Бубашваби Уф ги мразам овие кога ми се мотаат по куќава, подосадни нема... Хм... а па има и некои луѓе што асоцираат на бубашваби не мислите?
Бубашваби Да, мене шефот (и некои други овде) не ме асоцира физички на бубашваба, туку она што би сакала да му го направам, така крвнички да го смачкам со папуча. Ма лажам, немам храброст ни бубашвабата ни шефот да ги смачкам. Сакам, ама не можам Инаку, многу ми е страв од бубашваби. Моите се животинчиња од многу редок вид, пошто ептен ретко се појавуваат. И умни се, само по земја си шетаат, уште не ги откриле креветите и столиците. А мојата реакција ако ги видам е вриштење скоро на цел глас. Редовно ги потресувам моите дома
Бубашваби Одвратни штетнички кои ги мразам ... Една случка со бубашваба ќе споделам Една вечер додека мочкав забележав една бубшваба во ВЦ, долу кај тоа отворот за да истекува водата(знаете кој нели?). И го викнав Петко да ја убие, тој кога ја виде, метак да го нема, а толкав маж, метар и 90, од 100 кила бега од една бубашваба што му е колку ноктот . Седна во дневна, ги затвори сите врати и седи мирен ко Баба Рога да е во ВЦ, мене ми падна смешно, и почнав да го зезам, и ми кажа дека му биле многу гадни и мизерни, дека неможе да ги гледа... И седиме едно 15 минути и му се приоди во ВЦ и ми вели да одам да проверам кај е, за да оди... Јас срце лавовско кога и влегов, ја начекав на добра местоположба за да скокнам врз неа со моите 62 килца. Ја утнав и ми избега, после ја начекав и ја дотолчив, а Петко стои на врата ме гледа со еден невин исплшен поглед како Крале Марко и Црна Арапина да се борат, и се дере од таму „Браво мацо, ако и е, уби ја“. Ќе умрев од смеење, но го сфаќам јас се ежам од влекачи, гуштери, змии и слични животнки а он ги сака, т.е. не се плаши како мене, јас да видам змија пред мене има срце да ме стрефи 100%.
Бубашваби Јас немам некој проблем со било какви домашни миленичиња, се додека помислам на моментот каде се оделе пред да стигнат до мојот дом Имаше кај моите едно време, многу одамна беше, ама имаше и бубашваби, и лебарки, и тоа ненормално многу. Моите се обидуваа да ги иструјат со различни отрови, ама вистинските резултати дојдоа кога ставија некој многу концентриран отров, наменет за површина од 2 хектари, можеби беше и овеќе, не се сеќавам добро, а и мала бев. Знам дека требаше да се раствори во 100 литри, а тие го растворија во 10 литри, цела куќа ја покрија со весници, и ги напрскаа весниците. Ја затворивем куќата, и отидовме на одмор, и тоа подолго. Пред да се вратиме среќа баба ми и дедо ми дошле и ја исчистиле куќата, можам да замислам колку испоумрени бубашваби имало. Како и да е, тоа беше некаде 89-та, и од тогаш, до пред 3 години - кога моите се отселија од таму, бубашваба нема стапнато
Бубашваби вакви другарки немам ех како ги споделувате дружбиве просто човек да се покае зошто ги нема во свое другштво. Море какво друштво ех среќна сум што не ми лазат вакви створчиња по дома па и ќе излезе не сум дружењубива ама ако мислете си вие што сакате. Чиста куќа мирен сон Него јас тој проблем со бубашвабите или како што ги викам јас бубашлаби го имам на работа и туку незнаеш од каде понекогаш кога отвараш нешто ќе ти летне но јас не се плашам секогаш кога чепкам во некое ќоше си викам мечка страв мене не страв
Бубашваби Од сите стравови од детството, со овој страв (од бубашваби) се ослободив пред некоја недела. Пред тоа врескав и мораше мајка ми да дојде. Јас се депилирав со машинка, и гледам голема бубашваба, и си велам-не се плашам од тебе, не се плашам од тебе, и не мрдам, мислев од бучавата ќе избега, ама не бе, храбра била. И не се мрдам јас, а таа се доближува. И јас си велам-кој ќе биде похрабра, јас или ти...? И после гледам дека не сака да избега, па удрив по подот со раката, и избега. Stupid bug!
