Влегоа во куќата доцна навечер во тотална тишина како што им рече Тино за да не ги вознемират духовите и без светла од камерите,снимаа инфраред камери.Тој влезе во една од собите,на другите им рече да чекаат во ходникот,една од нив само влезе,и со некој сад правеше чудни звуци веројатно да предизвикаат реакција од духовите а Тино беше свртен на кај еден од ѕидовите и зборуваше нешто Едната од женските рече како чуствува како нешто да ја стега околу нозете и како да стои пред отворена врата од фрижидер Потоа Тино кажа дека има женски дух,името и завршуца на ца На крајот пишуваше дека со тие некој апарати со кои мереле покажале присуство на духови во куќата И дека некои делови од опремата им откажале порди тоа присуство на таа енергија од духовите Не разбрав на крај дали Тино успеа да ги растера духовите,важно језиво беше
Мхм, и што се има задесено со синот? Информации? Верувам во духови, не и во тоа дека е куќата прогонета, туку дека е поразлична од останатите па тоа е доволно да се напумпа хорор приказна.
Јас искрено не верувам во вакви работи.Но во последно време ме фаќа страв,т.е почнувам да верувам. А посебно за ова со емисијата ТАЛКАЧИ,кога е гледав прво мислев дека е монтажа кога и се деси нешто на водителката ( не се сеќавам што). А што се однесува до стилот на тоа како е градена куќата,мене ми се допаѓа премногу.Ептен.Тие што е изградиле во тоа време,знаеле што сакаат готик. Затоа е и чудно за нашиве,кај слушанле понекои од нас за готик.
Еве ги линковите од двата дела од емисијата Талкачи за опседнатава куќа Дел 1 Дел 2 Емисијава е снимена веројатно пред речиси една година, а сега пред скоро излезе натпис во Вест во кои исказите на Кајшаров некако не се совпаѓаат. Во емисијата говори за тоа дека куќата е некаков портал или собиралиште на изгубени души, а во изјавата за Вест (ако е веродостојно пренесена) говори за присуство на демони и демонски влијанија. А баш во емисијата објаснува дека изгубените души не се злонамерни, дека треба мирно да се поттикнат да си заминат (нешто во таа смисла), без да се бркаат, додека ако се демони се лоши и треба да се избркаат. Исто така кажа дека изгубените души се "собираат" на такви напуштени места како куќава, додека демоните ги имало на пофрекфентни места. Ако добро сфатив тоа значи дека на вакви места може да има изгубени души од секаде, не само поврзани на било кој начин со куќата или местото. Е сега, интересно е што во емисијата Кајшаров вели дека има присуство на дух на жена кој се поставува како главна меѓу другите, па после наводно го дознава името нејзино и вика дека е некако отприлика Богица или Елица (и име на душа на извесен Илчо Микаров). Потоа поточно дознале дека Јелица Давидовска (од Тетово) пред земјотресот во Скопје ја купила куќата и живеела таму до '85та кога починала од природна смрт. Најверојатно од нејзиното семејство има човек, кој е познато ТВ лице од порано (Дејан Давидовски) и тој има кажано (пишува тука) дека куќата ја купил дедо му (Мисо Давидовски од Гостивар) во '61 година, значи точно е дека пред земјотресот. Претпоставувам дека Јелица му е баба, жена на Мисо. Дејан бил роден таму 66та год., нормално растел и живеел во куќава до 91ва година, а по смртта на дедо му ја продале.
Брррррр страшно....сега во 2ч. ноќе најдов ова да го читам Има нешто,има некоја виша сила и се....ама никој не знае точно да дефинира.
Нема ама баш ништо од наведените глупости како ѓаволи, духови и слично. Тоа ви го гарантирам, иако неможам да ви кажам како. Тоа се само измислици од медиумите бидејќи куќата е стара, готска, уникатна и напуштена, необновена, никој не живее во неа, и нормално, за медиумите да си го направат интересен животот, измислуваат секакви глупости. Само тоа ќе ви го кажам.
http://www.skopje-3d.mk/project/skopje/ ... ovi/9.html За тие што никогаш не сте влегле во куќава сега имате можност да гледате како. Јас гледав на дење преку линков,ама кога го пушти за навечер ептен е стражно по темница. Бррррр...
Кај најде баш сега да ми се појави темава, да ми падне у очи. Го имав пред некое време гледано видеото. И сега ми зафуфка. А ми се моча! Пу, ј`зк. Ај бе, нека се раздени веќе еднаш.
Се сетив на една случка. Тоа беше минатата година. Повеќето деца од одд се договоривме да одиме во „куќата на стравот“ и тоа петочки. Кога стигнавме ништо немаше внатре, се беше празно. Саботата, слушаме ја срушиле. А, кога се вративме дома, како не испокараа родителите... повеќето од родителите.
Немав читано, ни гледано ништо за куќава пред да влезам во неа. Веројатно затоа и не ми беше многу страв. Само знаев дека кружат муабети дека има духови ама не верувам во тоа, т.е. повеќе ми беше страв да не ми искочи некој наркоман со шприц, отколку дух. Пред 3-4 години, со друштвово решивме да се сликаме внатре во куќата. Стварно не знам со кој памет. Освен што се измачивме за да дојдеме до влезот, немаше нешто особено страшно. Исцртано со графити, прашина на сите страни, имаше и некои рамки од прозори оставено, крцкаше подот и имаше огромна дупка во едниот ќош - таман за да падне човек во подрумот. Кровот беше многу creepy. Немав храброст да се качам таму. Не заради друхови и такви приказни, туку дека можеше во секој момент да се распадне... Интересна градба беше, штета што ја срушија. Ама од друга страна, добро е, едно место помалку за дрогирање.
И јас ја гледав таа емисија.. Беше во 2012 колку што се сеќавам Ја гледавме со сестра ми.. најмногу запамтив дека женскиот дух се викаше Сара и знам дека таа вечер не спиев воопшто, едвај чекав да се раздени Додека ја снимаја емисијата овие водителиве слушаа некој гласови.. А емисијата сеуште ја даваат на некои програми, баш пред 2-3 недели ја зачекав ама не се сеќавав на која програма беше.. Има и една друга емисија „Ловци на духови“... Бррр страшно
Го гледав документарниот филм и имам читано за неа. Интересно. Само што, очекував нешто навистина пострашно во документарецот, она кога врата се затвори мислам дека беше фејк.