1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

,,Куќата на стравот''

Дискусија во '„Другата“ наука' започната од koritsaki, 29 јануари 2012.

  1. koritsaki

    koritsaki Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    1 март 2010
    Пораки:
    17.900
    Допаѓања:
    103.031
    Пол:
    Женски
    Дали сте слушнале за оваа куќа во Црниче?
    Дали некогаш сте влегле внатре?

    На изглед убава , ама од секогаш напуштена. Кажуваа дека е под заштита на државата , но пред некое време слушнав дека не е заштитена , ниту реновирана некогаш , и многу пати била препродавана -никој не се зафатил да ја издаде или да живее внатре. Денес ја гледав емисијата на МТВ1 ``Талкачи`` , и кажуваа за неа дека е изградена во 1921 година и живееле некои Црногорци. Маж и жена со 3 деца , 2 женски и 1 машко. Но се случила трагедија , едното девојче се удавило во бунарот , другото се разболело и умрело , и мајката мислам починала а таткото на крајот се обесил. И од тогаш кој и да влегол внатре кажува дека слуша гласови , плач од дете итн. А и водителиве се преплашија , вратата им се затвори , па сега дали промаја било или вистина има нешто,но важно се преплашија :o И сега ке има продолжение- ке снимаат навечер ,а ке проверуваат и со апарати дали има навистина нешто :| Инаку куќата има 6 ѕида и е изградена според саќето.
    За гласовите имам слушнато ако во домот се случила некоја голема трагедија душите остануваат таму и потребно е свештено лице да помогне за да си `одат` од домот..
    Значи се е можно јас верувам дека ова не се измислици и дека навистина има нешто таму и одвај чекам да ја видам втората епизода. :)

    http://a5.sphotos.ak.fbcdn.net/photos-ak-snc1/v2262/172/7/711014186/n711014186_2140846_8813.jpg[img]
    [img]http://a3.sphotos.ak.fbcdn.net/photos-ak-snc1/v2262/172/7/711014186/n711014186_2140847_9099.jpg
     
  2. WhiteAngel

    WhiteAngel Популарен член

    Се зачлени на:
    31 јануари 2011
    Пораки:
    2.107
    Допаѓања:
    1.640
    Првата епизода заврши??
    Втората кога ќе е??
    Ме заинтересира ова, би го гледала да видам за што се работи.
     
  3. koritsaki

    koritsaki Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    1 март 2010
    Пораки:
    17.900
    Допаѓања:
    103.031
    Пол:
    Женски
    На фејсубк на нивната страна кажуваат дека ке ги има и двете епизоди на јутјуб. Кога ке ги има ке го поставам линкот. ;)
    А инаку репризата од првата епизода беше денес а втората епизода -продолжението ке биде на 4-ти февруари.
     
  4. feferona

    feferona Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 октомври 2011
    Пораки:
    166
    Допаѓања:
    94
    Случајно во емисијата да не учествуваше Тино Кајшаров?
    Мислам дека крајот го фатив, каде овој кажуваше за влијанието на негативната енергија.
     
  5. guguence

    guguence Популарен член

    Се зачлени на:
    14 април 2011
    Пораки:
    291
    Допаѓања:
    320
    Пол:
    Женски
    а што е со третото дете? :^)
     
  6. koritsaki

    koritsaki Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    1 март 2010
    Пораки:
    17.900
    Допаѓања:
    103.031
    Пол:
    Женски
  7. koritsaki

    koritsaki Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    1 март 2010
    Пораки:
    17.900
    Допаѓања:
    103.031
    Пол:
    Женски

    да да :)
     
  8. Sara123

    Sara123 Популарен член

    Се зачлени на:
    30 мај 2011
    Пораки:
    3.279
    Допаѓања:
    2.305
    Пол:
    Женски
    хм..и јас верувам во вакви работи..но во овој случај незнам дали тоа е само една обична куќа или се работи за нешто друго..како и да е ме интересираат овие работи.Со задоволство би прочитала некои информации плус за куќава ! :hai:
     
  9. maca99

    maca99 Популарен член

    Се зачлени на:
    19 септември 2010
    Пораки:
    1.819
    Допаѓања:
    1.691
    Леле кој ме тераше да отварам,имам другарка во Црниче,и ја имам видено куќата, е сега нема одење kaj неа :tmi:


    [​IMG]
     