Бубашваби Гадинки се ама кога мораш се навикнуваш . Еднаш лежев во болница за слепо црево и си викам ај нема да има чисто ќе биде ама дојде приквечер и почнаа да шеткаат по под и тоа не една туку повеќе . Ок викам, ќе си седат на под барем нема да се качуваат по кревет и си легнав. Ама по извесен период ме фати претчувство и упалив светло и што да видам и по ѕидот над глава и на таван си шеткаат и тоа едно триесеттина од црните, абе мераци . Не спиев првата ноќ да не ми падне некоја врз глава ама веќе втората не се издржуваше и заспав . Дома неам ама и да имам ќе бидат одма безмилосно терминирани .
Бубашваби Мислам дека нешто поодвратно од овие бубачки нема. На пракса кај што одев беа секојдневие и мислам дека тогаш се изнагледав грозотии за цел живот . Дома за превенција ставаме едни како вреќички со нешто внатре од раид и ништо такво нема шанси да се појави
Бубашваби Ги мразам. Навечер се гости во кујната. Кога и да одам по вода тие се на пикник и уживаат, една дури и се истегнала на креветот. Абе уживанции. Па и сите големи и црни Велат дека кога се размножувале, раѓале дури и по 1.000
Бубашваби Ми се појавија едни грозни во собава, незнам што се, но ќе ви ги опишам, можеби некој знае. Имаат сплескано тело и издолжено на средината се задебелува во широчина, има еден куп нозе и напред како две антени. Само по ѕидот гледам такви, значи нема по паркетот или по креветите, исклучиво на ѕидот и таванот лазат. Не се стоногалки пошто знам како изгледаат тие а и овие не смрдат. Многу брзо се движат Знае некој што се чудава и како да ги тргнам од собава? Прозорот ми е многу низок, веројатно однадвор ми влегуваат во собата
Бубашваби тие ги знам под името брзи,ги има во секоја куќа,излегуваат од секаде каде има дупчиња по куќата.не можеш да ги уништиш освен поединечно ако ги спескаш.не се страшни ама ете ги има исто како пајаците.
Бубашваби Иксрено незнам баш како изгледаат бубашвабите, само знам дека кај мене дома се огромни-бабачко, и многу брзо шетаат. Види тука: http://www.google.com/search?tbm=isch&h ... l0.2.2l4l0
Бубашваби Ова се лебарки колку што знам, зашто и ние дома имаме цела колонија Планирам кога ќе одиме на одмор, низ станот да наредам едни црно бели коцки што се продаваат на пазар, лани така направивме и беше успешно.
Бубашваби Замисли додека спиеш вечер , бубашваби ти шетаат по вратот на главата па имаат романтична вечера на твојата коса ........ па после фудбалска утакмица кај твојот стомак , и формула 1 возат кај твоите нозе убаво да спиеш вечер имајки го на ум ова
Бубашваби Се викаат брзи бубачки, не се штетни само се грдички и кога ја видам ја тепам само ќе пазиш да не ти остане флека на ѕидот . Моја метода со весник завиткан во ролна малку ќе ја тепнам (да не ми направи флека) па кога ќе падне на под ја дотепувам .
Бубашваби Вчера во кујна кај дечко ми видов една долга можда 3 сантими и повеќе . Мислам дека живот ми се згади , не ги можам . Ги немам по дома , не знам што ќе се случи ако се појават. Поголема е веројатноста јас прва да умрам .
Бубашваби Оооооо, спомени ми носи темава. Влатче... Ги мразам, гадни, никакви... Се грозам кога ќе ги видам. Па и брзи, црни, мислиш негро бонбонче - УГХ! Дома им го најдовме лекот, прскаме во ќошињата со Раид, затвораме врати, прозорци, бегаме од таму и по 3-4 часа отвораме. Пред неколку години, имаше наезда буквално, низ цело маало. Од надворешните страни на куќите си лазеа, најкомотно. Плус ја вадевме кујната, па така кога дедо ми тргна една маса, работна маса, како се викаа - каунтер ? Нема врска, значи кога го тргнавме, излегоа преку 50. Ми се згрози животот. Тој период исто, се случуваше да се разбудам ноќе и да ги видам на таванот, на ѕидовите околу мене. Трауми, трауми. Најхорор верзија - да паднат на мене додека спијам и да ме лазат. Гнасииииииии. Затоа летово, штом видов една во претсобје, нели дамата од врата си влегува, веднаш испрскавме. Така Влатче и Дамата негова, ги снема. Најтрагично е што не се обични бубачки, ем се брзи, ем се крцкави, ем се нечисти, ем не знам... гррр А тоа на Офи, знам за кое викаш. Тоа е домашна стоногалка. Некна кај мене една влета во собата и ме мрзеше да ја тепам. Трагедија се случи, таман ќе си легнував, се заклати и ПАДНА од таванот на креветот. Не сакам да помислам што ќе беше ако спиев тогаш.