1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Кујни

Дискусија во 'Дом' започната од blondini, 22 март 2011.

  1. RedRevolution

    RedRevolution Популарен член

    Се зачлени на:
    7 август 2015
    Пораки:
    1.333
    Допаѓања:
    3.454
    Пол:
    Женски
    Umbrella22 дали си сигурна за боите, не сакам да те убедувам дека бојата што ја сакаш не чини, сите си имаме различни вкусови и желби, но овие бои некако ми се чинат премногу јаки и може да ти го затворат просторот. Можеби не е лошо да размислиш за нешто посветло и да си ставиш црвени детали ако веќе толку ја сакаш црвената боја. Сепак ти си одлучуваш. Еве ти на пример на сликава, кујната е голема, но боите ја прават да изгледа малечка, го гушат просторот. K.jpg

    А што се однесува до плочките, кога веќе мора, би ставила најверојатно некоја нијанса на сиво, малку посветло сиво од тоа што ќе биде на кујната.

    А она што би ти го препорачала ако веќе сакаш црвена боја е да украдеш идеа од следнава слика, малите детали многу можат да го оплеменат просторот и плус утре ако ти текне на друга боја е многу полесно за измени. k.jpg
     
    На Umbrella22 и joy1 им се допаѓа ова.
  2. RedRevolution

    RedRevolution Популарен член

    Се зачлени на:
    7 август 2015
    Пораки:
    1.333
    Допаѓања:
    3.454
    Пол:
    Женски


    Не ми текна да прикачам слика прееска. Еве Bibi 88 на што мислам:
    g.jpg

    Z.jpg

    Погледни што му прават овие зелени детали на црно-белиот ентериер ПРЕКРАСНО :) green.jpg
     
    На Dzevelekova, okcenzi, joy1 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  3. Bibi 88

    Bibi 88 Активен член

    Се зачлени на:
    6 март 2015
    Пораки:
    111
    Допаѓања:
    54
    Пол:
    Женски
    Ти благодарам одлична идеа.
     
  4. Bibi 88

    Bibi 88 Активен член

    Се зачлени на:
    6 март 2015
    Пораки:
    111
    Допаѓања:
    54
    Пол:
    Женски
    Ти благодарам одлична идеа
     
    На RedRevolution му/ѝ се допаѓа ова.
  5. zabec

    zabec Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 август 2014
    Пораки:
    101
    Допаѓања:
    357
    Еве ја мојата кујна. Финтата е што е правена пред 5 години а сега треба да се купи трпезариска маса .... и малку се сменети вкусовите. Дневната е заедно со кујната во иста соба а е со дрвена комода и масичка во црно-кефеави тонови. Гарнитурата е беж. Најубаво ќе одговара тука медија пан масичка црна или бела ама како што кажав сменети ни се вкусовите ... делува ладно вака, а со таква маса уште поладно.
    Предлог некој?
    Мислите ли дека би одговарало ваква дрвена(венге) маса? а на пример столчињата да бидат обложени со некоја трета боја ... колку да разбие монотонија..пример вишна боја ... па и во дневна по некое перниче вишна, украс, тепих и сл ... 579ebe7b04f7c6ad90714dce37ad9c73678dfaf6421748d50c69b7bce86a6ae2.jpg 0de925edbb886d83b39e13a9b7d66d1514a543188da08cef605b56099d9b9a39.jpg
     
    На SimonaTino и DVAANGELA им се допаѓа ова.
  6. Mishela

    Mishela Модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    19 август 2010
    Пораки:
    18.882
    Допаѓања:
    81.149
    Пол:
    Женски
    @zabec, мене ми се допаѓа како масата се вклопува со самата кујна. Мислам дека бојата е соодветна, затоа што во друга боја - на пример бела или крем/беж, атмосферата би била уште поладна отколку вака.
    Многу ми се допаѓаат столиците исто така. :)

    Од монотонијата секогаш можеш да се ослободиш со впечатливи завеси, украсно чаршавче за масата, некои детали и сл.
    Тоа е најмал проблем. :)
    Во оваа класична комбинација одговара речиси секоја боја - свежа зелена или портокалова, дури би рекла и некоја мешвина од јоргован-магнолија но ми се допаѓа и бордо, убаво ќе ви оди со темната нијанса.
     
  7. zabec

    zabec Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 август 2014
    Пораки:
    101
    Допаѓања:
    357
    Лелее фала многу :) Баш ми е драго што добив одговор кој тајно го посакував :D
    Прво си мислев нема шанси да оди ваква маса со ваква кујна ама колку повеќе ја гледам толку повеќе можам да си ја замислам :)
    Тенкс уште еднаш :angel:
     
    На okcenzi и Mishela им се допаѓа ова.
  8. lostsoul

    lostsoul Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 јули 2011
    Пораки:
    81
    Допаѓања:
    116
    Пол:
    Женски
    Nie so mazot sakame da poracuvame od iverica sto mislis Dali ke zgresime? :(
     
  9. tweety123

    tweety123 Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 јануари 2013
    Пораки:
    255
    Допаѓања:
    29
    ,,Дечки да не знаете колку чини фарбање оштетен медијапан од квадрат?
     
