор за игра со боите. Ако ја направиш во некоја боја, ќе те обврзува и деталите во целиот стан да ти бидат нијанси на таа боја, бидејќи се ти е споено во една просторија. Секако, не мора да се сложиш со мене, сите уживаме во различни работи, а ако помогнав баш ми е мило
Мене ќе ми бидат споени кујната и трепезаријата. Сакам скроз обична и едноставна кујна сиво и црвено (едноставно ја обожавам комбинацијата и ќе си пукнам ако барем во еден дел ја немам ) она што ме интересира е бојата на плочките, дали бели или крем плочки би одговарале на овие бои (само ѕидни плочки, подот најверојатно ќе биде ламинат)
Би рекла дека ниту едните, ниту другите не ми се допаѓа како стојат во комбинација со црвено-сиво. Со крем плочки би било премногу шарено, а и белите не ми звучат баш соодветно, можеби зависи од тоа какви бели плочки ќе најдеш и за каква сива нијанса ќе се работи, за да не се разидуваат премногу. Кога би морала да бирам, би одбрала бела, иако најдопадлива варијанта ми е комбинација од сиви плочки со црвени елементи, плотните можат да бидат некоја нијанса на сива, поразлична од онаа на плочките. Не ми прават ќеиф црвени елементи во кујна, аналогно на тоа, најтешко ми е оваа боја да ја решам тука. Црвената некако по интуиција ја одбегнувам и кај дневни и кај кујни, секогаш сум за нешто неутрално и мали детали кои ќе му дадат живост на ентериерот.
Целосно се согласувам со тебе Мишела, кога веќе треба да се бира од овие бои, подобро е една боја да бидат плочките, а другата кујнските елементи. Цитирав бидејќи сакав да додадам мое мислење, или може да се каже прашање. Не ми е јасно како дојде до толку голема популарност на оваа комбинација, црвено и сиво, мене лично овие бои не ми одговараат една со друга во комбинација, настрана тоа што се многу интензивни и не ми даваат мир, а често ги забележувам дали како комбинација од плочки во бања, фасада, или пак вака во мебел... Ама сите си имаме различни вкусови, а за нив , како што одамна кажале, не се дискутира.
И мене не ми е јасно. Не постои списание или статија каде немам сретнато црвена кујна. Теоретски,секаде низ книгите се спомнува дека црвената е непожелна кај ентериерот во кујната бидејќи асоцира на пожар, затоа можеби и потсвесно се јаува таа нелагодност (барем кај мене) кога гледам црвени кујнски елементи.