Ние земавме од Алфи, ако те води пат натака разгледај, имаше супер проточни чешми за разлика од другиве што ги прошетавме (Меркур, Електрометал…)
Дојде ред на кујната, го најдовме мајсторот, се договориме за елементите и според желбата моја ќе биде бела. Е сега мајсторот ни покажа две иверици (демек не се од ефтините поскапи биле, а ние многу не се разбираме) Првата иверица е бела мат, а втората иверица бела со сјај налик на медијапан. Според вашето искуство која да ја одберам мат или сјајна???
Не знам матот иверка како би се покажала, јас во едниот стан имам мат медијапан, а во другиот сјајна иверка, кремаво/бела боја. Поубаво се чисти и одржува сјајната иверка. Скоро па ич да не се приметуваат прсти и флеки. Медијапанов си бара редовно пребришување. Иверката е на Егер, некоја перла сјај, така некако беше, ако тоа ти значи нешто.
На сјајна иверка помалку се познаваат прсти, ни мене лично ми е демоде. Плус на светла боја која е мат, не се познаваат прсти премногу, како да речеме на темна боја од типот антрацит - не прашувај како знам. Така да, би избрала мат.
А да ви даде понуда само за вратичките од бел медијапан со пластификат, поскап е ама по м2 се рачуна цената. Мене тој најдобар ми се покажал во однос на одржување, а и поиздржлив е на влага.
Оние кои имате Рустика кујна, од кој медијапан сте позадоволни? Фарбан или со пластификат? На иверица не може да се направи рустиката, чинам. И колку отприлика треба да очекувам цена за со рустика медијапан кујна? Во „П“, околу 4м
Јас имав резба на пластификат мене ми е ова најдобар материјал. Сега правев комода ставив ист и ми е преубав. За фарбан искрено не знам каков е. Имам ставано и готов само што се сече од плоча, тој не ми се допаѓа. За цела кујна не знам цена. Во солопром обичен мат бел е 4000 ден/м2, а сега нарачував обработка на него додуша цел беше со вертикални вдлабнатини, така е 8000ден/м2, а дали прави разлика колку “резба” ќе има не знам.
Дали некоја има плотна со аспиратор вграден? Како сте задоволни? Да не се помалку ефикасни од регуларниот аспиратор? И од кој модел сте задоволни?
Imam aspirator vo kujna koj ne e vgraden tuku Kako Inka.No koga ne raboti mi se vrakam mirizbata od gotvenje od drugite stanovi preku odgakot na koj e priklucen. I'ma li nekoj idea Kako da ne mi mirisa cel stan na tugji ruceci?
Кога се вградува аспираторот, треба да ти вградат и вакво, па кога не се користи автоматски се затвора и ги спречува мирисите. Нема во целост, ама голем дел не се чуствуваат.