Куќата на Анубис е серија која што се емитува секој работен ден на Nickelodeon во 16 и 20. Оваа серија се работи за група тинејџери, кои ги истражуваат мистериите кои се случуваат во куќата во која живеат. Во оваа серија има љубов, драма, мистерии, хумор... Тој што не ја гледа, навистина му ја препорачувам. А тие што ја гледаат нека кажат што мислат за неа. http://www.youtube.com/watch?v=sbj9GigAf9c
Не ги сакам ваквите серии или филмови. Но другарка ми ја сака Куќата на Анубис многу. Таа гледа многу такви работи.
Ка гледав првата епизода и мислам дека ќе биде интересно...но имам едно прашање до Сител тв,можеше ли бе пократко да трае епизодава...???????
Ај и јас да не останам покуса, да се пожалам зошто беше многу кратко. Инаку серијава има 4 сезони, ама ако даваат вака делчиња од епизодите треба две години да ja емитуваат.
Една другарка ја гледаше серијава и многу ја испофали. И ајде јас денеска се издигав рано рано да ја гледам и пуштам во 11 сител(пошто они нели каснат секогаш...) и епизодава веќе завршила Па штом е и синхронизирана дефинитивно нема да ја гледам. Сител знаат како да се упропасти потенцијално убава серија...
Денеска не можев да ја гледам ама многу кратка била како што гледам така ако ја даваат 4 сезони ќе треба 10 години да оди серијава
Интересна е серијава многу,но оваа синхронизација аман!!!! и плус колку кратко трае ццц... таман се израдував нешто поинакво од турските серии,без синхронизација...но ако сител нешто не упропасти нема никој!!!!
Не ја кратат сител туку таква е серијата една епизода трае 10 мин , ( бог да чува ама серија ) , баш видов на imdb , оти ми беше чудно што е толку кратка , јас почнав да ја гледам на интернет оти нема шанси да ја гледам синхронизирана , ама се изнервирав оти на секои 10 мин мора да мењам нова епизода, и така ја најдов на едно место за симнување каде што се споени 2-3 епизоди и подолго трае
Интересна серија е.. Игра во Сабота и Недела во 10:45 ама трае само 10 мин. може линк од сите епизоди или неколку што ги гледате на нет? А таа девојката што исчезна како се случи тоа? Дали беше виновен тој сопственикот на куќата? И зошто ја обвинуваат новата девојка што дојде во куќата.? Која беше таа старата жена пред куќата која чекаше и која кажа дека се вика Сара а таму ја викаа Емили? И зошто и го даде тоа ланче од што да ја заштитува таа девојка? Малку и не ми е јасна серијава..