1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Кујнски молци и други штетници

Дискусија во 'Дом' започната од ciribiribela, 3 декември 2010.

  1. Vetruska

    Vetruska Популарен член

    Се зачлени на:
    13 февруари 2013
    Пораки:
    791
    Допаѓања:
    493
    Пол:
    Женски
    Јас ги фрлив душеците и овие 2-3 дена не сум начекала некое, ама може се кријат. Којзнае од каде идат, а на интернет не можам да најдам некое природно средство. Дека сум бремена и не сакам да користам никакви хемикалии. Може да се обидам еден ден да го пребришам целиот под со оцет, ама којзнае дали ќе помогне.
     
  2. Shopa.holic

    Shopa.holic Активен член

    Се зачлени на:
    22 февруари 2012
    Пораки:
    37
    Допаѓања:
    12
    Феминки да ве прашам за тие топчињата со ациди борици, компир и јајца, колку време ги оставате по ќошињата? Дали сте задоволни?
    Абе овие бубашвабчињава ептен се брзи, таман ќе здогледам некоја, како на некој маратон да се ццц... Ај ХЕЛП! ги направив топчињава , се надевам ќе успее :)
     
  3. jb82

    jb82 Популарен член

    Се зачлени на:
    11 септември 2010
    Пораки:
    228
    Допаѓања:
    299
    Леле Vetruska кажи како да се спасам и јас ги имам истите чудовишта.
    Со мало бебе сум и многу ми е страв да не му влезат во устето додека спие или во ушето.
    Јас прскав дома со Раид ама пак се тука.
    Многу се брзи, и многу се гадни низ цел стан ги имам, пиши како да се спасиме од нив.
     
  4. Makedonka84

    Makedonka84 Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 април 2013
    Пораки:
    37
    Допаѓања:
    49
    Страшно ми е потребна ваша помош....

    Во рок од една недела, два пати ми се појави еден ист вид на стоногалка.... и тоа од креветчето на моето двегодишно синче... Вака изгледа....!!!!!!!!!!! АХХХХХХ........
    Првата стоногалка ја видовме пред да си легнеме со сопругот и е со големина од ЕДНА ПЕДА огромно створење.... :( лазеше по работ од креветчето додека син ми спиеше... Многу се брзи и многу се тешки за утепување, се крие во најмали дупчиња, вечерта ја бркавме за да ја утепаме некаде околу 2-3 часа и на крај во 2 часот по полноќ моравме лајсните од ѕидовите да ги извадиме бидејки приметивме дека накај нив отиде.... сопругот ја пресече на пола и она суште беше жива, и не знам колку уште не пати ја удри со дрвен предмет... и некако се ослободивме од неа таа вечер... Уште наредниот ден се јавив во ДДР служба и ми рекоа дека треба да се испрска цела куќа, но не ми гарантираат дека ке исчезнат, и ми рекоа дека доколку те гризнеле тие стоногалки се правеле пликови во големина на јајце (нешто како изгореница) што подоцна требало да се лечи со незнам ти какви не чуда... денеска на пладне повторно се срекавам со иста таква стоногалка но сега на двоседот кај што син ми преку ден преспива... но овој пат бев немокна да ја утепам... и вечерва се решив да спиеме со сопругот кај свекрвами додека не најдеме решение....
    Најинтересното е тоа што сме на втори спрат во нова изградена куќа, каде што се е ново и се е дезинфицирано и е направено на неа и околу неа и што треба и што нетреба, не сме во некои полиња или ниви, околу нас си има населено куќи и слично, комплетно е урбанизирано...
    А додека на први спрат немаат таков проблем... Барем не се пожалиле до сега....

    Ако знеате било што во врска со овие стоногалки ве замолувам да ми кажете...
     

    Прикачени фајлови:

    • IMG_2820-2.jpg
      IMG_2820-2.jpg
      Големина на фајлот:
      697,8 KB
      Прегледи:
      574
  5. Vetruska

    Vetruska Популарен член

    Се зачлени на:
    13 февруари 2013
    Пораки:
    791
    Допаѓања:
    493
    Пол:
    Женски
    Да, ептен се гадни и стварно се брзи. Јас откако ги фрлив душеците овие денови не сум приметила, ама може да се кријат. Читав на интернет нешто дека подобро со природни работи се чистат отколку се хемикалии.

