Штетници (бубашваби, мравки, лебарки итн.) ^ Смрт за овие гадурии е да си викнете човек што прска. Сум пишувала и друг пат дека ние дома имавме голем проблем со мравки, а пролетно време и со бубашваби, ама оние огромнине што и по 10 мавања не можеш да ги убиеш. Откако дојде човект што прска, веќе не видовме, а претходно што се не пробавме, ама џабе.
Штетници (бубашваби, мравки, лебарки итн.) Дојдоја еднаш кај нас прскачи, 800 денари земаа, и неколку дена ги наоѓавме превртени, и толку, после пак истото.
Штетници (бубашваби, мравки, лебарки итн.) ^ Аман бе што буби ќе беа вашите Ако живеете во стан ќе треба и комшиите под вас и над вас исто да прскаат, пошто кај нас во сите станови прскаа. А нормално дека ако се занемарат другите стнови и се прска само во еден, пак ќе си има. А комшиите немаат вакви проблеми? Или не им пречат на нив, па не можете да се сложите
Штетници (бубашваби, мравки, лебарки итн.) Имало во сите згради овие до нас, нешто до канализацијата било, што знам како рекоа. Не бе сите, неколку станови испрскавме, не им се даваа 800 денари. Јас разбирам во ова време некој нема ни 800, ама ќе скратам од нешто и ќе ги дадам само да ги немам гадурииве. Да ти е срам гостин да ти дојде и да ги види, ќе му е гадно да земе да јаде после од тоа што си послужил.
Штетници (бубашваби, мравки, лебарки итн.) Леле кога ќе ми текне што журки правеа нашите бубишвапки......Ако отидеш негде на гости, доаѓаш дома,палиш светло и трчаат насекаде. Згоди и незгоди колку ти душа сака. Еднаш ми се деси да ми влезе една огромна во кондура..... По еднаш ни влезе во ранец за у школо и на мене и на сестра ми...Отварам ташна у школо и таа си шета по една книга.Ми се идеше цела ташна да ја фрлам...ма какви книги,какви бакрачи... Неколку пати и по кревети ни се пикаа... Сестра ми навечер кога идеше во веце,мочаше со нозе у вис, да не ја полазела некоја...Ми викаше боље лав да ми се појави него бубашваба. Ептен си има уплав, сиротка Еднаш па кога купивме една креда што се црта со неа по соби, па кога станавме сабајле,ПОКОЉ.....Како покосени на сите страни... А за формите да не дискутирам-имаше едни ,,обични,, така си ги викавме со сестра ми, едни покафеави, едни поцрни, па поокруги,потенкички, а имаше богами и едни ,,набилдани,, ги викавме, подигнати на тоа нозете како батки Среќа тој стан го продадовме (не ради бубиве ама новите газди има да се покајат што го купиле), па во новиов нема.
Штетници (бубашваби, мравки, лебарки итн.) Кај мене во стан ептен имам проблем со бубашваби и не знам што да правам , пробав со некои прашоци ,ама не ја бива. Пред некој ден дечко ми кога одеше во ВЦ , нешто му крцна под нога и кога ја подигна апостолката , 3 бубашваби имаше смачкано , изгледа на купче биле собрани и одеднаш 3те ги стапна Не ми се веруваше , хаха
Штетници (бубашваби, мравки, лебарки итн.) Не ми се верува... Уште што не направив!!! Немам никаква храна надвор оставено, цела ми е во фрижидер! И пак имам глувчиња. Аман. Ги мразам, ми иде да се самоубијам од нив. Грозни се, грди се, Лејди Гага ми се. Помагајте, кажувајте најсилен отров кој е, ова не се издржува. Ќе се преселам од овде ако ова продолжи. Макар и сама со детето. Крај ми се нервите. Синоќа се фати едно на лепак, сега уште едно видов како ми се шета во кујна. А бре мало дете имам, шета по земја, не дај Боже може некоја бактерија да закачи од овие смрдливци пу пу пу. Секој совет е добродојден
Штетници (бубашваби, мравки, лебарки итн.) ^ Има едни "бомбони" во земјоделска аптека. Има и слично на тоа ама како гранули. Ги привлекува со мирисот и одма ги јадат и за брзо време аривидерчи. Ние тие ги земаме за во подрум и за во летната кујна доле, ама ако толку ти е нужно побарај и види и со тоа
