1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Кујнски молци и други штетници

Дискусија во 'Дом' започната од ciribiribela, 3 декември 2010.

  1. MacaLove

    MacaLove Популарен член

    Се зачлени на:
    5 јануари 2011
    Пораки:
    2.399
    Допаѓања:
    6.337
    Мравки

    Мене ми се појавија летово на биро. Преку ноќ,абре рој рој мравки, не една оди 100 води, туку 1 оди 10000 води.
    5 кила сол,прашок ставав,јок бреее мислам дека се осеќаа како у солена соба само. Гледав, барав да видам од каде доаѓаат, јок не можам да најдам.

    Земав го чистев бирото со некое средство,за дезинфекција ли е,кој знае,и полека полека ги снема...

    И не ми беше жал кога ги убивав,ама ич!!!
     
  2. blond

    blond Популарен член

    Се зачлени на:
    24 септември 2010
    Пораки:
    2.251
    Допаѓања:
    4.719
    Штетници

    Како вие се справувате со „непожелните гости“ во домот и работните простории?
    Споделете искуства, совети и корисни средства кои ви успеале вас.
    спрејови, прашаци, хемикалии, електрични распрскувачи, служби...

    Јас во моментов мака мачам со глувчиња, едно фативме, си мислев тоа е едно единствено, ама утрово видов ново едно малецко, а знам дека ако има еден голем и едно мало-мора да има уште еден (happy family).
    Им ставав отров но немаше фајде, го изедоа отровот, а уште си шетаа низ спратот. Денес купив лепак, (италијански од земјоделска аптека) и им ставив сиренце да се гоштеваат. :lol:
    Се надевам ќе има до вечер барем еден залепено :devil:

    За мравки користам креда, таа кинеската, бела е. Каде што не се гледа и кај што деца немаат припар, шарнувам и еве мравки немам сега за сега. Ниту пак лебарка.

    КОГА И ЗОШТО СЕ ПОЈАВУВААТ?

    Штетниците се појавуваат во домовите најчесто во лето, затоа што повисоката температура на воздухот им овозможува брзо да се размножуваат.

    - Во зима има помалку штетници во домовите. Тие се развиваат на 28 Целзиусови степени, кога излегуваат од јајцата. Црните бубашваби излегуваат од канализациите, а лебарките се пренесуваат преку храната. Нив најчесто ги има во пакетите со храна, во брашнарите, пекарите, во магацините и најчесто се "увезуваат" од Германија преку разни производи - објаснува Владимир Сребров, сопственик на службата "Инсектицид" од Скопје.

    Жолтите мравки најчесто ги има во становите во скопската населба Јане Сандански. Сребров објаснува дека тоа е така затоа што овие мравки виреат во црвената земја, која ја има во тоа подрачје. Против мравките може да се користи хемикалијата што се користи и против лебарките и бубашвабите, но одличен прав против мравки може да се купи и во земјоделска аптека. Тој прав не само што ги убива мравките што се шетаат во вашиот дом, туку и тие што се во дупките, бидејќи мравките сами ќе го разнесат правот насекаде.

    Средствата што се користат против ласиците и глувците најчесто се на база на продолжено дејство, што значи штетникот ќе се отруе и ќе пцовиса надвор од домот.

    Сребров не го открива името на средството што го користи за прскање против овие штетници, само вели оти тоа е француско, еколошко на база на продолжено дејство и не остава дамки. Дејството од едно прскање против домашни штетници трае до шест месеци.

    Оваа служба работи на повик на граѓаните и доаѓа по 30 до 60 минути од повикот. Цената за прскање е 15 денари од квадратен метар.


    ЗАШТИТА ОД КОМАРЦИ И ОД МУВИ

    Освен на зголемената појава на домашни штетници, во лето граѓаните многу се жалат и на "нападите" од муви и комарци. Има неколку начини да се спасите од нив. Може да се купат мрежи и да се закачат на рамките од прозорците и вратите, да се палат специјални свеќи, миризливи стапчиња, спирали или плочки. Според Сребров, најефикасно средство против комарци се плочките што ноќе се приклучуваат во струја. Такви плочки може да се набават во поголемите продавници во земјава.

