1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Кујнски молци и други штетници

Дискусија во 'Дом' започната од ciribiribela, 3 декември 2010.

  1. IvanaMkd

    IvanaMkd Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 јануари 2012
    Пораки:
    4.184
    Допаѓања:
    3.051
    Штетници (бубашваби, мравки, лебарки итн.)

    Татко ми работи во угостителски објект и порано ги имале многу. Па викнале некоја госпоѓа од Скопје која се занимавала со тоа и со некое жолто тесто полепила некои места. За 2 дена непостоела ни една, па ни мртва... па ги зезал шефот кој ќе најде барем една ќе добие слободна недела, ама за жал никој не добил.
    И малце појќе скапо земала...
     
  2. ana-banana

    ana-banana Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јануари 2011
    Пораки:
    1.277
    Допаѓања:
    751
    Пол:
    Женски
    Штетници (бубашваби, мравки, лебарки итн.)

    Кога ја видов темава одма се сетив на најгрдите штетници - бубашвабите. Се стресов и мислам дека сегде ме лазат. Среќа кај нас дома ги нема, но додека студирав, ум си немав, колку се грди а и многу се брзи. Чим изгаснам светло и еве ги :sweat: . Во студентскиот ги имаше во изобилие колку ти душа сака, т.е. не сака :lol: . За нивно убиство беше задолжен дечко ми пошо јас бев побрза од нив и одма скокав на кревет.

    Знаете ли дека јадат компири :fubar: :fubar: море мамето нивно. Една огромна бубшваба еднаш ми имаше влезено во компир и таму си го оставила своето поколение :devil: :devil: , среќа дечко ми забележа пред да почнам да сечам инаку тоа ќе беше трагедија, ќе ме стрефеше инфаркт ако почнев да го сечам компирот а тие внатре цела сурија.
     
  3. koritsaki

    koritsaki Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    1 март 2010
    Пораки:
    18.411
    Допаѓања:
    105.698
    Пол:
    Женски
    Штетници (бубашваби, мравки, лебарки итн.)


    Да , да точно е ова со компирот. Бубашвабите обожаваат компири и затоа јас на балкон ги чувам :D
    Кога викнавме служба за дезинсекција дома дека ни се појавуваа одвреме навреме бубашваби на сите ќошиња позади шкафовите , во фиоките , позади креветот стави нешто како желе кое има мирис и вкус на компир и кога ке го пробаат бубасшвабите одма умираат :D од кога ни ставија вакво желе не сум видела бубашвами само првите денови најдовме 3-4 умрени и толку беше ;)
     
  4. Snow-Queen

    Snow-Queen Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 ноември 2011
    Пораки:
    15.266
    Допаѓања:
    15.013
    Пол:
    Женски
    Штетници (бубашваби, мравки, лебарки итн.)

    Тоа не се гледа тоа се доживува :rofl:
     
  5. green.eyes

    green.eyes Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 јули 2011
    Пораки:
    2.886
    Допаѓања:
    31.523
    Пол:
    Женски
    Штетници (бубашваби, мравки, лебарки итн.)

    Морам да се самоцитирам. Во врска со болдираново...се појави во станов една гадотија минатата недела. :o Ја виде дечко ми, во дневна бе :fubar: , се пикнала одма под гарнитурата. :puke: :sweat: И кога ми кажа, само се укипив, постојав 20-30 секунди, па почнав да рипкам по паркетот и да бегам. Од тогаш ништо не сум видела, дечко ми ништо не ми кажал.....Ќе чекам да видам дали ќе се појави некоја друга, па да преземеме мерки. Некако се надевам дека не видел добро дечко ми....иако немам причина да се сомневам во она што ми го кажа. :|

    Ах уста, т.е. тастатура проклета. Се зареков. Таман си се пофалив немаме, аха, ево ти га на! Санаваганава :@ :devil:
     
  6. koritsaki

    koritsaki Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    1 март 2010
    Пораки:
    18.411
    Допаѓања:
    105.698
    Пол:
    Женски
    Штетници (бубашваби, мравки, лебарки итн.)

    Леле луѓе , вчера бев кај мм на работа , и како што стојам до работната маса гледам над мастиките застанала ШКОРПИЈА ејјј и тоа не беше мала :worried: :x
    Кога писнав ми се згрози и излетав надвор за секунда. Па мм ја фати и тоа со рака и и стави киселина. Ама не умре :x Аууу Бог да чиува , па уште дома да ти се пикне :o
     
  7. Snow-Queen

    Snow-Queen Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 ноември 2011
    Пораки:
    15.266
    Допаѓања:
    15.013
    Пол:
    Женски
    Штетници (бубашваби, мравки, лебарки итн.)

    Епа севтето стигна годинава, пред 3/4 дена видов во влез една превртена од тие големите кафеавите :puke:
    И се си се тешам дека дома нема да се појават. Вчера ноќта околу еден саат да одам до купатило, леле кога ја видаов ауууууу, одма истрчав го будев татко ми, и нормално после 2 саати око не склопив :sweat:
     
  8. Domino

    Domino Популарен член

    Се зачлени на:
    15 ноември 2010
    Пораки:
    971
    Допаѓања:
    1.038
    Штетници (бубашваби, мравки, лебарки итн.)

