Бубашваби Обично во станови ги има . Еве едно искуство . Баба ми купила лебче . И одам ја да јадам кај неа . А јас пиштам кога ќе видам бубашваба . Не можам И баба ми мипржи јајца . Седнувам . И го сечам лебот на пола , арно ама тој имал дупки . И го сечам на пола , леле внатре влегла една црна голема ау се ежам и сега и кога ми излезе брзо . Кога почнав да се дерам , мислам една опера испеав . Од тогаш се што јадам во стан , прво го гледам дали има нешто Спојлер Еве баш вака викав http://www.youtube.com/watch?v=zc8eDC_o ... re=related
Бубашваби Неможам да ги поднесам, ми се повраќа кога ќе видам некоја на улица , а не дај боже дома да ми се појави, трауми имам цел ден и ноќ Инаку има лек и за нив Фала богу ги немам дома откако ставивме од едни коцки. На пазар се продаваат, не се поскапи од 300 денари и многу помагаат, купете си ги и ставете на секаде низ станот, во сите ќошиња, позади плакари, под кревети, во купатило и ќе си уживате без гнасотииве
Бубашваби Ми се гади од нив. Нема збор што ќе ги опише колку се одвратни. Кога ќе видам некоја, особено дома, со денови имам трауми. Кај мене за среќа не се појавуваат многу често, ама кога ќе видам некоја таква црна, голема и брза ауу ми се здагува животот. И никако неможам да соберам храброст да ја сплескам, па викам некој друг да ја изврши таа страшна работа место мене.
Бубашваби Ги вадевме лајсните од пархетот, и што да видидиме. Позади лајсните, еден куп јајца од бубашбаби. Пред да кречиме, го разчистувавме шпаизот. Кога почнаа да излагаат. Ја си влегов во детска, а мајка ми ги бркаше во ходник. А таман се расположив, си викам ај да си го видам нинтендото, салфетките, играчките.. А највеќе лексиконите, да видам што глупости сум трескала.. Ама после ми се згади. Си се пикнав у детска и ништо не чепнав. Како само излагаа од ќесињата.. Гррр. Еднаш, кај нас спиеа братучетките, а едната нешто објаснуваше станата, а јас до нејзе, и кога и помина измеѓу нозе една бубашваба. А пред едно месец дена.. Вечер беше, сестра ми беше со дечко и кај нас, и нешто правеа вечера во кујна, и со запалено светло, горе на таван се качила.
Бубашваби Имам фобија од бубашваби, буквално! И самиот збор ми е гаден. О Д В Р А Т Н И суштества (да не зборуваме дека се О Г Р О М Н И) !! Мразам што се паметни и кога пробуваш да ги фатиш одат накај тебе, јас бегам од нив наместо они од мене. Ако видам некаде по дома, нема шанси да спијам дур не ја видам мртва! Сте слушнале за приказни како бебиња умреле од бубашваба што им ги блокирала дишните патишта, или деца што останале глуви како последица од бубашваба што им влегла во каналите на увото и умрела таму. Се наежив од темава. Dominate your fear, како да не.
Бубашваби Има лек , поточно рецепт. Од аптека ќе си купите ациди борици во прав ( може и течен ама ќе ви биде многу течна смесата, едно пакетче е 30 денари), ке сварите едно јајце и еден компир, се фино ќе испасирате. Со раце ќе замесите мали бомбици и ќе ги почастите бубачките Ставете во секое ќоше, во секоја фиока...рецептот е испробан. Не е отровна оваа смеса па нема да се гушите или да ви биде страв за животните и децата.
Бубашваби Иренна мора да се проба твојот рецепт, штом викаш дека е испробан, се надевам помага. Мислам дека срцево ќе престане да ми чука еден ден од овие грди инсекти. Колкави се големи + грди + брзи..дур да ја стигнам да ја згазнам се пикнала негде . Страшни ми се пискам но ги згазнувам за да можам подоцна да заспијам, ако не ја отепам после имам кошмари. Незнам дали и кај вас е така ама јас имам забележано дека ноќе т.е. во темница повеќе излегуваат.