Штетници (бубашваби, мравки, лебарки итн.) Гранулите ги јадеа, партали ги правеа, а пак си шетаа. Ај ќе побарам од бонбоните
Штетници (бубашваби, мравки, лебарки итн.) oд ветреинарна ке си земис прашок еден за бубашваби 300 денари е и се раствара со 2 литра вода сефлита по краевите на собата и па-па на лебарките не е отровно да се диси а ефикасно е
Штетници (бубашваби, мравки, лебарки итн.) Читав, читав по темава... и конечно решив да го применам „рецептот“ со ациди борици, компир и јајце. Нема друго чаре, морам. Ноќеска кога станав да пијам вода, пуштам светло во кујна и што ќе видам - буба шваба парти! Две отепав, одвај, од што се гадев многу... леле колкави беа, не сум видела вакви досега кај нас дома... во wc ги нема, ама во кујна журка си прават изгледа секоја вечер, кај стигнат се шетаат. Топчињата ќе морам да ги стркалам под работните маси, не сакам на видно место да ги оставам, оти на малиов мој омилена моментално му е кујната, непознато и неистражено царство што мора да се освои
Штетници (бубашваби, мравки, лебарки итн.) Ееее долго ги немаше откако им гонајдов излезот.....но најдоа нов.Од тарасите доаѓаат сега морам да најдам мрежасти капаци,инаку со овее со решетки минуваат
Штетници (бубашваби, мравки, лебарки итн.) Блонд, а да си земете мачка? Чувајте ја во двор, кога ќе видиш нешто пушти ја внатре и ариведерчи. Озбилно ти препорачувам да ја разгледаш оваа опција. Ние откако ја имаме мачката, ги јаде сите Џериња, бубачиња, бумбарчиња, шкорпиичиња... Се си јаде, си игра со нив и ќе го изеде на крај. Може мислиш дека не е хигиенски ради малиот, ама секако е похигиенски од глувциве. А лани шокови, дека пред дворот имаме буквално рид со дрва, сите можни животни кај нас влегуваа. Па еднаш кога влезе едно преку влезната врата, и правец кај мене во соба. Кај баба ми се преселив додека не го фатија.
Штетници (бубашваби, мравки, лебарки итн.) Ја вчера гледам на врата мравки и од оние со крила црни ситни незнам како се викаат ги согазив ама ко погледнав горе за малку ке се онесвестев рој го загледав поубаво видов од кај излегуваат и одма по мајка ми свикав ај она фати прво со ракија ги попрска дупките па ги смете оне паднатите доле и зема од онаа жицата за садеви што е ја раскина и ја напика во дупките, одозгора прекри со цементо и со боја на фарбање бела. сеа немам видено , ух се надевам нема ни да видам бррр мислам дека ме лазат
Штетници (бубашваби, мравки, лебарки итн.) Леле и кај мене почнаа Вчера таман си легнав и една толкава на ѕид,почнавме да се бркаме,одвај ја убив,а и толку грозни се шо ми е грозно и да ги убивам Ама мора...Досега немаше...А можи и од прозорецот да влегла,цело време отворено...Одвај чекам да си заминам од овде и да не идам поќе! Неможам рајат да спијам од нив...
Штетници (бубашваби, мравки, лебарки итн.) лелеееее и јас ги имам тие, гадни се, ги мразааааам Ние им ставаме еден прашок што го купи татко ми, одма умираат и не излегуваат, ама тие ќе си најдат друга дупка и од неа пробиваат за 2-3 дена... Оооооф не ги можам, сега ми се кај трпезариската масааааааа...
Штетници (бубашваби, мравки, лебарки итн.) Со што ја сврзувате смесава што ја правите од ациди борици? Вода, млеко? Или без ништо може и така да се оформат топчиња? Ми е страв да не се рони се тоа, да не не е доволно мокро да неможе да се оформи топче? Морам утре да направам, срцево мислам дека престана да ми работи прееска кога видов во кујна огромно бубашвабиште.
Штетници (бубашваби, мравки, лебарки итн.) Е да бев и за ова толку ажурна колку што сум обично, ќе ги имав направено... ама уште не сум ги направила shame on me. И јас се прашував како ЛаЧикита, дали треба уште нешто за да се поврзат убаво? Ај компирот ќе лепи, жолчката ќе лепи, ама белката од варено јајце не лепи. Има ациди борици во земјоделска аптека?