    - Плочките го спречуваат комарецот да каса. Тој не умира, но се опива и не е способен да касне. Дејството трае 7-8 часа. Слично е дејството и на спиралите, но тие мирисаат малку необично. Спасот од комарците и од мувите може да го обезбедите и ако прозорците ги намачкате со посебно средство, кое не се забележува на прозорецот. Мувата доаѓа на него и се труе веднаш. Такви средства најчесто се користат во месарниците - објаснува Сребров.

    Што и да преземете, не губете надеж дека нема да се спасите од сите домашни штетници.

    извор Дневник
     
  3. MSkorpionka

    MSkorpionka Популарен член

    Се зачлени на:
    4 февруари 2011
    Пораки:
    1.972
    Допаѓања:
    4.099
    Штетници

    Цело лето војна водевме со нив...За мравки го користев овој спреј, и беше ефикасен...
    [​IMG]
    Ни се прошета и нас некое глувче дома (се ежам дури пишувам) али нив ги оставив мм да ги среди...стапици и лепак, па се фатија 2-3...
    А за 'летечките' стававме едни ленти на тераса и крај прозорците па се лепеа на нив...
    Одгодина здравје ќе си викнам обезбедување :D
     
  4. Miss-Independent

    Miss-Independent Популарен член

    Се зачлени на:
    10 мај 2010
    Пораки:
    2.292
    Допаѓања:
    5.649
    Штетници

    Леле кај нас во зграда има многу лебарки.
    Порано пробувавме со секакви бабински отрови да ги истребиме,ама жилави тоа животинките мајку му.. :D

    И така се решивме да викнеме служба да ни испрскаат дома.
    Ја избравме Чистота и полн погодок.Тоа е она фирма со Том и Џери рекламата ако ви текнува.
    Ти прскаат еднаш,и добиваш гаранција 6 месеци.Ако случајно ти се појават ,ги викаш ти прскаат за џабе.
    Мада тоа ретко,ептен да се случи многу да се накотиле.
    Ефикасни се стварно.
    Абе на 6 месеци редовно си прскаш и мака си немаш со никакви гадови.

    И да ве предупредам дека има разлика од фирма до фирма.
    Еднашка кај нас цела зграда као демек се организиравме,и викнале некоја си фирма.Абе што да ви кажам ,не дека не ги снема...него се размножија идиотиве,абе неможеш да постигнеш со око да ги фатиш.Ја незнам што отров користеле тие ејј :D .
    Така да за Чистота тврдам дека се едни од најефикасните. :!:
     
  5. Doozy

    Doozy Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 април 2010
    Пораки:
    4.711
    Допаѓања:
    59.973
    Мравки

    Со што ги умревте бре чудава ?! :fubar:

    Корзо си направиле кај умивалникот. Прво лебојатки, сега мравки. Не знам што да им правиме, никакви идеи. Ако треба и тесто ќе замесам, со отрови со чуда, само да се отарасиме. :x
     
  6. Srekicka

    Srekicka Популарен член

    Се зачлени на:
    14 мај 2010
    Пораки:
    1.863
    Допаѓања:
    2.847
    Мравки

    Мравките ми беа домашни миленичиња може пола година. Излегуваа од позади плочките во кујна си се накотија и оди уништи ги. Што не пробавме, отрови, креди, коцки некои си, ама џабе беше. Ќе се намалат еден период и пак си се намножуваа. Викнавме еден човек да ни испрска два пати и тој не спаси. Од тогаш не се појавиле фала Богу.
     
  7. Shana

    Shana Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 јануари 2011
    Пораки:
    794
    Допаѓања:
    1.505
    Мравки

    Цело лето не се вратија :bug: Комбинација од Раид куќичката и кредата, незнам што помогна повеке.
     