Бубашваби да , точно и јас имам приметено дека излегуваат почесто навечер. кога ке отидев во тоалет гледам шетаат и само што влегов избегаа еднаш се имам толку згрозено , станав од спиње да пијам вода и во кујната гледам една си се прошета , огромна беше и си влезе некаде. ми се згади ми се одпи и вода и се! и потоа затворив врата и пак ми беше страв да спијам случајно да не се пикне под вратата..
Бубашваби многу ми се гадни навечер излеваат на корзо низ станот , а да ги тепамм?? јас сум по брза и од неа кога бега .
Бубашваби Ми се гади од секаков вид на инскети ги тепам со весник (мечка страв, мене не страв) замижувам и мавам од пусти страв, ако сум ја погодила добро, ако не ќе ја дотепам или пак ако е огромна постои друга варијанта татооооо дојди утепај ја бубачкавааа (а па тој со раце да ги фати ќе си ги фати, гајле си нема)
Бубашваби Их, ги имаме во станот во Скопје!!!!!! Мамицата нивна, мислев дека ги нема. Прерано се израдував, значи нема шанса во стара зграда да нема лебојатки. Уф, какви се ужасни. Ама да знаете што им направив денеска. Специјално за нив останав, се журкавме, јас, тие и РАИД! Абре, шприцнавме нешто мислам кога се вселивме, колку да се рече. Не ги видовме дека ги имало. Кога станавме една ноќ до вц, што ќе видиме. Инкогнито влегле падобранците, се журкаат. Безобразни се бе, од под Доместосот испаѓаат. Сигурно им личи како некој споменик. Ама врвот беше кога истрча една ООООООЛКАВА од на цимерката патиката, кога писнав, морав да ја разбудам. И испаѓа дамата од патиката, под неа, малите дами и господа, си одат. МОРЕЕЕЕ удри мавај, со влечалки, апостолки, јас атомски бомби им фрлав - рипав на нив. Ма лочки чистевме после од буби, не цели тела. А денеска, за добро расположение во текот на викендот и пријатна нивна забава, потрошив цел спреј РАИД. Во секое факинг ќоше, дупче, пајажинче, цевка, ма секаде исшприцав. Кога ќе се вратиме во понеделник, се надевам дека ќе бидат превртени на грб и ќе мрдаат само со едната нога. ОНИ мене! Дузи + цимерките вс лебојатките... ту би континјуд.
Бубашваби Неможам да ги поднесам,од секогаш сум ги мразела ама вчера!! Вчера беше врвот! Отварам шкафот да си ги земам хеланките и таман да ги облечам шок! Една ооогромна бубашваба на нив. Госпоѓата така фино се испружила абе чинаш се сонча на златните песоци. Моментално ги фрлив таму некаде во другиот ќош од собата и правец директ кај мама. Жената пандуфлата у рака и оди во напад на бубашвабата Таман да и врзи еден шамар побегна Ваљда уште ми е во собата,ми се смее од некое ќоше Свака и част ме истрауматизира за навек
Бубашваби Штотуку добив порака од цимерката, сите лебојатки превртени, умрени, а најглавната, биг мама лејди, умрела додека бегала од станот. Ја нашла пред врата. Сега засега им водиме, еден нула за нас.
Бубашваби Абе и јас се тепам со нив неколку дена...ама мислам дека ги убив..барем големите мамицата нивна!Одвратни ми се,не дека ќе ми направат нешто,ама не можам ни да ги гледам! Се прскавме и ние,сега до мене нонстоп седи ова средството,а навечер спијам со запалена ламба,пошто а изгасниш и почнуваат да шетаат.Море нека цркнат кај што седат,нека заминат во друга соба кај соседите Ај ќе ги истраам уште два месеци,после дома на убаво
Мравки Значи пробав буквално се,ама буквално се, па купив и едно во штекер што се става, демек произведувало непријатни звучни бранови за мравките, но не и за луѓето, џабе фрлив 2 900 ден.Сите отрови ги пробав, креди, мачкав кечап, демек од него бегале, уште што не им фрлив магија...Ми преостанува само уште една шанса - МРАВОЈАД!!! Ќе си купам мравојад и тоа не еден, туку два, еден на шпоретот, еден на климата ќе го качам.