    Пример, позади кревети и шкафови да се стави лушпа од краставица (и да се менува секојпат кога ќе се исуши), да се вентилира просторот, да се истури ациди борици таму кајшто мислиш дека се кријат, да се прска со парфем или да се стават парфимирани лифчиња позади шкаф, машина и сл.,бидејќи им пречи силен мирис, а може и да се исчистат со нафталин. Јас од ова ќе пробам со ветреење и нафталин, малку ми е глупо да фрлам храна позади тросед и плакар.

    Прво, ретко каснуваат, второ ретко одат во групи како други штетници (лебарки, мравки и сл.) што значи да не се плашиш толку и најважно најдов на нет дека се чистат со ациди борици (на многу страници го пишува тоа). И препорачуваат не само дома туку и надвор околу прозорците и куќата прскање. Исто, бидејќи влегуваат од надвор треба да се провери дали има некоја мала пукнатина некаде, меѓу прозорец и ѕид или паркет или во купатилото и сл. Исто на неколку сајтови пишуваше дека они се хранат само со други инсекти така што доколку имате било што друго (од пајак до мравка и до лебарка или тие silverfish со кој јас имам проблем) исчистете го тоа и кога нема да имаат храна нема ни да доаѓаат.
     
    На jb82 му/ѝ се допаѓа ова.
  6. SummerGirl

    SummerGirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 март 2010
    Пораки:
    16.930
    Допаѓања:
    35.785
    Пол:
    Женски
    Дома ретко имаме бубашваби. Ги начекувам навечер, во купатило.
     
  7. silk

    silk Популарен член

    Се зачлени на:
    15 ноември 2011
    Пораки:
    892
    Допаѓања:
    778
    Пол:
    Женски
    Девојки помагајте...Веќе три години сме во станов (нов стан), до сега немавме никаков проблем со било какви гадинки,ама ова лето почнаа да се појавуваат лебарки и бубашваби, сеуште се мали но ќе пораснат ако не ги убијам некако :lol: . Лазат секаде, еве сега додека пишував на креветов ми лазеше лебарче. Испрскав пред некој ден со Раид, ама изгледа џабе било. Кажете нешто ефикасно,што ви помогнало и вас, тие топчињата ефикасни ли се? Најтешко ми е што имам бебе и од каде баш сега се изродија,незнам...

    Ева спомнала за некој прашок што се купува од ветеринарна... :?: . Каква ветеринарна, што е тоа? :$

    Топчињава се прават со прашок ацидиборици или со течноста...?
     
  8. la-chicka

    la-chicka Популарен член

    Се зачлени на:
    21 април 2010
    Пораки:
    1.336
    Допаѓања:
    1.571
    Пол:
    Женски
    ^Да, ефикасни се ептен. Се прават со прашакот, не со течноста. Откако ќе ги направиш треба да се сушат 24 саати, па стави по сите ќошиња во секоја соба, под регали, под кревети, ако имаш евентуално пукнатини и таму стави. Инаку, мене многу добар Raid ми е еден во лилаково-розева боца, на него пишува дека се уништуваат сите штетници, муви, бубашбави, пеперуги и слични вакви гадотии :D
     
    На silk му/ѝ се допаѓа ова.
  9. silk

    silk Популарен член

    Се зачлени на:
    15 ноември 2011
    Пораки:
    892
    Допаѓања:
    778
    Пол:
    Женски
    Fala la chica. A za susenjevo... Kaj da gi susam...obično,vo soba na vozduh :lol: ili ima nekoi posebni uslovi? Jas go imam zoltiot Raid ama utre ke kupam I od toj što mi kaza.
    Se nadevam deka ke gi snema gadotiive.

    Od mob.pisuvam, zatoa e latinica
     
  10. la-chicka

    la-chicka Популарен член

    Се зачлени на:
    21 април 2010
    Пораки:
    1.336
    Допаѓања:
    1.571
    Пол:
    Женски
    ^ Па сеедно, можеш и надвор сега топло е, па побрзо ќе се исушат. Само остај ги 24 саати нека се сушат, мора да бидат скроз тврди за да не се ронат :)
     
    На silk му/ѝ се допаѓа ова.
  11. prettyliar

    prettyliar Популарен член

    Се зачлени на:
    14 јуни 2012
    Пораки:
    1.207
    Допаѓања:
    893
    Пол:
    Женски
    Луѓе и јас имам бубашваби дома,војна водам со нив :( Секоја вечер накај 3 ми доаѓаат и баш најинтересно им е под креветот кај што спијам јас.Абе само се селев детска,дневна пак детска и ништо си шеткаат ко на модна писта.А брзи се мамето нивно само што ќе ги видам и немам храброст да им се приближам ама ни тие мене :devil: Сега ќе и кажам на мама на пробаме со тие ациди борици под кревет ќе шприцам со тоа Раид абе се ќе направам само да ги убијам,Прити vs буба шваби :devil: Иначе моивме не се плашат од светло спијам и со упалена ламба пак доаѓаат а па во мијалникот во кујна корзо прават :D Сега сум кај баба и тука немаше раат од нив неколку недели кога вчера една искочи :o Се враќам у сабота а тие сигурно се размножиле па потешко ќе биде,они на мене..е неможе :devil:
     