  8. DeepBlue

    DeepBlue Популарен член

    Се зачлени на:
    21 мај 2011
    Пораки:
    758
    Допаѓања:
    1.097
    Мравки

    од овој прашок ставете на местото кај излегуваат и верувајте ни пиле нема да пролета а камо ли некое минијатурно мравче да помине :lol:
    [​IMG]
     
  9. myst

    myst Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 септември 2011
    Пораки:
    59
    Допаѓања:
    36
    Мравки

    Со мравките летово се справив на едноставен и лесен начин за којшто прочитав на Интернет - пченкарно брашно,она за палента, посипав по ќошевите и дупките од каде што излагаа, и од кога ќе се изнајадат со пченкарно брашно умираат. Друго решение што не е пестицид е оцет - да им се напрска пред мравјалниток или таму каде што највеќе се движат, или борова вода да им се испрска. Јас сите три методи ги пробав и ги уништив.
     
  10. belieber

    belieber Популарен член

    Се зачлени на:
    24 септември 2010
    Пораки:
    1.082
    Допаѓања:
    642
    Штетници (бубашваби, мравки, лебарки итн.)

    Леле леле ми дојдоа пак на гости бубашвабиве, само што утепа мајка ми една во вц, годинава подраниле нешто, па вајда и порано ќе си одат :lol:
    Луѓе, шала на страна неможеме да се ослободиме дома од овие одвратни суштества, па уште се стрчала накај мене, она ме бркаше, не ја неа!
    Давајте некој рецепт, некое средство, инаку ја летово нема да спијам :x
     
  11. Snow-Queen

    Snow-Queen Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 ноември 2011
    Пораки:
    15.266
    Допаѓања:
    15.013
    Пол:
    Женски
    Штетници (бубашваби, мравки, лебарки итн.)

    Не си единствена што нема да спие, уффф не ги можам, а спас им нема. Поготово оние црните тврдите што неможеш да ги утепаш :puke: :sweat: :envy:
     
  12. Alondra

    Alondra Популарен член

    Се зачлени на:
    17 март 2011
    Пораки:
    1.085
    Допаѓања:
    2.358
    Штетници (бубашваби, мравки, лебарки итн.)

    Да не знаете кои фирми прават дезинфекција, дезинсекција на стан?
     
  13. belieber

    belieber Популарен член

    Се зачлени на:
    24 септември 2010
    Пораки:
    1.082
    Допаѓања:
    642
    Штетници (бубашваби, мравки, лебарки итн.)

    Тие тие! Еднаш станав на мочање во 3 саат и ја згазив со гола нога :puke:
    Али не ја видов
     
  14. Snow-Queen

    Snow-Queen Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 ноември 2011
    Пораки:
    15.266
    Допаѓања:
    15.013
    Пол:
    Женски
    Штетници (бубашваби, мравки, лебарки итн.)

    ауууу и јас :envy: во папуча ми влегла, уффф и во wc само ги има....ахххх животот ми се смачува од нив

    п.с. летно време светло оставам во купатило, зошто незнам дали си ги приметила кога бегаат под сенка се кријат
     
  15. belieber

    belieber Популарен член

    Се зачлени на:
    24 септември 2010
    Пораки:
    1.082
    Допаѓања:
    642
    Штетници (бубашваби, мравки, лебарки итн.)

    ^Моиве си немаат проблем од светло :lol:
    Мора да барам чаре не се издржуваат више :worried:
     
  16. Snow-Queen

    Snow-Queen Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 ноември 2011
    Пораки:
    15.266
    Допаѓања:
    15.013
    Пол:
    Женски
    Штетници (бубашваби, мравки, лебарки итн.)

    ако го најдеш решението,пиши....жими се душа немам од нив, а на татко ми му се смачува, нон стоп дали јас,сестра ми или мајак ми која и да е од нас душа нема да ја утепа и обавезно го будиме-он без проблем ги фаќа, сиротиот човек не е наспан од нас.
     
    На belieber му/ѝ се допаѓа ова.
  17. Divinebutterfly

    Divinebutterfly Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јули 2011
    Пораки:
    2.968
    Допаѓања:
    9.980
    Пол:
    Женски
    Штетници (бубашваби, мравки, лебарки итн.)