    Лелее девојќи мене сабајлево ме нападна бубашваба. :x
    Ми беше досадно и решив малку во тоалет да подсоберам исфрланите алишта и не знам како се случи, нешто го извадив џогерот и го потпрев на ѕид и таман да го соберам нешто паѓа врз мене почнав да скокам и гледам на земја паѓа бубашваба. Значи огромна беше околу 7-8 сантиметри. :o
    И веднаш излегов и бидејќи ми е жал да ја утепам земав лист да ја изнесам надвор нека се шета низ парк, на корзо нека оди :lol: и ја немаше.
    Сега шубе ми е да не ми излезе од некаде ама тоа е... :?:
     
  9. Snow-Queen

    Snow-Queen Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 ноември 2011
    Пораки:
    15.266
    Допаѓања:
    15.013
    Пол:
    Женски
    Штетници (бубашваби, мравки, лебарки итн.)

    Денес со мама правевме пречки за бубачките :lol:
    Начекавме од каде излегуваат, доаѓаат од отворот на кадата што е со решетки, мала коцкичка ама за нив огромна триумфална порта :D така да наместо со решетки, најдовме целосно затворена.Па сега му се молиме на господа да не се појавуваат веќе, инаку нема сон за тато цело лето |-)
     
  10. Zaljubena111

    Zaljubena111 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 февруари 2010
    Пораки:
    2.087
    Допаѓања:
    1.647
    Штетници (бубашваби, мравки, лебарки итн.)

    Утре им закажавам борба на моите мравки, абе ситни мали дури не се гледаат. Ја нападнале кујната, односно само делот околу умивалникот.
    Ако знаете добро оружје кажете
     
  11. Snow-Queen

    Snow-Queen Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 ноември 2011
    Пораки:
    15.266
    Допаѓања:
    15.013
    Пол:
    Женски
    Штетници (бубашваби, мравки, лебарки итн.)

    И претходно имам пишано
    Добив ЛП од irenna, беше фина и ми пиша еден спас кој можеби би помогна:
    Ациди борици, ги има во сите аптеки 30/40ден се.Ги има како во течност и како во прав. Најчесто се користи за лекување, за луѓе и животни не е отровно,ама за инсекти Е.
    Топчињата се прават на следниот начин.... се вари еден компир и едно јајце, се пасираат и во смесата се додава ациди борици (подобро е да се стави во прав, ако се стави течност ациди борици нема да може да се оформат топчиња). Од смесата се формираат топчиња како бомбици со големина на лешник, и се ставаат по ќошињата,или на места каде најчесто се појавуваат бубачките.
    irenna исто така ми кажа, дека ова го правела и во подрум ставала вакви топчиња и нон стоп наоѓала мртви


    Епа женси навалете....бубачки бууууу :devil:
    [​IMG]
    не сум го пробала, но дефинитивно ќе го пробам,а што слушам дека функционира, воопшто не се сомневам...и уште еднаш и благодарамна ирена
     
    На irenna и green.eyes им се допаѓа ова.
  12. green.eyes

    green.eyes Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 јули 2011
    Пораки:
    2.886
    Допаѓања:
    31.523
    Пол:
    Женски
    Штетници (бубашваби, мравки, лебарки итн.)

    Ќе се надоврзам на постот на Snow Queen, топчињава функционираат :nod: :up: Кај сестра ми дома имаше многу бубашваби, само за неколку дена од кога ги ставија топчињата, истите веќе значително се намалија, и полека исчезнуваат :)

    Секако би го пробала ова ако морам, а се надевам дека нема :worried: И дефинитивно го препорачувам на сите кои имаат мака со гадниве бубачки :puke:
     
  13. starbucks

    starbucks Популарен член

    Се зачлени на:
    12 април 2011
    Пораки:
    3.064
    Допаѓања:
    6.664
    Штетници (бубашваби, мравки, лебарки итн.)

    Гадовите дојдоа и кај нас. :puke: Пред 1 недела мош и повеќе, на кревето кај шо спијам една лебарка најдов. Таман отидов да земам влечка да ја утепам, ја снема. Вечерта дада ја најде и тато ја утепа. Вчера одам во вц ( надвор на тарасата ни е вц-то) и на излегувањето згазив една :puke: таман ја видов се сокри со брзина на светлината. Ми беше страв да си легнам, се покрив од глава до пети, да не ме полазе некоја. Сега е на тарасата, таму си дреме, а ние оставаме врата отворена и дома улаваат. Мама во кујната видела некоја голема. Утепал ја и таа тато. Ќе им кажам на моите да пробат со овие топчињата со борна к-на, белки ќе ги снема, гадурии едни.
     
  14. Snow-Queen

    Snow-Queen Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 ноември 2011
    Пораки:
    15.266
    Допаѓања:
    15.013
    Пол:
    Женски
    Штетници (бубашваби, мравки, лебарки итн.)

