Со Арф го чистам еднаш неделно отприлика. Инаку секојдневно со сјај за садови. Мал hack-после секое чистење со Арф на туферче ставам малку масло за готвење и го поминувам. Така останува мазен и не се лепат нечистотии и остатоци од храна
Здраво, ги ангажираше ? Што гледам слики мислам дека се супер, ама незнам со цени како се и дали ств е ко слики?
Некој да сподели искуство со Делфина Мебел за изработка на Кујна и плакар ? Која цена ви наплатија за кујна и колку метри. Прашувам , бидејќи не сакаат да кажат отприлика цена ! Да земеле мерки, па ќе кажеле. Па што ако не ми одговара цената ? Ќе им биде за џабе патот или ? А им кажав и кој димензии е, и шо материјали сакам и се ... Исти се повеќето, што ги контактирав. Има и што одговорија со понуда со отприлика цени и слично.
Јас порачав кујна Белфорт. Во средина на јули се договорив да ми ја донесат. Седоплаќа плус плоча ,плус сам си правиш за судопер. Не ти е вклучено
Фала ти многу за информацијата. Ние ја гледавме опера ама сеуште не дме одлучени, плус чекаме понуда Се надевам ќе ти де погоди!
Ова е скица од кујната. Ама некако нешто ми фали. Мислам дека плотната треба да е светла, и други плочки - не знам. Сега плотната ми е имитација на дрво, и здосадено ми е. Се мислам за бела. Дали имате искуство со бела компактна плоча, тие што се тенките? Дали се чисти се' убаво од неа? Многу се мислам, не знам што да правам...
Мене во твојава комбинација, белите елементи ми сметаат. Зелено, со дрво комбинација е многу добро, ама беливе елементи некако двојат. Јас белите би ги ставила да бидат дрво дезен (малку посветло од твоево) исто и плотната, а плочките би ги оставила вакви кремаво/бели.
Па мојата желба беше да се кашмир боја белите. А плотната бела напоменав. И ова го пратив за боите: Воопшто не сакам дрвена плотна. А архитектот пак со дрвена ми ја прати, по втор пат. Сега ми е срам пак да му напоменам дека не сакам дрвена.
Јас ставив компакт бел со црно јадро. За бојата дека е бела во однос на одржување е ок. Не сум задоволна како ми ја инсталираа/монтираа. Компактот е тенок и лесно се витка па му треба повеќе потпора, нашата плоча и доста е голема, треба мајсторот да има работено кујни со компакт и да има искуство, нашиот немаше изгледа. Со црно јадро тогаш одбравме заради финансии и некако ни се вклопи и во дизајнот, со бело беа поскапи, ама се случи пример да сецнам малку со нож и сега на една-две точки на плотната има црно затоа што внатре е црна. За дизајнот на кујната не би коментирала вкусови се во прашање. Оди и со дрво и со бело.
Ние имаме дрвена кујна и на твојава јас би одела со сите зелени елементи какошто си ги замислила и бела плотна. Нашата не е баш тенка, можам да ја сликам дома кога ќе сум, ама е таква како испрскана и ептен добра се покажа во комбинација со дрвото.