  10. Pelikuna

    Pelikuna Популарен член

    Се зачлени на:
    15 април 2011
    Пораки:
    1.961
    Допаѓања:
    2.022
    Уште да кажавте во колку часот се емитува :D
     
  11. koritsaki

    koritsaki Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    1 март 2010
    Пораки:
    17.900
    Допаѓања:
    103.031
    Пол:
    Женски
    На барање на гледачите, реприза на првиот дел од документарецот„Талкачи“, ќе биде емитувана повторно на МТВ во сабота, на 28.јануари 2012, во 19 часот, а вториот дел од истиот документарен филм ќе биде емитуван следната сабота, на 4 февруари, 2012 во 19 часот, на истиот канал


    http://www.facebook.com/groups/talkaci/
     
  12. Gunshine

    Gunshine Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 мај 2010
    Пораки:
    818
    Допаѓања:
    666
    Ништо нема бе, само џанаци што се маваат во вена и лудаци со спобудалени хормони. Само затоа што има невообичаена градба, која не се среќава често во Скопјево, не значи дека е опседната. :D
     
    На Beatriche19, Name и annii им се допаѓа ова.
  13. koritsaki

    koritsaki Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    1 март 2010
    Пораки:
    17.900
    Допаѓања:
    103.031
    Пол:
    Женски
    На pajaceto му/ѝ се допаѓа ова.
  14. annii

    annii Популарен член

    Се зачлени на:
    16 април 2010
    Пораки:
    3.328
    Допаѓања:
    5.841
    Оваа куќа најмалку би ја нарекла куќа на стравот. Секој со своите приказни, кој додал малку, кој одземал и испадна дека таму живеат духови, вамприри и сл. Куќава е иначе собиралиште за наркомани и по некој бездомник. Бев пред 3 год. она опремена со ламби, тефтери, апарт за сликање и сл., но бидејќи бев со татко ми и не ми дозволи да се приближам многу до неа. Влегов тогаш во филм дека ќе најдам некој и нешто таму. Бев доста опседната со куќава тој период. Навалена беше (и уште е) и кровот веќе беше почнат да се распаѓа. Имаше и некои даски од горе и им фалеше многу малку за да паднат.
    Штета што е ишкртана.
    Башка и Дани има снимано спот тука.
     
  15. A-j-a

    A-j-a Популарен член

    Се зачлени на:
    12 април 2011
    Пораки:
    1.793
    Допаѓања:
    2.023
    Сега само што го дадоа вториот дел од емисијата на телевизија. Мене ми се интересни овие работи, многу сакам да читам и гледам вакви дешавки. За која песна од Дани е сниман спот во оваа куќа?

    Куќава а и други вакви куќи многу добро би било да се направат и презентираат како морбиден туризам на туристите.
     
  16. feferona

    feferona Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 октомври 2011
    Пораки:
    166
    Допаѓања:
    94
    Тууу бе, заборавив да гледам, а на сајтот уште не е ставен вториот дел. Кога ќе има реприза за заборавени како мене? ^_^

    Него куќава ми се допаѓа, различна од нашиве архитектури, оВај готски стил, да имав пари ќе си ја купев и реновирав, па после ќе викаат: еј живее една вештерка таму и... :)
     
  17. Alanna

    Alanna Популарен член

    Се зачлени на:
    20 ноември 2010
    Пораки:
    1.120
    Допаѓања:
    482
    И јас не гледав, а баш ме интересираше како поминале :)
    Иначе на страната на фејсбук еве што напишале :

     
  18. pafpaf

    pafpaf Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 јуни 2011
    Пораки:
    173
    Допаѓања:
    109
    Кој ѓавол ме тераше да го гледам ова вчера.Цела ноќ око не склопив :tmi: ]:)

    неколку пати станував да го запалам светлото во соба :tmi: :D
     
  19. lepa.milena

    lepa.milena Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 октомври 2011
    Пораки:
    346
    Допаѓања:
    161
    јас пак не го гледав вториот дел... ако некој дознае кога ќе има реприза или ако има линк, нека пише тука... баш сум заинтересирана што се видело во вториот дел... и покрај тоа, можно е и затворањео на вратата да е случајност... сепак ако куќата е стара и се распаѓа и зависно од временските услови, нормално е да се слушне некое лупање, крцкање итн.
     
  20. Alanna

    Alanna Популарен член

    Се зачлени на:
    20 ноември 2010
    Пораки:
    1.120
    Допаѓања:
    482
    Ако може некој што го гледал вториот дел да ни раскаже што се десило? :)