    смешно или не,ама бидејќи приметив дека бегаат од светлина почнав светлото(малата лампа) што ми е до креветот да ја оставам уклучена :angel:
     
  15. Snow-Queen

    Snow-Queen Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 ноември 2011
    Пораки:
    15.266
    Допаѓања:
    15.013
    Пол:
    Женски
    Штетници (бубашваби, мравки, лебарки итн.)

    Е сега одкако им го затворивме патот, од друго место излагаат, одводот во кадата,како успеваат помеѓу дупчињата да се пикнат,божеееееее :doh:
    од вечер ќе ставаме од тоа капачето за одводи што е, па ќе видиме, аххх господе се надевам нема да најдат друг излез
     
  16. Snow-Queen

    Snow-Queen Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 ноември 2011
    Пораки:
    15.266
    Допаѓања:
    15.013
    Пол:
    Женски
    Штетници (бубашваби, мравки, лебарки итн.)

    ^очиглед навистина сум погодила од кај доаѓаат, леле многу сум среќна,веќе 5 дена ги нема yuhuuu
     
  17. Elennaa

    Elennaa Популарен член

    Се зачлени на:
    22 февруари 2011
    Пораки:
    4.161
    Допаѓања:
    14.171
    Пол:
    Женски
    Штетници (бубашваби, мравки, лебарки итн.)

    Ау, денес. :puke:
    Си станав денес во 6 саат, за во школо. Си миев заби, и слушам нешто шушкање. За затнав чешмата, прекина. Ја пуштив, пак почна да тропа. Се упрпав, асално тропање беше, си помислив дека имаме глушец.
    Завршив со миење, и по полека, ѕиркам од сегде, што шушка. Кога што да видам..
    Огромна, бабачковска, гадна, ко трупче беше. :puke:
    Ваква беше. Тие што не поднесуваат, подобро нека не отвараат спојлер, јас мижеечки барав слика. :wasntme:
    [​IMG]
    Па уште брза била, ја гледам само шпарта низ кадата горе доле. :worried: Не за друго, мене ми се згади, затоа што алишатата ми преноќија ко по обичај во веце. Ми се згади живот.
    Ај добро помина и тоа. Ама овој глупав, глупав, глупав, ПМС. :@ Ме стегна стомак. Влегов во веце, онаа ја гледам уште парадира. Море си викам, з.еби ќе трпам, ваљда после школо некој ќе ја утепа.
    И цел ден во школо си трпев стомачни болки. :@
    Кај да протестирам? :fubar:
     
  18. ludoto19

    ludoto19 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 март 2010
    Пораки:
    7.226
    Допаѓања:
    41.464
    Штетници (бубашваби, мравки, лебарки итн.)

    Cега идам у кујна и што да видам, инвазија од мравки, кај што и стојат чинивчињата на кучката, се гостат се веселат ихааа.
    Mене ми е жал да ги тепам, и ги оставив, нека јадат после на бел лист и ќе ги пуштам надвор :lol:
    грев ми се, не можам да ги тепам нив :D
     
  19. smiley22

    smiley22 Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 април 2012
    Пораки:
    670
    Допаѓања:
    350
    Штетници (бубашваби, мравки, лебарки итн.)

    Леле јас веќе и фобија ке имам од гнасниве бубачки.Погнасни суштества нема. :puke: :puke: :puke:
    На гости бев кај братучетка и спиев таму (вчера беше тоа) легнувам,ама го оставам светлото и кога гледам огромна црна бубачка на таванот,скокам на другиот кревет и таа пага на перницата :puke: :puke: леле среќа што не сум спиела,и нокеска до 4 неможев да засмијам...и сега како да гледам некоја бубашваба и мајка ми вика така ти се чини........абе животов ми се згади :puke: :puke:
     
  20. Lacrimosa

    Lacrimosa Популарен член

    Се зачлени на:
    19 јули 2010
    Пораки:
    1.833
    Допаѓања:
    2.932
    Пол:
    Женски
    Штетници (бубашваби, мравки, лебарки итн.)

    Значи ние во Скопје 4 години во станот немаме згаснато струја во кујната и во вецето. Секогаш свети. И кога некој гостин излегува од вецето, нормално си ја згаснал струјата, абе трчам веднаш да ја запалам. :D Купивме од тие штедни сијалици што трошат мнооогу помалку струја.
    А згаснеш, одма идат. :@
    Еднаш ми се случи додека спијам, и не знам одеднаш се разбудив и автоматски како да знаев за што се будам, ја тргнав перницата и што да видам, бубачка под мене!! :@
    Леле кога сум се распиштила, ама затоа ја смачкав. :devil: Па сум им туривала над нив доместос и сум гледала со мерак како умираат полека. :devil: Нареден пат ќе земам ножички и ќе им ги сечам нозете и тоа антените. :rofl: :rofl: :devil:

    Мора да купам нешто, ама џабе пак ќе се појавуваат. :/ Се мислам да ги направам тие топчињата од Ирена што пишала, ама сакам нешто што нема повеќе ич да се појават, да можам комотно да си згаснам струја. :( Не сакам да ги наоѓам превртени, не ми е тоа решение.
     
    На Majra му/ѝ се допаѓа ова.