  10. Momichka

    Momichka Популарен член

    Се зачлени на:
    9 март 2012
    Пораки:
    2.030
    Допаѓања:
    6.514
    Пол:
    Женски
    Мојот мајстор не советуваше дека Иверка воопшто не е лош материјал. Дека и самиот медиапан е направен од струготини.
    Ние ја направивме од иверка. На кујната со должина од 4м ни излезе 30.000 денари со целосен материјал и работна рака, до монтирање од мајсторот.
     
    На lostsoul, DVAANGELA и okcenzi им се допаѓа ова.
  11. macalavica

    macalavica Популарен член

    Се зачлени на:
    20 август 2013
    Пораки:
    3.184
    Допаѓања:
    4.877
    Пол:
    Женски
    Девојки треба да порачам кујна.Сеште се немаме одлучено на која боја ке ни биде дневната па затоа се одлучив за бела кујна, си мислам да ја искомбинирам со сиви плочки и планирам апаратите да ги земам на сиво па би требало после да одговараат на било која боја.Ке ставиме бело сив ламина и исти такви подни плочки.Се мислам многу околу матријалот, дали да биде мат или сјајна иверка.Дали знаете како одат од прилика цените, што е полесно за одржување и сл.
     
  12. macalavica

    macalavica Популарен член

    Се зачлени на:
    20 август 2013
    Пораки:
    3.184
    Допаѓања:
    4.877
    Пол:
    Женски
    Има во Куманово, во Тамара дерм ама многу е скапо, 8500 ден за м2.
     
  13. eatpraylove90

    eatpraylove90 Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2015
    Пораки:
    550
    Допаѓања:
    861
    Пол:
    Женски
    Fala za odgovorot :) Veke zavrsiv so kujnata, nalepnica na plockite mi zavrsija rabota :D
     
  14. Среќа

    Среќа Популарен член

    Се зачлени на:
    30 јуни 2015
    Пораки:
    505
    Допаѓања:
    2.568
    Пол:
    Женски
    Колку чини кујна изработена од сјаен медијапан за метар должина (горни и долни елементи) и ако имате некој предлог од каде да ја набавам.
     
  15. macalavica

    macalavica Популарен член

    Се зачлени на:
    20 август 2013
    Пораки:
    3.184
    Допаѓања:
    4.877
    Пол:
    Женски
    Постави слика и ние да ја видиме.
     
  16. macalavica

    macalavica Популарен член

    Се зачлени на:
    20 август 2013
    Пораки:
    3.184
    Допаѓања:
    4.877
    Пол:
    Женски
    Мојата кујна треба да биде во П форма,едниот ѕид е 2,8м вториот ѕид е 2,5м и шанк (само ниски елемети) 2м.Фактички кујната со горни и долни елементи е во Г, и плус шанк само со долни елементи со ширина 40 цм (со шанкот кујната доаѓа во П).Прашавме еден мајстор за понуда, ни даде цена 1000 е за обична иверица, 1500 е за медијапан висок сјај.Што мислите, мене некако ми е скапо.
     
  17. Среќа

    Среќа Популарен член

    Се зачлени на:
    30 јуни 2015
    Пораки:
    505
    Допаѓања:
    2.568
    Пол:
    Женски
    Зависи колку и какви механизми ќе ставите во кујната тоа најмногу ја менува цената. Една цена е за фиока со обично затварање, а со т.н. меко затварање е повеќе. На пример ако една фиока е 1200 со механизам за меко затварање е 1800. Е сега кога ќе се пресмета колку фиоки и вратнички ќе имаш стварно има разлика.
     
  18. ana.nl

    ana.nl Активен член

    Се зачлени на:
    25 септември 2013
    Пораки:
    45
    Допаѓања:
    31
    Skapo,mnogu skapo nie nasata kujna isto od iverka ni ja prvea 7m dolzina 16 elementi se vkupno 37.500
     
  19. macalavica

    macalavica Популарен член

    Се зачлени на:
    20 август 2013
    Пораки:
    3.184
    Допаѓања:
    4.877
    Пол:
    Женски
    Можеш ли да ми пратиш бројче од мајсторите, одкој град сте?
    Благодарам!
     
  20. ana.nl

    ana.nl Активен член

    Се зачлени на:
    25 септември 2013
    Пораки:
    45
    Допаѓања:
    31
    Od ohrid a za brojce ke pobaram i ke ti pratam :)