Зависи од квадратура на стан. Што поголем, поголема цена. Од прилика од 500 ден. па нагоре. Што не е скапо воопшто, а еве ништо немам по дома.
Лани повеќе имавме. Годинава послабо. Ама сакам за секој случај да се заштитам. А и децава се плашат.
Има ли некои лепенки или било што да се стави во некој ќош против бубачки, а да не е штетно, имам мало дете, не можам значи пукнав, чистам постојано, пребришувам, дури и во купатило имам, од каде излегуваат овие гадинки и тоа се различни
Дали ги има некој пробано апаратчињата од топ шоп за во штек, леле ке си пукнам, се разбудив за до во купатило видов 3 бубалачки сега ќе си дремам така од страв, уфф ми се згади
Еве еден рецепт против бубашваби, ги редите под фрижидер, во ќош, на тешко достапно место. 50 грама ациди борици во прав 50 грама палента 1 грст шеќер 1 тврдо варена жолча Се замесува со малку млеко, се прават мали топчиња и се ставаат во капачиња од шише, да не лежат на под. Се работи со ракавици. Нема шанса да имаш бубашваби после ова, испробано. (се ежев додека пишував, бљак).
мајка ми ми подари волнени килими кои ги добила од мајка си. Јас се вселив да живеам со дечко ми и си ги зедов. Бидејќи нема баш место ги ставивме под лежајот во кеси и помеѓу нив лаванда ќесички (кои морам да признаам иако уште мирисаат не се баш нови). Се плашам да не ми се појават молци, поточно ларви. Кажете ми како да ги чувам овие работи кои за мене имаат сентиментална вредност. Купив вакум вреќи. Прочитав дека е добро да ставам чаеви наоколу или на памук да ставам капки од чајно дрво. Дајте совет
Во плакар, ако имаш место. Кај татко ми чувам јамболии. Само кесички со лаванда имам ставено. Јамболиите ми се ставени во црни вреќи.
мхм, во плакар немам место сега за сега, едино алиштата да ги ставам под лежајот (мислам на оние чија сезона поминала). И мене ми се ставени во црни вреќи и имаат лаванда, ама прочитав дека лавандата требало да се обновува на 3 месеци. Значи не ми се безбедни со лаванда во црни вреќи под лежај?
Не би требало да имаш проблем, ама посигурни се во плакар. Е сега...секој со своето искуство. Лаванда со години немам купено, па сум немала проблем. Може звучи смешно....ставам и сапун.
Здраво, ние во станот имаме лебарки. Значи со милион сретства имам пробано да се справам со нив- од креда, прав за раствор од земјоделска аптека, неопитроид, раид повеќе врсти и уште едно сретство слично. Некако се справувавме да нема по многу, ама летово ги има бајаги. И со ништо не се сопираат. Е сега решив да пробам со тие топчињата со ациди борици, ама ги направив со живо јајце, брашно и шеќер и ги сушев 1 ден. Дали мислите дека ќе делуваат иако не е варено јајцето?
отприлика на која површина делува? Дали дс го раскршам и да ги расфрлам или е доволно само да го оставам (просторот ми е 2×2м)
Знае ли некој дали препелици може да донесат болви? Бевме на одмор, кога се вративме седевме во дворот, и кога влеговме дома целите бевме со болви по телото. Вчера дознав дека комшиите почнале да чуваат препелици па се посомневав во нив. Затоа прашувам дали е можно да е од нив, да знам да им кажам да си го решат проблемот. Јас чувам мачки, но досега вакво нешто се нема случено, распространети се на површина од 500 квадрати... Прскавме со Нео Питроид течен надвор, сега барам чаре за мачките да ги заштитам. Најлошото е што ги внесуваме дома, а имам дете од 1 година, неколку пати на лице му најдов. Се што знаете кажете ми, како да се спасиме од овие чуда.
Прво темелно чистиш се. Фрлаш се што е отворено, зошто во храната може да имаат положено јајца ако имаш нешто отворено. Обично се хранат со шеќери, значи лебни трошки, леб, овес, палента, такви работи. После ништо од овие работи да не чуваш отворено во истата ќеса, задолжително префрлање во некој затворен сад. После лепиш од овие и постоечките молци ќе си се залепат на ова.
@Tan4ence На ист начин се решив од нив. Исфрлив се, и залепив од овие на Раид. Колку беа гадни само, почмаа ко црви да излагаат и во кујна зачекав три. Бљак. Сусам,гриз,овес.. се што имаш отворено фрли.