  12. silk

    silk Популарен член

    Се зачлени на:
    15 ноември 2011
    Пораки:
    892
    Допаѓања:
    778
    Пол:
    Женски
    Прити, јас земав едни како стапици за бубашваби и лебарки и од тогаш немам видено ни една (пу,пу да не се урочам :D ). Прбај и ти со нив, околу 120-150 денари се,зависи од фирмата, а има по 6 комада внатре. Исто нафлитав и со Раид и Питрид по сите ќошиња, под кревети, по вентилации и мислам дека ќе ги сотрам.
    Ајде пред да им правиш бомбици :lol: стави им ги овие отрови,па дај боже да се спасиш и ти. :*
     
    На prettyliar му/ѝ се допаѓа ова.
  13. mrs.Styles

    mrs.Styles Истакнат член

    Се зачлени на:
    31 јули 2012
    Пораки:
    35
    Допаѓања:
    7
    Кажете ми дека нема вакви во зима? :tmi:
     
  14. mili4ka123

    mili4ka123 Популарен член

    Се зачлени на:
    12 февруари 2012
    Пораки:
    1.101
    Допаѓања:
    2.333
    Пол:
    Женски
    Против лебарки и бубашваби, се прави смеса од Ациди Борици и жолчката од варено јајце. Сето тоа се меша и се прават топчиња од смесата, и ќе ги распоредите така по ќошевите на просторијата. Ефективно било многу.. Па ако со нешто друго не ви успеало,пробајте со ова. :)
     
  15. Vetruska

    Vetruska Популарен член

    Се зачлени на:
    13 февруари 2013
    Пораки:
    791
    Допаѓања:
    493
    Пол:
    Женски
    Најдов човек да ни испрска по дома. Вика дека гарантира дека ќе се исчистат. 500 денари кошта. Баш ќе ти пишам дали било ефикасно, во сабота треба да дојде. Вели и дека не е штетно за нас, може да седиме дома, ама јас сепак ќе одам да спијам кај моите една вечер.
     
  16. SummerGirl

    SummerGirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 март 2010
    Пораки:
    16.930
    Допаѓања:
    35.785
    Пол:
    Женски
    За среќа, немаме кујнски штетници.
     
  17. elenapetreska

    elenapetreska Нов член

    Се зачлени на:
    23 мај 2014
    Пораки:
    1
    Допаѓања:
    0
    Ми треба помош, ако може да ми кажете како се прават тие топчиња за да се решиме од стоногалкиве:) ги имаме и внатре и надво низ двор :sweat:
     
  18. nice-girl

    nice-girl Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 февруари 2010
    Пораки:
    543
    Допаѓања:
    208
    Дали со ациди борици се уништуваат болви оти наоѓам тук тек по некоја и кој спреј е најефикасен ?
     
  19. сузана123321

    сузана123321 Нов член

    Се зачлени на:
    2 април 2015
    Пораки:
    1
    Допаѓања:
    0
    Пол:
    Женски
    ми треба ваш совет! Имам болви во домот, прскав со етиол што е за вошки за дрвца многу е јако ми рекоа дека е ефикасно испрскав еве веќе 3ти пат, умираат ама остануваат уште сега земав едно друго незнам како се вика нема име го купив од втинарна мириса на бензин дали некој го користел или има било какви информации за овој отров ? или понудете некој стварно ефикасен отров затоа што сакам да земам мачка да ја чиваам дома што побрзо сакам да ги отстранам пред да ја земам...
     
  20. Kitten

    Kitten Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 ноември 2009
    Пораки:
    9.375
    Допаѓања:
    42.195
    Пол:
    Женски
    Како е можно болви? Тие живеат само таму каде што имаат храна, а тоа е во крзното на животните. Да не имате животни во близина? Има во ветеринарните аптеки разни спрејови (ако навистина се болви), но реално стварно незнам каде би напрскала со него. Тоа не се класични домашни штетници па да им го знаеш местото на движење.