    Еми јас сама и шо да прам,влечката до мене и чекав да ги начекам да ги отепам,пошто иначе неможев да спијам,грозно ми беше,додека не ги истепав не легнував и пиштев сама овде :D Погрозни суштества амин,од кај се создале мамицата нивна! :devil: Летото имав,фала Богу на ладново испоцркале,дај Боже да не се појават пак никогаш. Иначе со запалена сијалица се разбира...А преку ден со средство за такви,го имаше по продавничиња.Ефикасен беше,ама само ако прсниш врз нив и кај дупките од кај шо излегуваат. Па се труев денски,арно лето беше па да отвориш прозорец... Тоа е едно чаре,пробајте,друго нема.
     
  18. Elennaa

    Elennaa Популарен член

    Се зачлени на:
    22 февруари 2011
    Пораки:
    4.161
    Допаѓања:
    14.171
    Пол:
    Женски
    Штетници (бубашваби, мравки, лебарки итн.)

    Ех, тие бубишарби. Грозотии.
    Бљак, бљук, шљук.
    Еднаш, како што си местев кревет. И само гледам, смачкана бубашваба. :puke: А јас - боса.
    Махинално лазам до кујна.
    Јас - Мамоооо, мамоооо, мамоооооо! Дојдииииииииииииииии! Дојди да ми ги миеш нозете, сум згазнала бубашваба. Дојдииииииииииии!
    Мајка ми - Ама неможам, правам ручек.
    Јас - Дадо беее, дојди ти да ми измиеш нозе, дојдиии!
    Сестра ми - Што ти е ма? Твои нозе да фаќам? (ми се смее на цел глас)
    Јас - Кај е татоо?
    Мајка ми - На работа.
    Јас - Мамо беее, остави ручек, дојди само заплакни ми ги нозете, јас ќе ги домијам. Те молаам.
    И тука ми фалеше многу малце за да заплачам. Готова бев.
    Ама тоа беше лазење. Да згазнам со ногата, па да ми влезе некоја бубишарпска ногарка? Нема шанси.
    Едвај ја наговорив мајка ми. :whew:
    Иначе што сакав да кажам..
    Нашата зграда е така постара, и во лето има мноогу бубашваби. Навечер не јадам заради нив. Да не пресретнам некоја во ходник.
    Комедии сум секое лето. Како трчам и пискам, поготово кога ќе ги видам во веце.
    Толку ми чука, еднаш сум земала во ќеса да си завршам работа.
    Па како? Таму да ме гледаат бубашваби? Ма ноу уеј.
    А сестра ми па, секогаш ги тепа со папучи, и после јас како да ја облечам папучата? Подобро боса ќе си одам.
    Обично шпазиот, на нас ни е извор на таквите изроди. Си се гнездат таму. И после јас да ставам таму опрема по физичко? Ар ју кидинг ми?
    Па ги бива за глума мајката, чим те видат, се прават дека се мртви. Маме им бубишарпско. :devil:
     
    На Foreveryoungiwannabe, Umbrella22, Someonespecial и 4 други им се допаѓа ова.
  19. Divinebutterfly

    Divinebutterfly Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јули 2011
    Пораки:
    2.968
    Допаѓања:
    9.980
    Пол:
    Женски
    Штетници (бубашваби, мравки, лебарки итн.)

    :D :D :D

    Вистина...Ами јас одвај чекав да застанат,пошто иначе летаат 100 km/h :D
    Епа во мојава соба има мијалник,пошто како кујна се води и шооо...да фатам да го направам вакум летото,под карантина :D Ама нема спас,ќе дојдат од кај купатилото :puke:
     
    На Elennaa му/ѝ се допаѓа ова.
  20. Snow-Queen

    Snow-Queen Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 ноември 2011
    Пораки:
    15.266
    Допаѓања:
    15.013
    Пол:
    Женски
    Штетници (бубашваби, мравки, лебарки итн.)

    се помочав од смеење :rofl: :rofl: :rofl: луда си жими се, хахахахахахаха
    дефинитивно бубашвабиве си пеат:
    http://www.youtube.com/watch?v=ltdK8fHJhlM
     
    На Divinebutterfly и Elennaa им се допаѓа ова.