Благодарам, ама ја сум од Куманово, не верувам дека ке се договориме.Девојки ако знаете добар и евтин мајстор за кујни од Куманово пишете ми.
Стокиќ хоум центар (види ги на фб). Колешка од работа кај нив правеше, а јас гледав за кај нив нешто, ама не се договоривме.
До која висина се лепат плочки во кујна? На која висина се ставаат висечките елементи на кујната? Мајсторите кај нас ги залепиле плочките до 140 цм ама некако ми е ниско...
Od rabotnata ploca do dolnata ploca na viseckite elemeti treba da ima tocno 18"=457mm Ili od zavrsen pod (znaci po postavuvanjeto na plockite,) do dolniot del na visackite elementi treba da ima 54"=1372mm Eve slika Toa ti e zakon vo drvna industrija. Sekoe menuvanje ne ke da e na arno. Ako ti treba poveke objasnuvanje prasaj slobodno. *Nema glupavi prasanja, ima samo glupavi odgovori* Ako vratitite ti se extended kako na slikava, togas visinata na koja se postavuva viseckiot lement treba da e fixirana za dolnata ivica na cabinetot/vratata. Sakam da kazam od pod do ivicata na vratata na viseckiot element treba da bide 1372mm. Za plocki ke treba da prasas nekoj drug zosto vo drugiov svet plocki ne se redat kako vo Evropa (ima drugi standardi, a ti ne bi sakala sigurno da redis po tie pravila). Ako mislese na nesto ovaka toj back splash e 6"= 152.5mm visok
@macalavica Кога требаше да се реновира кујната, во консултација со неколку мајстори за стандардната висина на плочките, сите ми кажаа иста димензија, 145-147 см. Разликата од 5-7 сантиметри не е голема, ама не е ни мала кога станува збор за подолгорочен зафат на кој се базира функционалниот и естетскиот дел.
Дали некоја феминка има искуство со стакло во кујна наместо плочки. Во недоумица сум сакам да ставам, но немам некој кој има да прашам како се задоволни, дали е лесно за одржување? ??
Прашував во темата за столари, ај и тука да прашам. Да препорачате некој добар мајстор за кујни. Тие што јас успеав да ги исконтактирам, се некако несериозни ми се видоа. @irena.1 , @AngelOfArh вие чинам скоро правевте кујни. Како сте задоволни од мајсторите? Да ми дадете контакт? Ме гази времево. За некој месец се селиме :/
@donna.17 Кога станува збор за стакло наместо плочки во просторија којашто многу се користи од сите членови на семејството не е потребно некое искуство за да се земе во предвид голема грижа, одржување и внимателност. Стаклото само по себе е материјал кој е специфичен да се зачува во чиста состојба во секое време. Моја препорака е да избереш плочки како попрактични и полесни за чистење.
@donna.17 i ostanatite Toa sto gledate po TV toa e za bogatite koj vopsto ne gotvat vo taa kujna. Vo nasata kujna se koristi zejtin, intenzivno se upotrebuva i staklo NE E KORISNO. Toa jas od iskustvo, sum dizajnirala iljadnici kujni so staklo ama ne za obicni luge, za kliantela koja doma nejade, a kujnata e samo beauty picture.
Ми дојде и мене време да се мислам за кујна Ме интересира мислење за бојата бидејќи веќе трпезариската маса и столиците ни се купени, крем со кафеаво комбинација. Прво се мислев да разбијам монотонија со друга боја на кујна, но не знам која би одговарала а да не изгледа без врска, па потоа си реков нека биде кафеаво со крем како масата и столиците па да разбивам монотонија со детали слики и слично во некои дреч нијанси Што мислите?
Ако си од скопје маж ми со еден колега прават кујни, плакари, комоди фиокари итн. Немам слики да ти дадам. Ако си заинтересирана можам бројче да ти дадам па да ги исконтактираш. Поздрав
Зависи каков ти е вкусот. Ако ја правиш кујната крем кафеаво можеш детали во портокалова или дреч зелена боја. Јас сакам јаки бои и јас веројатно би ја направила кафеава доле, ама горе би си играла со боите на вратичките... Зависи каква ти е кујната....
Кујната значи уште не е ни порачана ни ништо, најпрво се мислев за боите. Другите детали ќе видиме зависно од просторот и од финансиите нормално Прогуглав и најдов некои комбинации со тие нијанси и дефинитивно се решив за крем кафеава. Е сега поточно како ќе искомбинирам допрва ќе се мислам. Ако налетате на некои интересни идеи праќајте
За каков материјал се реши? Во моментов јас сум во иста недоумица. НЕ сакам сјај, гланц...повеќе сум за класика и мат. Столарот рече ќе изработи ппнуда и со иверица и со медијапан. Според него медијапанот си има истотака свои недостатоци, но сепак е подобар од иверицата, но приоритетно се зема за оние кои преферираат сјај. Сакам бела кујна со кафена работна површина, бели плочки. Првично бев за медијапан, сега некако не сум сигурна. Плус за работна површина не би се работело директно на нејзе, па и тука сум во недоумица дали поголема инвестиција или нешто што е ок. Искуство со вашите кујни и употребениот материјал? Естетски губи ли кујната доколку се употреби иверица, или при таков мат материјал, кога не е сјајна не е разликата уочлива?
Ништо не сме решиле уште, не сме ни зборувале со мајстор... Прво се мислев за боите, ама кај да е ќе треба да се решиме и за друго. Појма немам за материјал што е поубаво, инаку масата трпезариска ми е медијапан а баклавата в средина е мат.
Бојата секако игра улога во однос на естетиката, но мислам дека материјалот е баш клучното не само поради уделот во естетскиот дел туку најважното, квалитет и функционалност. И јас сум заглавена на оваа точка.
Јас сум за иверица. Мојата кујна е направена од Egeer иверица и 12 год. не е мрдната. Летоска направив пожар дома, имав зејтин на шпорет , се запали и во бунило истурив вода. Кога бувна пламен...страшно. Иверицата не беше оштетена воопшто. Да беше медијапан ќе си имав нова кујна денес http://www.egger.com/OEU_en/index.htm
Kaj mene e mediapan,crno so belo,rabotnata povrsina mi e bela. Edinstveno sredstvo sto mi pomaga vo cistenje e ova . Sega da mozam da biram bi odbrala da ne e so visok sjaj..